Се комплетираат имињата на кандидатите за градоначалници


СДСМ на 13 јули ќе ги објави првите 20-тина кандидати за градоначалници, а ВМРО-ДПМНЕ веќе има дефинирано 15-на комплетно нови имиња и до средината на месецов ќе соопшти уште толку. Двете партии за своите кандидати сметаат дека се фаворити. Според генералниот секретар Љупчо Николовски, СДСМ ја креира најдобрата понуда за секоја општина, додека според лидерот […]

Ќе стигнат нови дози „Астра Зенека“ и „Спутник“, над 223 илјади граѓани се целосно вакцинирани


Десет илјади вакцини на „Астра Зенека“ донација од Хрватска ќе стигнат денеска во земјава, а наредната недела се очекуваат и 10 000 од руските „Спутник“. На пунктовите се аплицираат вакцини од „Фајзер“ и кинеските „Синовак“ и „Синофарм“. Досега вакцина примиле речиси 335 илјади граѓани, а 223 илјади се целосно имунизирани односно со две дози. Во […]

Сончево и посвежо 


Времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од […]

Мицкоски повторно го повика Заев на ТВ дуел


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва повторно го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел. -Го повикав Заев да излеземе на дебата, не се охрабри. Еве, повторно го повикувам на дуел, да ја кажеме вистината. Граѓаните заслужуваат да ја слушнат, рече Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител. Според него, исполнувањето на нашата домашна задача е […]

Предлог-законот за учебници е повлечен, ќе има јавна дебата


Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование е повлечен од Владата за да биде ставен на јавна дебата со граѓани и групи заинтересирани да учествуваат со сугестии во конечното креирање на законското решение.   „Предлог-законот ќе биде повторно достапен за јавна дискусија и за вклучување на оние поединци, […]

Се чисти коритото на Вардар од мостот „Обединети нации“ до Железничкиот мост во населбата Хром


Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов информира дека денеска се врши чистење на критото на реката Вардар на потегот од мостот „Обединети нации“ до Железничкиот мост во населбата Хром. – Коритото од двете страни на овој потег се чисти машински од вегетација, наноси од земја и комунален отпад – информираат надлежните.

Фестивалот „Поточиња“ во сабота на „Школка“ во парк


Во рамки на манифестацијата „Скопско лето 2021“ оваа сабота кај „Школка” во Градскиот парк, во 11 часот, ќе се одржи новото 18. издание на Детскиот фестивал „Поточиња 2021“. Влезот е слободен, а фестивалот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, информираат организаторите.  „Најмили наши другарчиња, деца и родители, баби и дедовци, со голема […]

Во стариот дел на Охрид ќе може да се движите само пеш


Од денеска во Охрид во функција се ставени рампите за влез и излез во стариот дел на градот. Моторните возила ќе може непречено да сообраќаат, само доколку поседуваат картичка за движење во овој дел од градот. Оваа мерка е дел од утврдениот режим на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички […]

Богдановиќ: Зачувана уште една јавна површина, наплатена е банкарска гаранција за изградба на катна гаража


Општина Центар успеа да наплати банкарска гаранција за изградба на катна гаража, на самиот булевар „Св. Климент Охридски“, која требаше да никне пред седиштето на компанијата ГАМА.  На крајот на декември, 2012, непосредно пред Новата година, склучен е договор за отуѓување на државно градежно земјиште помеѓу приватен инвеститор од една и Министерството за транспорт и […]

Дејвид Гир: ЕУ ги поддржува активностите насочени кон зачувување на статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО


Европската унија силно ги поддржува активностите што ги спроведува локалната самоуправа во Охрид насочени кон зачувување на статусот што регионот го има како светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО. Тоа го истакна евроамасадорот Дејвид Гир на денешната средба со градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, на која се информираше за напредокот на активностите што […]

Еден починат од Ковид-19, пет новозаразени од 2.531 тестирање, 16 градови без активни случаи


