Поразувачка статистика – вчера аплицирани само три илјади вакцини


Наместо здравствените власти да зборуваат за примањето трета доза на вакцините треба да се погрижат за темпото на вакцинација затоа што него во основа и го снема. Според податоците на Министерството за здравство вчера биле аплицирани 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 како прва доза, 1.730 ревакцинирани, а само 44 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 29 септември, вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, ревакцинирани се 726.625, а трета доза примиле 181 граѓани, велат од Министерството.

Според податоците, ревакцинирани се 52 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст, а 32 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле најмалку една доза вакцина.

Според бројот на аплицирани вакцини 35 процентни од населението во државата примиле две дози вакцина.

Доаѓаат студените месеци и здравствените власти мора да направат нешто да ја зголемат стапката на вакцинацијата.