Апарат за испитувања на бубрези, тироидна жлезда, венска циркулација и малигни заболувања во болницата во Битола


Нов апарат кој служи за функционални испитувања на бубрезите, тироидната жлезда, венската циркулација и испитувања на малигните заболувања е ставен во функција во Клиничката болница во Битола. Тоа е таканаречена спек камера, која со донација преку проектот на Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена, првпат ја добива болницата во Битола заедно со апарат за […]

Есер Џевахир почесен конзул на Северна Македонија во Турција


Министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на посетата во Турција му ја врачи егзекватурата на Есер Џевахир, новоименуваниот почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Турција, со јурисдикционо подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, и со седиште во Едрене. Како што соопшти МНР, честитајќи му ја новата, престижна и одговорна […]

Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период


Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за деца во основно по 2.100 денари и за деца во средно образование во износ од 3.000 денари, соопшти Министерството за труд социјална политика. Како што појаснуваат од Министерството, исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот […]

Во петок, ќе се прска против ларви од комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на ден 30.07.2021 година (петок) ќе се прска против ларви од комарци, според следниот план: – Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 30.07.2021 година (петок), во раните утрински часови. – Терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот […]

На ГП Табановце се чека 40 минути


Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен

Многу топло време и во следните денови, во понеделник благо опаѓање на температурите


Периодот на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината ќе продолжи. Ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето утре ќе биде сончево и многу топло. Утринските температури ќе се движат од 14 до […]

Три илјади евра казна за пожарот во депонијата во Росоман


Инспектор изврши надзор над депонијата во Росоман, која често се опожарува во летниот периот и од која се ослободуваат штетни емисии во воздухот. Во текот на надзорот имаше траги од горење и видлив чад на повеќе места. Јавното комунално претпријатие и одговорното лице се казнети парично (3.000 евра за правното лице и 900 евра за […]

МТСП: Да се почитуваат препораките за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови


Министерството за труд и социјална политика преку соопштение ги повика работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа и во Црвениот крст да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат. Целата територија на нашата држава, како што се […]

ДЗР: Исплаќани надоместоци без мерливи критериуми и комплетни документи од страна на ДИК


 Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Државната изборна комисија на сметката на основен буџет за 2019 година. Ревизорите изразија неповолно мислење во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиските извештаи, за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Ревизорите извршија ревизија и […]

За бучава казнети кафулињата „Инста кафе“ и „Каса Кубана“


Решенија за преземање на мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучава во животната средина добија локалите „Инста кафе“, како најгласен во реонот и „Каса Кубана“, на кеј. Редовните контроли на терен за мерење бучава од гласна музика од угостителски објекти од страна на овластените инспектори за животна средина од Секторот за инспекциски […]

Македонија во портокалова фаза – Владата донесе мерки, некои нема да одат на работа


Северна Македонија во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури во портокалова фаза, поради што надлежните објавија препораки за за заштита и намалување на ризиците за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините. Согласно добиените информации од УХМР, почнувајќи од […]

Казна од 3.000 евра за пожар на депонијата во Росоман


Минатата недела, инспектор изврши надзор над депонијата во Росоман, која често се опожарува во летниот периот и од која се ослободуваат штетни емисии во воздухот. Во текот на надзорот имаше траги од горење и видлив чад на повеќе места. Јавното комунално претпријатие и одговорното лице се казнети парично (3.000 евра за правното лице и 900 […]

Останува предлогот за 17 октомври како датум за локалните избори, отворените советнички листи неизвесни


Предлог-датум за локалните избори останува 17 октомври согласно Изборниот законик, но засега е неизвесно дали за изборот на советници ќе има отворени листи, бидејќи за ваквиот концепт ќе се дискутира откако Собранието ќе ги донесе измените во Изборниот законик. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека според предлогот од работната група во којашто учествуваат сите политички […]

Половина милион граѓани ќе бидат целосно имунизирани во август, наесен можни рестрикции за невакцинираните


Засега не се планираат рестрикции на границите и во организирањето помасовни настани, но можно е од есен да ги има за невакцинираните граѓани. Се размислува за ограничувања од септември или октомври за оние што не примиле вакцина, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, соопштувајќи дека следат што преземаат другите земји за заштита од Ковид-19, […]

Без вода дел од корисниците во Чаир


Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 милиметри на улица „Кумбара“ бб, во близина на авто школа „Хирда“, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа, како и од улиците „Исмаил Кадаре“ и дел од „Кримска“ во скопската Општина Чаир. Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираа дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9 часот, […]

Сончево и многу топло со северозападен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 9. Во […]

Кејот во Скопје е пуштен, но не е целосно довршен (галерија)


Откако вчера на 26 јули, денот на скопскиот земјотрес, беше отворен реконструираниот Кеј „13 Ноември“ во Скопје, градоначалникот Петре Шилегов на својот Фејсбук профил напиша дека со новиот изглед се ослободило повеќе место за пешаците и велосипедистите. „Новото шеталиште повторно е место каде граѓаните ќе можат да уживаат под сенките на убавите дрвореди, без возила […]

Честитки за Георгиевски за освоениот сребрен медал на ОИ во Токио


Успешниот настап и освоениот сребрен медал на таеквондистот Дејан Георгиевски на Летните олимписки игри во Токио на Фејсбук му го честиташе претседателот Стево Пендаровски. – Сребрениот вреден како злато. Дејан, ти си нашиот олимписки херој. Твојот успех е историски за Северна Македонија, напиша шефот на државата. На својот фејсбук-профил успехот на македонскиот олимпиец му го […]

Судењата нема да почнуваат од почеток ако се обезбеди двотретинско мнозинство за измени


Убеден сум дека во работната група за Законот за кривична постапка ќе може да се вгради предлогот на дел од судиите или судската фела, судскиот процес да не започнува целосно од почеток по заминување на еден од членовите на судечкиот совет, туку во определен рок од неколку месеци да продолжи судењето таму каде што застанало, […]

Отворете ги училиштата што е можно поскоро, повикува ОН


Училиштата затворени поради пандемијата мора да се отворат што е можно поскоро, соопштија Обединетите нации проценувајќи дека е во прашање образованието на повеќе од 600 милиони деца. „Ова не може да продолжи“, им рече на новинарите Џејмс Елдер, портпарол на Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) во Женева. „Повторното отворање на училиштата не може да […]