Вчера аплицирани 14.525 вакцини, вкупно вакцинирани 334.386 граѓани


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 334.386 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.409 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.525 граѓани. На веб-платформата vakcinacija.mk, за вакцинирање пријавени се 472.159 граѓани, информираат од Министерството за здравство. Во државата вкупно се аплицирани 557.400 дози вакцини, а ревакцинирани се 223.014 граѓани. Со последните […]

Филипче на ФБ: Утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор


На Клиниката за Урологија утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената експлантација на органите која заврши во доцните ноќните часови, информира министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил. -Благодарение на хуманоста на семејството на донорот двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот. Неизмерна благодарност до ова храбро […]

Нова терапија за лицата со спинална мускулна атрофија


Здружението на лица со Спинална Мускулна Атрофија денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе биде соопштено за набавка на нова терапија и обезбедување на комплетна здравствената нега на возрасните пациенти. На прес-конференцијата ќе присуствуваат и минстерот за здравство Венко Филипче, директорот на Клиниката за неврологија д-р Иван Барбов, како и претставник на Комисијата за ретки […]

МОН:Реформата стартува од 1 септември со нови наставни материјали и дигитални учебници


Реформата во основното образование почнува со новата учебна година во прво и четврто одделение, за што се прават сите потребни подготовки, најавуваат од Министерството за образование и наука (МОН). Наставата за прво одделенците и за четврто одделенците, прецизираат, од 1 септември ќе тече по новата Концепција, со новите материјали за учење за што сме сигурни […]

Стабилна состојбата со Ковид-19, тече вакцинацијата во сите пунктови во земјата


Состојбата со Ковид-19 во земјата се стабилизира по намалување на бројот на заразени лица, така што вчера се регистрирани само два нови случаи од направени 2.216 тестирања. Не се регистрирани ниту оздравени пациенти и починати лица. Од денеска исто така ќе можат да се организираат и свадби во затворен протор, согласно усвоените протоколи. Вакцинацијата продолжува […]

Температурите ќе достигнат до 41 степен, активно жолто ниво на опасност


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 32 до 41 степен. На целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури. Уве индексот ќе […]

Изложба „Ноќ во музејот“ – виртуелна обиколка низ 245 години американска историја преку уметноста


Виртуелна изложба насловена „Ноќ во музејот“ со презентација на дела од богатата колекција на Музејот на американската уметност „Смитсонијан“, се одржа синоќа во Американската амбасада во Скопје во пресрет на 4 Jули – Денот на независноста на САД, со која се одбележуваат „245 години од патувањето на Америка“. Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз во присуство […]

Верификуван мандатот на новата пратеничка Даниела Николова


Собранието попладнево го верификува мандатот на новата пратеничка Даниела Николова од Коалицијата „Можеме“, која во законодавниот дом доаѓа на местото на Мирослав Богдановски. Претходно, Собранието ја констатира оставката на Богдановски, која тој не ја образложи на седница. Пратеникот Панчо Минов како претставник на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања информира дека го усвоиле Извештајот на […]

Нуредини: Шар Планина стана национален парк


Со посебна гордост објавувам дека пратениците во Собранието на Република Северна Македонија со мнозинство од 66 гласови дадоа зелено светло за Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк и донесоа историска одлука. Со изгласувањето на овој Закон нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година […]

Во пет општини ќе се спроведе пилот- проект на ГЕФ/УНЕП за управување со земјиште и реставрација на планински предели


Проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и реставрација на најранливите планински предели“, финансиран од Глобалниот еколошки фонд со 3,7 милиони долари, во следните четири години ќе биде спроведен од УНЕП и Министерството за животна средина и просторно планирање. Пилот-проектот ќе се спроведува во пет општини и тоа Арачиново, […]

Два нови случаи на Ковид-19, нема починати пациенти


Два нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 2.216 тестирања. Оздравени пациенти и починати лица не се регистрирани, соопшти Министерството за здравство. Направени се 2.216 тестови преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-34, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–18, ЦЈЗ Куманово–30, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, […]

Целосно реконструиран Центарот за вработување во Куманово


Директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири денеска го посети Центарот за вработување во Куманово, кој е комплетно реконструиран. Како што соопшти Агенцијата за вработување, Центарот за вработување во Куманово доби нова фасада на зградата, променета е покривната конструкција и прозорците со што се зголеми енергетската ефикасност на целиот објект. Набавен беше и котел на […]

Почнува летната градежна офанзива во Скопје, ќе се поправаат повеќе булевари


На денешната 72 седница на Советот на Град Скопје советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и културните установи на Градот. Меѓу советничките прашања поставени до градоначалникот Шилегов беше и прашањето за воведувањето на БРТ во Скопје. Во однос на прашањето градоначалникот Шилегов одговори  дека воведувањето на нов концепт на јавен […]

Протест во Кисела Вода – „Стоп за бетонизација на Расадник“


Жителите на скопската општина Кисела Вода денеска во 18 часот излегуваат на протест. Со протестот, кој ќе се одржи кај „Гет кафе“, жителите од оваа населба сакаат да порачаат дека треба да престане бетонизацијата на општината особено на Расадник, кој е единствената останата поголема зелена површина. Месеци наназад жителите на Расадник упатуваат апели дека изградбата […]

Започна вакцинацијата со „Синовак“


Во вакциналните пунктови низ државата од денеска почна да се аплицира вакцината на кинескиот производител „Синовак“, откако ги помина сите потребни законски процедури. Вакцинацијата со „Синовак“ се одвива скоро во цела држава, освен во Скопје и Битола, каде имунизацијата со оваа вакцина ќе започне од утре, соопшти Министерството за здравство.   – Станува збор за […]

МВР набави 50 нови ласерски радари


Нови 50 ласерски радари наменети за потребите на сообраќајната полиција опремени со уред за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните.   – Со оваа набавка нашето Министерство е единствено во регионот кое располага комплетно со уреди од последната генерација, од кои невозможно е да се избрише снимениот материјал, при што бројот на уреди за брзина […]

Зибери: Пристапот до правдата во време на пандемијата беше ограничен


Ковид 19 ги наруши речиси сите текови во општествениот живот, а посебно негативно влијаеше врз слободите и правата на граѓаните, изјави народниот правобранител Насер Зибери, на денешната презентација на Извештајот за темелните права на Агенцијата за темелни права на Европската унија за 2021 година. Според него, на удар пред се најдоа ранливите категории, како што […]

МОН: Секое училиште треба да понуди 12 изборни предмети годишно


Со новата Концепција секое училиште треба да понуди 12 изборни предмети годишно, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во Тема на денот на Сител телевизија. – Со новата Концепција има повеќе изборни предмети. Ништо не укинуваме. Сега велиме во четири поглавја може да се обезбедат до три изборни предмети. Што значи дека секое […]

Барем со една доза вакцинирани 52 отсто од луѓето над 70 години во Македонија


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 469.212 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 321.815 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.220 граѓани, а вчера вкупно […]

Епидемиолошката состојба со Ковид-19 стабилна, од утре свадби и во затворен простор


Во услови на стабилна епидемиолошка состојба и со 221 активен случај на Ковид-19, Владата вчера донесе одлука да се дозволи организирање на свадби и во затворен простор со максимум 250 лица. – На предлог на Министерството за економија Владата донесе одлука од 1 јули 2021 година свадби да се организираат и во затворен простор со […]