(Видео) Изјава на Теута Арифи по пожарот во ковид-центарот во Тетово


Пожарот избил со голема брзина, информираше градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Според неа, пожарот почнал пред околу еден час, односно околу 21 часот вечерва.

Противпожарната екипа брзо почнала со интервенција, а градоначалничката изрази жалење за пациентите кои се наоѓаат во ковид-центарот кој се запали.

Таа очекува дополнителни информации и од болницата и од полицијата.

Во тетовскиот Ковид-центар има 84 хоспитализирани болни.

Проследете ја изјавата на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, по избувнувањето на пожар во ковид-центарот во Тетово.