Состојбата на двајцата пациенти заболени од индискиот сој е добра


Состојбата на двајцата пациенти заболени од индискиот сој на вирусот е добра, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека сè уште во светот нема точни и прецизни информации како може да влијае индискиот сој, но се покажало дека 95 отсто од вакцинираните, кои се заразиле од него, имале лесна клиничка слика. – Тие кои имаат имунитет …

Состојбата на двајцата пациенти заболени од индискиот сој е добра Read More »

Од Ковид-19 почина 39-годишен кичевец, пет новозаразени


Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починало едно лице од Кичево на 39 години. Во последните 24 часа, од МЗ исто така информираат дека се потврдени 5 нови случаи на Ковид-19, односно, 3 случаи се регистрирани во Скопје и по 1 случај е регистриран во Куманово и Тетово. Регистрирани …

Од Ковид-19 почина 39-годишен кичевец, пет новозаразени Read More »

Филипче: Учениците можат да се вратат во училиштата од септември


Министерот за здравство Венко Филипче смета дека децата можат да се вратат во училиштата од септември, а за две недели целосно ќе бидат завршени протоколите за новата учебна година. – Протоколите за учебната година се речиси готови. Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата …

Филипче: Учениците можат да се вратат во училиштата од септември Read More »

Следните два дена цела држава во портоколова фаза


 Следните два дена (24-25 јуни) целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза, соопштија од Министерството за здравство по најава од Управата за хидрометеоролошки работи. Во актуелното предуредување од Управата за хидрометеоролошки работи стои дека продолжува периодот на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло …

Следните два дена цела држава во портоколова фаза Read More »

Граѓаните денеска ѝ свиреа крај на корупцијата


За 2,5 часа граѓаните симболично спасија од корупција над 10 милиони денари во рамки на перформансот „СВИРИ КРАЈ!“ организиран од Регионалната антикорупциска иницијатива. Во транспарентна кутија на плоштадот во Скопје, максирано лице симболично уништува лажни банкноти, симболизирајќи ја корупцијата, преку која државата и нејзините граѓани секојдневно губат огромни суми пари, а граѓаните преку притискање на …

Граѓаните денеска ѝ свиреа крај на корупцијата Read More »

Спасовски: Нема застој во издавањето патни документи


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета во Берово информираше дека поради миграција на системот, вечерва во 21 часот ќе следи мал застој во системот за издавање патни документи и лични исправи. На новинарско прашање зошто има проблеми при издавањето лични документи одговори дека лични документи се издаваат и сега, но поради ковид-пандемијата …

Спасовски: Нема застој во издавањето патни документи Read More »

Ќе се уриваат објекти за да се прошири булеварот „Цветан Димов” во Чаир


Во тек на следната година ќе почне изградбата на булевар „Цветан Димов” во Општина Чаир, најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој рече дека денеска започнува тендерот за негово проектирање. Ќе има шест коловозни ленти, централно зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки. – Конечно еден од најгорливите проблеми во нашиот град ќе почнеме …

Ќе се уриваат објекти за да се прошири булеварот „Цветан Димов” во Чаир Read More »

Васил Гарванлиев ќе ја отвори Парадата на гордоста викендов во Скопје


Втората Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 26 јуни. Кочо Андоновски од ЛГБТИ Центарот за поддршка, нагласи дека оваа парада е посветена на сите ЛГБТИ луѓе и поддржувачи, кои ќе дојдат да го изодат овој марш за еднаквост на ЛГБТИ заедницата, но и на сите оние кои нема да можат да дојдат …

Васил Гарванлиев ќе ја отвори Парадата на гордоста викендов во Скопје Read More »

МЖСПП: Концентрацијата на ПМ 10 честичките вчера надмина на речиси сите мерни места – виновен пустинскиот ветар


 Среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките за вчерашниот ден се благо надминати на речиси сите мерни места, освен на мерното место во Гевгелија, информира Министерството за животна средина и просторно планирање. – При анализа на квалитетот на воздухот се зема предвид и временската прогноза која ја добиваме од УХРМ. Според последниот неформален разговор со УХМР во изминативе денови забележено е движење …

МЖСПП: Концентрацијата на ПМ 10 честичките вчера надмина на речиси сите мерни места – виновен пустинскиот ветар Read More »

