Имунизацијата се одвива непречено, можни нови мерки за заштита од делта сојот


Имунизацијата во државата против Ковид-19 се одвива непречено, тврдат надлежните и најавуваат дека до следниот петок ќе бидат вакцинирани половина милион граѓани. Од денеска активна е и веб-страницата за ревакцинација на граѓаните кои се вакцинирале во странство, а задутре ќе се разговара за евентуалните нови мерки за заштита на границата, против ширењето на делта сојот […]

Променливо облачно и посвежо 


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен локален дожд и ретки грмежи претпладне и околу пладне. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 33 степени. Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. […]

Данска донира два милиони вакцини „Астра Зенека“ на Западен Балкан, за Македонија 250.000


Данската Влада намени милион дози вакцини, по 250.000 дози како донација за Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, и Косово, како и уште милион дози вакцина  „Астра Зенека“ за меѓународниот механизам за дистрибуција на вакцините КОВАКС, соопштија од Данската амбасада во Белград. Во моменталната епидемиолошка ситуација, како што наведуваат, данските здравствени власти ја вклучија вакцината […]

Ги забетонираа, па ги ослободија дрвјата на Кеј


Попладнево, граѓани и групи за заштита на зеленилото на социјалните мрежи споделуваа фотографии од забетонирани дрва на кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје, чија реконструкцијатапочна пред четири месеци со проект вреден 88,6 милиони денари. Активистите го повикаа градоначалникот Петре Шилегов да го провери работењето на изведувачот и односот на дрвата. По повикот, градоначалникот Шилегов […]

Кацарска: Верувам во напредокот на работата на судството, нема да дозволам никој да ми каже како да работам


Верувам во судиите на Уставен суд, верувам дека и тие нови тројца судии кои треба да бидат избрани ќе бидат прифесионалци, чесни судии и судии со интегритет. Можам да тврдам дека и тука нема да дозволам никој да ми каже како јас да работам и во никој случај да ми каже некој како да гласам. […]

МЗ: Од утре активна веб-страницата за ревакцинација на граѓаните кои се вакцинирале во странство


 Министерството за здравство информира дека од утре до 10-ти месецов ќе биде во функција веб страницата „https://vakcinacija.mk/revaccination“, која е за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава. Од Министерството посочуваат дека преку регистрацијата на граѓаните, ќе можат да добијат детален увид за колкава бројка станува […]

Нови 11 случаи на коронавирус, почина еден пациент на возраст од 43 години


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.723 тестирање, а регистрирани се 11 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 5, Тетово – 3, Битола , Берово и Пехчево – по 1. Регистрирани се 4 оздравени пациент од: Скопје и Битола – по 2 . Пријавено […]

Реконструирано детско игралиште кај градинката „Лале’“ во Аеродром


  Општина Аеродром започна со реконструкција на детските игралишта на цела нејзина територија. Деновиве се реконструира детско игралиште во близина на градинката „Лале“, на булевар „Јане Сандански“. Старите реквизити се заменети со нови и е поставена нова подлога. „Дечињата заслужуваат најдобри услови за безбедна и безгрижна игра. Општина Аеродром инвестира во подобра иднина за сите!“, […]

Лицата болни од целебрална фиброза апелираат за потребата од лекот Калидеко, министерот Филипче уверува дека ќе го имаат следната недела


Лицата болни од цистична фиброза информираат дека се во лоша здравствена состојба, откако се потроши лекот Калидеко, кој им овозможуваше да можат да функционираат без да ги чувствуваат последиците од ова заболување. Тие велат дека откако го нема лекот губат тежина, не можат да јадат, ниту пак да се движат. – Без лекот сум многу […]

ДЗР го објави конечниот ревизорски извештај на Основен буџет на Македонија за 2020 година


Државниот завод за ревизија на веб страницата го објави конечниот ревизорски извештај на Основен буџет на Република Северна Македонија за 2020 година. – Од извршената анализа на извештаите за пријавени обврски заклучно со декември 2020 година, ревизијата констатира дека од вкупно 1.380 субјекти, во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските (ЕСПЕО) податоци имаат доставено […]

