Пожарот во Кочани под контрола, утре стигнуваат хеликоптери од Србија и од Бугарија


Девет лица и еден пожарникар имале потешкотии со дишењето поради вдишување чад, им била дадена лекарска помош и некои од нив се веќе се пуштени дома, а дел се во болница, од пожарот кој беснее околу Кочани и веќе навлезе во градот. Ситуацијата со пожарот во Кочани е под контрола уверуваат премиерот Зоран Заев и […]

Хеликоптерите на Армијата не можат да летаат ноќе, Бугарија најавила помош со противпожарни единици


Хеликоптерите на Армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови, напиша вечерва претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук-профил. Ова, додава, е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови.  Претседателот Пендаровски на својот Фејсбук исто така објави дека доцна вечерва имал телефонски разговор со претседателот на Бугарија […]

Почина Слободан Трајковски, новинарот кој беше симбол за надворешната политика


Едно од децениските препознатливи лица на Македонската телевија, новинарот Слободан Трајковски, почина денеска. Трајковски го изгради својот голем углед во новинарската професија и во јавноста како надворешно-политички коментатор уште од времето на Телевизија Скопје во поранешната СФРЈ. Многумина и денес се сеќаваат на неговите извештаи од многу светски дестинации, од големи меѓународни собири, како самити […]

(Фото вест) Дванаесет часови тече вода, нема кој да ја сопре


Во населбата Аеродром, пред слаткарницата „Палма“ дванаесет часови тече вода и нема кој да ја сопре, иако дефектот беше пријавен во ЈП Водовод и канализација. Поради несовесни граѓани, кои веројатно го искорнале заштитниот вентил, истече огромно количество вода, а единствен бенефит беше што се навлажни околната трева.  Друга тема е што граѓаните навистина треба да […]

Во Кочани е страшно, пожарот навлезе во градот


Силниот ветер што денеска дуваше попладне го стави во огнен обрач Кочани, а пламените јазици веќе почнуваат да го зафаќаат градот. Очај и паника завладеа меѓу неговите жители, затоа што изгледа нема начин како во моментов да се спречи ширењето на пожарот. Градоначалникот Николчо Илиев за „360 степени“ изјави огнот го гаснат со петте противпожарни […]

На граничниот премин Табановце за излез од државата се чека околу еден час


 Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување […]

( Во живо) Главната прослава на Илинден на Мечкин Камен


Централната манифестација е во Крушево во 18 часот на која се поканети претставниците на државниот врв, но и лидерите на сите парламентарни партии. Годинава претседателот Пендаровски нема да одржи политички говор на Мечкин Камен, туку имаше кусо видео-обраќање по повод Денот на Републиката. Централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август – Денот […]

Филипче: Голем удел во бројот на новозаразени имаат патниците од странство


Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека голем удел во бројот на новозаразени периодов се патниците кои доаѓаат од странство, а дали тие се носители на Делта-варијантата се утврдува дополнително. – Најдобра заштита против коронавирусот и сите досега појавени мутации се вакцините, а ние не можеме вечно да живееме со рестрикции, вели Филипче во изјава […]

Гори ѓубриште на вливот на Бабуна после мостот на левата страна од патот кон село Црквино


Попладнево од 13:50 минути гори ѓубриште на вливот на река Бабуна, после мостот па патот кон село Црквино во близина на Велес. Со четири пожарникари и едно противпожарно возило гаснат од ТППЕ Велес. Како што информираат за МИА оттаму, пожарот пред малку бил ставен под контрола и работат на негово целосно гаснење да не се […]

Нови 54 случаи на Ковид-19, едно лице починато


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.087 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на Ковид-19. Починато е едно лице од Тетово, а регистрирани се 28 оздравени пациенти. Лице од Тетово, починало во болнички услови, а е на возраст од 77 години, соопштуваат од МЗ. Од 54 новозаразени, од Тетово […]

ВМРО-ДПМНЕ и на Илинден го обвини Заев дека бил лицемер


Веднаш по обраќањето на премиерот Зоран Заев во Пелинце, опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини дека тој не можел да говори за обединување бидејќи ги дели граѓаните и неговите постапки биле антимакедонски. „Зоран Заев лицемерно денес говореше за илинденските и асномските идеали, истите оние кои што ги погази. Граѓаните ги паметат неговите зборови со кои ја омаловажуваше […]

Пoложено цвеќе пред повеќе споменици во Скопје по повод Илинден


По повод големиот државен празник Денот на Републиката – 2 Август, Илинден на кој се одбележуваат 77 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ и 118 години од Илинденското востание, делегација на Град Скопје, денеска (2.8.2021 година), положи цвеќиња на повеќе споменици во градот.  Официјалната делегација на Град Скопје, составена од членовите во Советот […]

(Во живо) Одбележување на 2 Август – Денот на Републиката (Илинден) во Пелинце


Проследете го чествувањето на Илинден 2021 во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија АСНОМ. Програмските содржини во Пелинце започнуваат во 09:50 часот со положување на свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар, по што ќе започне првиот дел од пригодната празнична културно-уметничка програма. […]

Околу еден час чекање на ГП Богородица за излез од државата


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по […]

Како ќе се одбележи 2 Август, Илинден – Денот на Републиката


Со повеќе свечености во чест на 2 Август, Илинден и Денот на Републиката денеска ќе се одбележат 118 години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ. Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со Првото заседание на АСНОМ беа поставени столбовите […]

Се зголемува бројот на заболени од Ковид-19, притисок во болниците засега нема


Повторно висок број на новодијагностицирани лица со Ковид-19 е регистриран во текот на вчерашниот ден. Најголем дел од новите 72 случаи се бележат во Скопје – 20, во Куманово -14 и во Тетово – 10. Притисок во болниците и амбулантите засега нема. И покрај тоа што е сега прилично мирно, министерот за здравство Венко Филипче […]

Во Крушево отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“


Со читањето на Манифестот, со подигнување на државното знаме, синоќа на Гумење во Крушево беше отворена манифестацијата „10 дена Крушевска република“.   Пред бројните посетители, крушевскиот градоначалник и претседател на манифестацијата Томе Христоски рече дека со манифестацијата го промовираме нашето историско и културно наследство. -Пред нас е уште еден Илинден, уште 10 дена слобода и живеење […]

Жешкото лето продолжува – денеска температурата до 43 степени, УВ индексот 9


Времето денеска сончево и особено топло. Од пладне ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната од 36 до 43 степени. УВ индексот ќе биде 9, информираат од УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со умерен до засилен ветер од […]

Земјотрес од 3,3 степени по Рихтер го погоди Скопје


Земјотрес со интензитет од 3,3 степени според Рихтеровата скала е почувствуван вечерва во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 28 km северозападно […]