Домашни фирми дел од дигитална платформа за вмрежување со глобални синџири за набавка


Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) со експертска и финансиска помош ќе им помагаат на домашните мали и средни фирми добавувачи да ја подигнат конкурентноста за соработка со инвеститорите од зоните и да се поврзат со глобалните синџири за набавка. Мали и средни добавувачи од државава заедно со фирми …

Домашни фирми дел од дигитална платформа за вмрежување со глобални синџири за набавка Read More »

Гир: Сите сакаме отворање на преговорите што е можно побрзо, но мора да останеме со чисти глави


Сите сакаме да го видиме отворањето на преговорите што е можно побрзо, но мора да останеме со чисти глави. Основите не се променети, заложбите од Солун се јасни и живи. Регионот на Западен Балкан е дел од Европа, неговото минато, сегашност и иднина се поврзани со ЕУ и логично е дека неговата иднина е во …

Гир: Сите сакаме отворање на преговорите што е можно побрзо, но мора да останеме со чисти глави Read More »

Народен правобранител: Прекинот на издавање лични документи претставува повреда на правата на граѓаните


Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и друго) од страна на Министерството за внатрешни работи и смета дека ваквиот потег сериозно ќе влијае на остварување на многу други права на граѓаните. Омбудсманот по сопствена иницијатива ќе ги испита евентуални пропусти во работењето …

Народен правобранител: Прекинот на издавање лични документи претставува повреда на правата на граѓаните Read More »

Регионална конференција: Во Западен Балкан во пораст трговијата со деца


Трговијата со деца на Западен Балкан и понатаму е во пораст и покрај бројните законодавни и практични мерки преземени во претходните години, потенцирано е во Белград на регионалната конференција „Заедничко преземање мерки во криза: Заштита на децата од трговија со луѓе и експлоатација на Западен Балкан“. На Конференцијата беше истакнато дека пандемијата дополнително ја зголеми …

Регионална конференција: Во Западен Балкан во пораст трговијата со деца Read More »

Тетово нема море, но има нуркачи кои на други места помагаат во вадење отпад


Иако во Тетово нема море веќе неколку години функционира еколошко-нуркачкиот клуб „Пена“, а членовите учествуваат во акции на други места каде има езеро или море за еколошко чистење и вадење на смет и отпад, вежби и други активности. Десетина членови на „Пена“ ги имаат потребните документи односно се лиценцирани со соодветен државен сертификат за нуркање. …

Тетово нема море, но има нуркачи кои на други места помагаат во вадење отпад Read More »

„Самодоверба, комуникација, мотивација“ – неколкучасовен музички настан во Паркот на светлината


Јавен настан насловен „Самодоверба, комуникација, мотивација“ денеска попладне ќе се одржи во Паркот на светлината, спроти Мајчин дом, со почеток во 18 часот во организација на Општина Аеродром и ЕУ Институт Скопје. Програмата ќе започне со промоција на публикацијата „Невербална комуникација“, по што обраќања ќе имаат претседателката на ЕУ Институт Скопје, Верица Пандиловска, како и …

„Самодоверба, комуникација, мотивација“ – неколкучасовен музички настан во Паркот на светлината Read More »

Перформанс: „Свири крај!“- куп пари се уништуваат во машина за сечење хартија


Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) организира настан за спасување пари од уништување поради корупција „Свири крај!“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје од утрово. Момче со бела маска која му го прекрива цело лице уништува банкноти од 2.000 денари во машина за сечење хартија, а сето тоа можат да го видат минувачите.   За 2,5 часа граѓаните …

Перформанс: „Свири крај!“- куп пари се уништуваат во машина за сечење хартија Read More »

Не полевајте бавчи и ниви во екстремно жешките денови – штедете вода!


Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви. Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високите температури кои деновиве ќе достигнат …

Не полевајте бавчи и ниви во екстремно жешките денови – штедете вода! Read More »

Владата одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100 проценти


Владата на вчерашната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100 проценти на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. Како што соопшти владината прес-служба, превозниците се обврзани одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за …

Владата одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100 проценти Read More »

Командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генералот Волтерс во Скопје


Командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генералот Тод Волтерс, денеска, ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Како што соопшти Министерството за одбрана, врховниот командант на сојузничките сили за Европа, генералот Волтерс, ќе има официјални средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот …

Командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генералот Волтерс во Скопје Read More »