Премиерите од регионот порачаа дека на Западен Балкан дуваат нови ветришта


Разочарување од одлуката на Европската унија во врска со (не)одржувањето на првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија, но и пораки дека регионот на Западен Балкан дуваат нови ветришта во насока на меѓусебно поврзување и формирање заеднички пазар, превладуваа на вториот дел од денешната пленарна сесија „Ресетирање на синергијата на ЕУ-САД кон Западен Балкан“, […]

Половина милион граѓани ќе бидат вакцинирани до следниот петок, можни се мерки за заштита на границата од делта сојот


Комисијата за заразни болести в понеделник ќе разговара за воведување мерки во однос на заштита на границата против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа и ќе процени дали тестовите се вистинската мерка со која ќе може да се заштитиме, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека засега не […]

Аеродром воспостави соработка со општини во регионот


 Претставници на Општина Аеродром во изминатите три дена посетија неколку градови во Западен Балкан и воспоставија контакти и меѓуопштинска соработка со неколку општини во регионот. Остварени се средби во Елези Хан во Косово – за реализација на ЕУ-проектот за меѓугранична соработка; Шенгин во Албанија – за размена на културни вредности, Подгорица во Црна Гора – за […]

Стигнаа 10 илјади вакцини „Астра Зенека“ од Хрватска, најавени уште 20 илјади


Во текот на вчерашниот ден во земјава пристигнаа 10 илјади вакцини на „Астра Зенека“. Тие од почетокот на следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата, а хрватската Влада донесе уште една одлука да донира дополнителни 20 илјади вакцини кои ќе бидат од производителот „Астра Зенека“ или на производителот „Модерна“ што ќе биде практично […]

Дел од Сопиште денеска без вода


Дел од жителите на Општина Сопиште денеска од 10.30 часот имаат прекин во водоснабдувањето. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач на улицата „29“ број 39 во Сопиште. Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до отсранување на дефект

Над 700.000 денари од акцијата на „Спорт лајф“ за помош на центарот за деца со аутизам во Охрид


Хуманитарната акција на „Спорт лајф“  „НАВИВАМЕ ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА“ која траеше од 11-ти до 21-ви јуни, обезбеди вкупно 712.500 денари, средства наменети за поддршка на Центарот за рани интервенции и третман кај децата со нарушувања од аутистичниот спектар, во Охрид. Во деновите додека навиваме за нашата репрезентација на ЕУРО2020, „Спорт лајф“  својата поддршка ја изрази […]

Викендов прв „Јулски коњички турнир“


Во организација на Федерацијата за коњички спорт на РС Македонија и Коњичкиот клуб Бравадос од Скопје утре на терените во Волково, ќе се одржи „Јулскиот коњички турнир“ и 3. коло од отвореното Државно – првенство во прескокнување на пречки за 2021 година. На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки во класи А, Б, […]

Топлотниот бран шок за земјоделските култури


  Натпросечните температури кои ја зафатија земјава предизвикаа шок кај земјоделските култури. Според агрометеоролозите, дехидира зрното кај пченицата која ја немаше постигнато целосната зрелост, а енормно се зголеми и потребата од вода за одржување на вегетацијата кај останатите култури. Од друга страна, ваквите временски услови беа оптимални и овозможија непречена жетва на јачменот која е […]

Грција ги отвори сите копнени гранични премини


Грција – По најавите дека Грција ќе ги отвори сите копнени гранични премини кон соседните земји, официјалната министерска одлука е веќе објавена во Службен весник, па така, од вчера, влезот кај јужниот сосед од Северна Македонија можен е, освен преку Евзони (Богородица) и преку Ники (Меџитлија) и Дојран, јави дописничката на МИА од Атина. За разлика […]

Природниот прираст негативен – лани 6 724 повеќе умрени од родени


Во Република Северна Македонија минатата година се родиле 19 031, а умреле 25 755 лица, со што е евидентиран негативен природниот прираст од 6724 луѓе. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија, минатата година во градските подрачја живородени се 11 258 деца или 59.2 % од вкупниот број на живородените деца, […]