Од денеска вакцинирање против Ковид-19 без закажан термин, во над 100 населени места ќе има и теренска вакцинација


Од денеска граѓаните може да примат вакцина против Ковид-19 без да закажат термин за вакцинација, а во над сто населени места во општините во цела држава почнува теренската вакцинација. Граѓаните кои ќе се вакцинираат без да закажат термин за вакцинација првата доза ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените домови, болници или поликлиники […]

На Богородица за излез од државата се чека до 30, на останатите гранични премини нема подолги задржувања


На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека од 20 до 30 минути. На останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци […]

Сончево и топло со мала облачност, температурата до 36 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи, Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 24 до 36 степени. Во Скопје […]

УХМР: Времето до крајот на денов променливо облачно, на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето до крајот на денов ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни поинтензивни процеси со пообилен дожд за кратко време и појава на град. Постепено стабилизирање на времето ќе има во вечерните и ноќните часови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утре ќе биде сончево и […]

МЗ: Теренската вакцинација почнува утре во над сто населени места во општините во цела држава


Теренската вакцинација почнува утре во населените места во општините: Делчево – Дулица Гостивар – Чегране, Форино, Врапчиште, Тумчевиште Ресен – Долно Дупени, Љубојно, Брајчино Штип – Три Чешми, Криви Дол, Врсаково, Сарчиево, Судиќ Прилеп – Ропотово, Пешталево, Секирци, Рилево, Браилово, Г.Радобол, М.Радобил, Тројаци, Топлица, Ракле, Никодин, Царевиќ Свети Николе – Лозово Кратово – Сакулица(Татомир,Вакав), Шопско […]

Пописот во септември ќе се спроведе според највисоките статистички стандарди, уверува Маричиќ


Пописот во септември ќе се спроведе според највисоките статистички стандарди, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во интервјуто за „Еуроњуз“ дадено за време на неговата посета на Тирана. Маричиќ посочува дека има силна политичка волја и расположение кај граѓаните наесен да се одржи пописот и уверува дека државата има модерен закон и методологија кои гарантираат […]

Четиринаесет нови случаи со Ковид-19 и двајца оздравени, нема починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.876 тестирање, а регистрирани се 14 нови случаи со Ковид-19, од кои осум во Тетово, три во Гостивар, два во Скопје  и еден во Струга. Регистрирани сe двајца оздравени пациенти и тие се од Скопје. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти денеска […]

До крајот на денот нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Од УХМР информираат дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. […]

Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Сарај


Без струја утре во периодот од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Пекљане“, во Општина Ѓорче Петров. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија во периодот од 9 до 11 часот ќе останат и дел од корисниците од село Долно Свиларе, […]

МОН: Привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение


Министерството за образование и наука денеска соопшти дека привршува изработката на новите материјали за учење за прво и четврто одделение, согласно усвоените нови наставни програми предвидени со новата Концепција за основно образование. Најавува дека во текот на летниот период ќе бидат претставени на јавноста и проследени до наставниците со цел навремено запознавање и подготовка за […]

Теренска вакцинација за жителите во битолските рурални средини


Тимови на здравствениот дом „Др Хаим Абраванел“-Битола од утре до 27 јули ќе вршат теренска вакцинација на жителите од битолските рурални средини. Први со вакцинацијата ќе бидат опфатени жителите од селата Кравари, Оптичари, Егри, Жабени, Кременица и Меџитлија, кои ќе треба да се вакцинираат во пунктовите лоцирани во тамошните училишта. На 13 јули тимовите на […]

Летово обнова на седум улици во Општина Центар


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги потпиша барањата за спроведување постапка за јавна набавка која се однесува на реконструкции на 7 општински улици, соопшти денеска општината. Овие реконструкции, наведуваат од локалната самоуправа,  се дел од големата летна градежна офанзива на Општина Центар, која на крајот на летото, односно почетокот на есента, предвидува да бидат […]

На Табановце за влез во државава се чека и до еден час, на Богородица и Блаце за излез до половина час


На граничниот премин Табановце, за влез во државата се чека околу 45  до 60 минути, а на премините Богородица и Блаце, за излез од државата се чека околу 20 – 30 минути. На останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на […]

Вакцинација против Ковид-19 од утре без закажан термин


Процесот на вакцинација против коронавирусот во државава се одвива непречено. Освен во јавните здравствени установи и вакциналните пунктови вакцинацијата против Ковид-19 се реализира и во групните домови и во социјалните установи за долгорочно сместување. Од утре таа ќе се одвива и без закажан термин, а дозволена е и вакцинација на деца од 12 до 16 […]

Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР и додаваат дека околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. – Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. […]

„Ековита” стравува околу најавената фабрика за обработка на отпад, Заев тврди дека е еколошка инвестиција и ќе нема увоз на отпад


 Здружението на граѓани „Ековита” од Неготино  стравува околу најавената фабрика за обработка на отпад, што треба да се гради во близина на оваа општина, а премиерот Зоран Заев тврди дека се слуша гласот на народот, станува збор за еколошка инвестиција, како и дека ќе нема увоз на отпад. Заев кој вечерва се обрати на јавната […]

Невреме проследено со пороен дожд и силен ветер во Кичевско


 Кичево и околината во доцните попладневни часови ги зафати силно невреме проследено со пороен дожд , ветер и силни електрични празнења. За час по улиците се создадоа вистински реки а сообраќајот се одвиваше отежнато поради повисокиот воден талог на улиците, поготово во делови каде што се затнати сливниците или воопшто нема атмосферска канализација. Сопствениците на […]

Невреме со силен ветер и дожд направи штети во Ранковце


 Реонот на Oпштина Ранковце попладнево го зафати невреме од дожд и силен ветер што предизвика штета и прекини во напојувањето со електрична енергија.   Градоначалникот на Општина Ранковце, Ивица Тошевски, информира дека најпогодени од невремето се селата Гиновци, Петралица и делови од Одрено.   – Силниот ветер и пороен дожд што го зафатија реонот на […]

Заев побара поддршка од неготинци за изградба на фабрика за обработка на отпад


Премиерот Зоран  Заев вечерва на јавна дебата во Неготино ја побара поддршката од жителите на оваа општина за реализација на инвестицијата за отворање фабрика за обработка на отпад, што треба да биде лоцирана на пет километри од село Дуброво. Заев истакна дека проектот ќе има големо влијание во намалувањето на емисијата на штетните гасови во […]

Струмичките пожарникари два дена го снабдуваат со техничка вода селото Мемешли


Втор ден по ред струмичките пожарникари со цистерна ги снабдуваат со техничка вода жителите на селото Мемешли откако им пресушили тамошните бунари. -По барање на жителите до Општината веќе два дена им носиме вода до бунарите, кои заради сушата и топлото време пресушија. Водата не е за пиење, туку за лични потреби и за напојување […]