МЗ: Вчера се аплицирани 9.213 вакцини


 На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 417 141 граѓанин. Прва доза вакцина вчера примиле 7 751 граѓанин, а вчера вкупно се вакцинирале 9 213 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 662 372 дози вакцини, а ревакцинирани се 245.231 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Со последните бројки барем една доза вакцина […]

На Табановце за излез од државата се чека 15 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце времето на задржување за излез од државата  е околу 15 минути, на  граничниот премин Богородица без задржувања од македонска страна. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот […]

Апелација пак го одби Камчев – нудел речиси 5 милиони евра и недвижности


Иако понудил 4,4 милиони евра во недвижности и 400 илјади евра во кеш, Орце Камчев обвинет во случајот „Плацевите на Водно“ ќе остане во притвор во Шутка. Пред два дена Апелациониот суд повторно ја одбил жалбата на Камчев иако Вишото обвинителство прифатило замена на затворски со домашен притвор за обвинетиот бизнисмен, пренесува Телма. Советот во Апелација […]

Циркус во битолскиот Совет, советник глумеше комичар


Независниот советник Иван Чулаковски како стенд ап комичар ги забавуваше советниците, а потоа се премина на стандрдните препукувања на чистиот воздух   Анета Блажевска БИТОЛА – „Од октомври камионот за ѓубрето нема да течи, ви се колнам, ќе го затнам“, со ваква реторика што наликуваше на стендап комедија независниот советник Иван Чулакоски се обиде да […]

Нови 13 случаи на Ковид-19, седум во Тетово и шест во Скопје


 Нови 13 случаи на Ковид-19 од направени 3.404 тестирања се регистрирани во земјава изминатото деноноќие. Седум од новите случаи се од Тетово, а шест во Скопје.   Министерството за здравство попладнево информираше дека нема починати пациенти, а оздравен е еден пациент од Прилеп.   Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата […]

Од попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Синоптичарите за денеска попладне и за утре најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа, како што најавуваат, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследено со силни електрични празнења, ветер и град. Препорачуваат да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја во случај на појава на електрични […]

ВМРО-Народна има забелешки за резолуцијата околу идентитетот и јазикот


ВМРО-Народна, која е дел од владината коалиција, има забелешки на резолуцијата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ за одредување на македонскиот став во преговорите со Бугарија.   Според партијата на Љупчо Георгиевски, нивните експерти заклучиле дека во декларацијата сериозен недостаток претставува што нема конкретно временско и просторно определување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик. „Без овие елементи […]

Викенд во Охрид (Галерија)


Охрид ова лето ја живее втората туристичка сезона во услови на пандемија и, како и другите познати центри во светот, се надева дека вирусот конечно ќе биде совладан и работите ќе бидат како некогаш. Но, со короната и без неа, до Охрид и натаму се стигнува тешко – во најголемиот дел по лош магистрален пат […]

На Табановце се чека околу еден час, а на Богородица 20 минути


 Околу еден час за излез од земјава се чека на граничниот премин Табановце, а околу 20 минути на граничниот премин Богородица, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. 

За првпат во земјава спроведена постапка за стимулација на нервот вагус


За првпат во јавното здравство во нашата земја, денеска се направи една интервенција што означува почеток во работа во една сосема нова сфера во неврохирургијата и неврологијата, а тоа е т.н. постапка за стимулација на нервот вагус и се користи за подобрување на квалитетот на животот на пациентите кои имаат епилепсија, изјави министерот за здравство […]

Од понеделник целосно затворање на „Орце Николов“


 Во понеделник, 12 јули, започнуваат градежните активности од третата и од четвртата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, а ќе се реализираат до 12 септември 2021 година. Поради изведбата на градежните активности се воведува нов сообраќаен режим на повеќе улици во Дебар Маало.  Во третата фаза се предвидува целосно затворање на „Орце Николов“ од […]

Филипче: Нема нови мерки, почнува теренска вакцинација и без закажување


  Ситуацијата со Ковид-19 е стабилна и дека нема потреба од воведување на нови мерки, министерот за здравство Венко Филипче денеска. „Политиката на затворање се спроведуваше во периодот кога не беа достапни вакцините. Сега кога ги има и кога се достапни акцент треба да се стави на процесот на вакцинација. Гледаме дека и Англија, иако […]

Филипче: Децата од Гевгелија имаат обична вирусна инфекција, не прележале Ковид-19


Министерот за здравство, Венко Филипче денес изјави дека завршил увидот со сите анализи на децата и бебињата кои беа хоспитализирани во болницата во Гевгелија. -Станува збор за обична вирусна инфекција. Кај сите деца се направени серолошки анализи и ниту едно дете нема антитела на Ковид-19. Очигледно нивниот имунолошки систем сега реагира, затоа што подолго време […]

ЗНМ го повикува Мерко да не ги навредува новинарите


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) повторно ги осудува јавните дисквалификации како и непримерниот однос на градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко кон новинарот од телевизијата Алсат М од Охрид. На прес конференција која се одржа на 8ми јули градоначалникот Мерко наместо да одговори на новинарските прашања поврзани со обвинувања од опозицијата а претходно и […]

Адеми : Врховниот суд одбил шест жалби на разрешени судии од Судскиот совет, во тек е постапка за седма


Врховниот суд на Република Северна Македонија, односно Советот за одлучување по жалби одбил шест жалби поднесени од судиите кој од почетокот на годината беа разрешени од Судскиот совет. Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, во интервју за МИА, вели дека Советот за одлучување по жалби, на чии состаноци таа не учествува, од почетокот на годината […]

Состојбата со Ковид-19 стабилна, нема дополнителни рестриктивни мерки, интересот за вакцинација се зголемува


Ситуацијата поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот е стабилна и нема потреба од дополнителни рестриктивни и мерки за заштита, смета министерот за здравство Венко Филипче. Според него, вакцинацијата треба да биде фокусот, а не да живееме во рестрикции. – Сега нема потреба од нови мерки, затоа што ситуацијата е прилично мирна. Политиката на затворање се […]

Јаневски: Очекувам 20 до 30 отсто повеќе странски туристи од лани


Се ближи шпицот на туристичката сезона. Луѓето веќе ги користат летните одмори. Повеќето заминуваат за Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, но некои патуваат и подалеку, во Турција, Египет, Италија. Според актуелните бројки, КОВИД-кризата полека стивнува, но не престануваат предупредувањата за ширењето на новиот делта сој. Каков ќе биде годинашниот туристички биланс, што ако има нови […]

Претпладне сончево , попладне нестабилно со пороен дожд и засилен ветер


Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Утринската температура ќе се движи од […]

Филипче: Торакални хирурзи на Клиника во Виена ќе се обучуваат да трансплантираат бели дробови


Торакални хирурзи од нашата Клиника ќе испратиме на Клиниката AKХ Виена на Медицинскиот Универзитет, каде ќе се обучуваат да трансплантираат бели дробови, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Посочува дека тоа денеска го договориле со торакалниот хирург, проф.д-р Волтер Клепетко кој лани го предводел тимот хирурзи кои успешно извршија трансплантација на […]