Во последните 24 часа, регистрирани се 5 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.531 тестирање, пријавено е едно починато лице и 86 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје. Починато е едно лице од Виница (76) во болнички услови. Од петте новозаразени, од Скопје се 2, Велес, […]

Секоја земја одлучува дали ќе го прифати новиот рок за истечените пасоши, вели Османи


Прашање е на државите дали ќе го прифатат или не нашиот аргумент и нашето известување за пролонгирање на важноста на пасошите чиј рок е истечен, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, на прес конференција во Охрид, одговарајќи на новинарско прашање. „Имаме различни искуства. Добивам информции од нашите дипломатско конзуларни претставништва дека некои држави сепак […]

Рускоска: Обвинетите за „Организирање на 27 април” знаеле точно што прават, фрлиле се на една карта


Обвинетиот Трајко Велјаноски, не само што со своето однесување како претседавач на Собранието, директно придонел за насилството што се случи на 27 април 2017 година, туку и го оправдува, рече обвинителката Вилма Рускоска во завршните зборови на рочиштето за “Организаторите на 27 април“. Таа прочита порака од Велјановски, пратена до пратеникот Илија Димовски, со содржина […]

Пелени, влажни марамчиња, градежен шут ја затнуваат канализацијата во Скопје


ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите корисници на услугите на претпријатието, односно на канализацискиот систем, во него да не одлагаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување (како влажни марамици, најлони…), предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел заштита на системот, негова нормална функционалност и превенција од затнување и излевање […]

Филипче: Од септември ќе биде ставен во функција планот за лекарска нега на затворениците


Пред неколку години ја преземавме обврската, како Министерство за здравство да се грижиме за здравствената состојба на затворениците преку тоа што лекарите и медицинските сестри тогаш преминаа во здравствените домови. Иако имаше неколку огласи за Здравствениот дом во Скопје, не се пријавија млади лекари да бидат дел од тимовите што ќе пружат ваков вид на […]

Нова пратка на вакцини на „Астра Зенека“ пристигнува утре, а на „Спутник“ наредната недела


Имаме најава дека в петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Хрватска. Во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини од Русија на „Спутник“. Вакцинацијата денеска се спроведува во сите вакцинални пунктови. Во текот на вчерашниот ден и завчера се вакцинирани околу 12.000 лица, а заклучно со вчера […]

Заев од Охрид: Да го зачуваме непроценливото богатство верификувано од УНЕСКО


Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Охрид Костадин Георгиевски денеска извршија увид во активностите на комуналните служби преземени за исполнување на препораките на УНЕСКО и на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, во делот на уредување и управување со крајбрежјето. Премиерот Заев посочи дека Општина Охрид добива […]

Царовска: Реформите во образованието стартуваат од септември


Реформите за основно образование стартуваат од септември за учениците во прво и во четврто одделение, потврди денеска министеркста за образование и наука Мила Царовска. По обраќањето на младинскиот форум „Гласот на младите дома го обединува регионот“ во Отешево, во изјава за медиумите министерката посочи дека програмите за работа се донесени, а подготвени се три сценарија […]

Филипче: Граѓаните да бидат спокојни, вакцините се веќе дистрибуирани


Вакцините се веќе дистрибуирани, околу 50-тина илјади веќе во понеделникот беа дистрибуирани и денеска се спроведува имунизација во сите градови. Вклучени се и центрите за масовна вакцинација, тоа се спортските сали и здравствените домови, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.  -Вчера се покрена едно прашање околу документацијата, дозволите итн. Сакам да објаснам дека граѓаните треба […]

Спасовски во официјална посета на Подгорица


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од денеска до 3 јули 2021 година е во официјална посета на Подгорица, Црна Гора. Во рамки на посетата, како што соопшти Министерството, Спасовски во текот на денешниот ден ќе оствари билатералната средба со министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Сергеј Секуловиќ, а на 2 јули ќе учествува […]