Стигна хеликоптер за гасење пожари од Романија, се чека и авион „Херкулес 530“


 „Канадер Т21“, специјализиран хеликоптер за гасење пожари пристигна од Романија, а напладне се очекува и авион „Хекрулес 530“, кој е со најсовремена опрема, носи придружна противпожарна опрема, пожарникари и други пропратни материјално-технички ресурси за гасење пожари. Помошта ќе биде распределена таму каде што е најкритично, соопшти денеска на прес-конференција помошник-раководителот на Секторот за операции и […]

Филипче и Комисијата за заразни болести предлагаат мерки за Тетово и регионот


Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, за да се спречи рапидното ширење на вирусот Ковид – 19. Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот […]

И натаму активни десетина пожари, огнот кај Пaсјак ставен под контрола


Пожарот во атарот на село Нов Истевник во маалото Пасјак е ставен под контрола, додека активни се огнените стихии кај селата Робово, Мачево, Будинарци, кај Богословец, огното во атарот на село Кадрифаково, потоа кај село Џидимирци, на потегот меѓу селата Дрен и Смолани, над село Пожаране, како и на сртот кон НП „Јасен“, соопшти Центарот […]

МЗ: Вакцина вчера примиле 13.137 граѓани, досега 533.386 вакцинирани


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 533.386 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.990 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.137 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 958.742 дози вакцини, а […]

Потребни ли се законски измени и промена на моделот за противпожарна заштита


Пожарите во Кочани, Старо Нагоричанe, Малешевијата, Гевгелиско, Скопско ги извадија на површина системските слабости и покажаа дека во изминатите 30 години недоволно се инвестирало во противпожарните служби. Има проблеми и при спроведувањето на Законот за пожарникарство, а пожарите од големи размери што ја зафатија државата, го отворија и прашањето дали е потребно да се направат […]

Директорот на ДЗС Максути и австрискиот амбасадор Вуцас ги посетија пожарникарите од Австрија


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути и амбасадорот на Австрија во земјава Георг Вуцас синоќа го посетија кампот на австриските тимови за заштита од пожари, кои се вклучени во гаснење на огнената стихија во делчевско-пехчевски регион. Како што објави ДЗС на својот профил на Фејсбук припадниците на австрискиот контингент за заштита од […]

Пожарот кај Будимирци стивнат, селото е безбедно


Во текот на ноќта пожарот во близина на селото Будимирсци имаше променливо темпо и сега е малку стивнат, објави утрово на Фејсбук директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. – Од позицијата од која набљудувам пред мене гледам две точки на кои пламенот е се уште активен и силен, но во позадина на […]

Пожарите не стивнуваат, најкритичнo е во пехчевско и беровско


Пожарите не стивнуваат, а најкритична е состојбата во пехчевско и беровско. Постои закана, огнот да се прошири и кон Бугарија. На тој потег со пожарите се борат над 350 луѓе, но ветрот им ја отежнува работата. Се прават пресеци со градежни машини, се заоруваат ниви и необработливи површини, се сечат дрвја се со цел да […]

Сообраќајот умерен, на Табановце за влез и излез се чека 30-тина минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премиен Табановце поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за […]

КОВИД-19: Драстично зголемен бројот на активни случаи – достигна 1.268, најмногу во Тетово и Скопје


Бројот на заболени од Ковид-19 во државава секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 5.959 тестирања регистрирани се 325 нови случаи со Ковид-19, 11 оздравени пациенти и еден починат пациент од Битола. Бројот на активни случаи во државава достигна 1.268 од кои најголем број има во Тетово 379 […]

Сончево и топло со слаб ветер, температурата до 38 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 9. Максималната температура ќе се движи од 28 до 38 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 36 степени. […]

Ангелов: Селото Будинарци е обезбедено со тампон зона и соодветна механизација


Пожарот од пехчевскиот регион е префрлен кон беровско и во моментот гори борова шума над селото Будинарци. Селото е добро обезбедено со тампон зона и соодветна механизација и опрема, соопшти вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.   – Пред малку ветрот кој дува со променлива јачина, го смени правецот и сега […]

МО: Романија испраќа авион за гаснење пожари со голем капацитет


По писмено барање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзиниот романски колега Николае Јонел Чука за итна помош во справувањето со пожарите, Романија донесе одлука да испрати авион за гаснење на пожари со поголем капацитет, соопшти Министерството за одбрана. – Ве молиме да ги утврдите можностите за испраќање на авион за справување со шумски […]

ЦУК: Исклучително тешки се уште остануваат пожарите во делчевскиот и пехчевскиот регион


 Како исклучително тешки се уште остануваат пожарите во делчевскиот и пехчевскиот регион – Нов Иствник, Пасјак, Трботивиште и Разловци. Во моментот се дејствува со жива сила, со материјално-технички средства, со поддршка и помош од хеликоптерската единица на АРМ и на соседната држава Србија. Но, времето и условите се исклучително тешки. Јачината на ветерот е 60 […]

Тажни слики оставија пожарите во селата во Кумановско (Галерија)


Пожарите во Кумановско се изгаснати, соопштија попладнево надлежните, но мирисот на изгорено, пеплосани, куќи, плевни со жито, фарми со стока, изгорени ниви ве дочекуваат штом завлезете во селата кои неколку дена се бореа со огнената стихија.  Ивица Петровиќ, жител на селото Четирце, денеска си го расчистуваше имотот, односно она што остана откако пламените јазици му […]

МЗ: Пристигна лекот „Калидеко“ за пациентите со цистична фиброза


Министерството за здравство соопшти дека денеска на Клиниката за детски болести е дистрибуиран лекот „Калидеко“, терапија за пациентите со цистична фиброза кои се носители на III -klasa CFTR „gatting“ мутација. Оваа терапија, која ја набави Министерството за здравство, како што се посочува, е за тројца пациенти кои ја имаат оваа ретка болест, со што им […]

Симоновски: Не се памети ден како вчерашниот, дел од пожарите се подметнати


Сите пожари во скопскиот регион на кои се интервенираше вчера се изгаснати. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во текот на вчерашниот ден имала 29 дојави за пожар од кои е интервенирано во 22 случаи, а седум дојави биле лажни. – Не се памети ден како вчерашниот. Досега не сме имале 22 интервенции за помалку […]

Еден починат, 325 нови случаи со Ковид-19


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 101, Тетово – 95, Гостивар – 43, Куманово – 26, Струга – 10, Охрид, Дебар и Кичево – по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод – […]

Ќе се склучи договор за набавка на уреди за биометриска идентификација на гласачи со отпечаток од прст


Државната изборна комисија, на денешната 12-та седница, наведе дека е одбиена жалбата за набавка на уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст, со што во наредниот период ќе се склучи договор со економскиот оператор за набавка на истите.   – Комисијата пред околу половина час доби известување од Државната комисија за решавање […]