Здравствен работник од друга болница во Тетово загина во пожарот


Меѓу загинатите во вчерашниот пожар во тетовската модуларна болница е и доктор Ферди Шаќири, пренесува „Тетова експрес“. Веста ја потврдија и од ПЗУ „Бамикор Медика“ на својата Фејсбук страница кои објавија дека нивниот здравствен работник Ферди Шакири го загубил животот во синоќешниот пожар. -Со длакока болка и тага ги известуваме сите наши соработници и пациенти дека […]

Од Kовид почина 18-годишник од Гевгелија, регистрирани вкупно 31 починати, како и 256 позитивни од 2.778 тестирања


Во последните 24 часа регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.778 тестирања. Пријавени се 31 починат пациент и 545 оздравени, информира Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје. Од 31 починат пациент 9 се од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г), 6 […]

Филипче: Ќе инсистирам на институционален пристап, точна анализа и проверка во однос на посетите во модуларната болница во Тетово


Ќе инсистирам на институционален пристап, точна анализа, проверка и секако разговор во однос на конкретното прашање за да ги изнесеме сите информации во јавноста, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, во врска со посетите во модуларната болница за Ковид-19 во тетово, во која што при пожар синоќа животот го загубија 14 лица. На денешната прес-конференција, […]

Без вода дел од скопската населба Железара


Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф80 милиметри предизвикан од страна на инвеститор на улица „Гемиџиска“ број 49, прекин во водоснабдување имаат дел од корисниците на оваа и на улицата „Филип Филиповиќ“ во скопската населба Железара. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето е прекинато од 18:15 часот и ќе трае до остранување на […]

Починатите во болницата во Тетово биле на возраст од 29 до 79 години


Починатите во пожарот во тетовската модуларна болница биле на возраст од 29 до 79 години, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција. Тој потврди дека во моментот на пожарот во модуларната болница биле хоспитализирани 26 пациенти, а од персоналот имало и двајца лекари и четири медицински сестри. Дванаесет пациенти кои се евакуирани безбедно […]

Сведоштво на девојка чиј татко и сестра биле во Ковид центарот во Тетово


Девојката, чиј татко бил меѓу пациентите што биле хоспитализирани во Ковид центарот во Тетово што синоќа изгоре, се огласи преку социјалните мрежи за да ја раскаже својата приказна.  Нејзиниот татко се спаси, а таа дала изјави за повеќе медиуми, но вели некои „ѝ ставале зборови во уста“. Нејзиното сведоштво го пренесуваме во целост:  Значи вака […]

Обука на наставниците од Аеродром за спречување на насилството


Во рамките на проектот „Како до безбедни училишта“ денеска во ООУ „Лазо Ангеловски“ се одржа обука на наставниците и стручните соработници од осумте основни училишта во Општина Аеродром. „Општина Аеродром се грижи за беспрекорно одвивање на воспитно-образовниот процес, а особено за безбедноста на учениците. Оваа обука на наставниците е токму во таа насока – наставниците […]

Во Берово имало 19 тропски денови во август, во Гевгелија 29


Во август годинава средномесечните температури на воздухот биле натпросечни, а врнежите пониски за 50 отсто, соопшти УХМР. Според УХМР, во август 2021 времето беше екстремно многу топло и сушно на целата територија на државата. Беа регистрирани максимални температури од над 30 степени (тропски денови) во траење од 19 во Берово до 29 дена во Гевгелија […]

СЕММ бара точни информации а не шпекулации во медиумите за Тетово


Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) повикува на професионално известување од медиумите за пожарот во модуларната болница во Тетово, а од институциите навремено и прецизно информирање, со цел намалување на ризикот од ширење на шпекулации во овие тешки моменти. Од СЕММ соопштија дека со голема загриженост ги следат прекршувањата на новинарските стандарди во […]

На Владимир Талески му се заканува нов судски процес


Обвинителе акт за поренешниот градоначалник на Битола за превоз на ученици, набавка на масло за греење и за реконструкција на два моста   Анета Блажевска БИТОЛА – Обвинителен акт за незаконски спроведувани јавни набавки во општина Битола во период од 2014 до 2017 година​ е покренат против бившиот градоначалник Владимир Талески, бившиот секретар на општината […]

Засега нема индиции дека пожарот во Тетово е подметнат


    Моментално нема индикатори дека пожарот во тетовската модуларна болница е подметнат, рече во изјава за медиумите претседателот на државата, Стево Пендаровски. Како што додаде тој, слично прашање изутринава имал и во разговорот со словенечкиот претседател, Борут Пахор. „Бидејќи имаше и такви шпекулации и словенечкиот претседател Пахор утрово ме праша исто…има шпекулации дека е […]

БРАКО нуди стручна помош на истрагата за пожарот во Ковид центарот во Тетово


БРАКО ДОО изразува најдлабоко сочувство за вчерашната трагедија во Тетово и ги отфрла како шпекулации информациите во некои медиуми дека има каква било поврзаност со несреќата во модуларната болница. Компанијата тврди дека оној дел од работите кои биле нејзина одговорност при изградбата, се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет. Воедно ги повикува […]

ДЗС: Во тек се технички усогласувања, попишани повеќе од 200.000 граѓани за четири дена


Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој започна да се спроведува на цела територија на Северна Македонија на 5 септември се одвива со голема поддршка и интерес од граѓаните. Потврда за тоа е големата бројка на попишани граѓани. Само во првите четири дена со попишувањето се опфатени повеќе од 200.000 граѓани, информираат денеска од Државниот […]

Брнз: Тажни сме поради трагедијата во Тетово


Амбасадорката на САД во Скопје Кејт Мари Брнз изрази сочувство за настраданите во синоќешниот пожар во модуларната Ковид болница во Тетово. – Тажни сме поради ужасните настани синоќа во Ковид болницата во Тетово. Мое сочувство до семејствата на оние што го загубија животот, како и до повредените. Моите мисли се со вас и со сите […]

Зелен Хуман Град тврди дека ќе се градат нетранспарентно 12 катни гаражи


Зелен Хуман Град реагираше денес околу Планот за одржлива мобилност на Скопје (SUMP) за кој ЕУ ќе даде два милиони евра и кој ќе опфати и интегрирани политики за паркирање. Според ЗХГ процесот тече без никаква транспарентност, се склучуваат договори со инвеститори зад затворени врати, се калкулира со интереси, а граѓаните воопшто не се вклучени. […]

МЗ: Тетовската и другите модуларни болници се изградени согласно сите процедури и стандарди


Министерството за здравство соопшти дека сите 19 модуларни ковид болници во државата се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди. Модуларните ковид центри, вклучувајќи ја и болницата во Тетово, како што се посочува, се отворени после технички прием. При градбата на сите модуларни болници вградените материјали се сертифицирани. Ковид центарот во Тетово е […]

Странски експерти ќе помагаат во истрагата за пожарот


 Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава. Како што соопшти владината прес-служба, за […]

Црвениот крст ќе им даде помош од 30.000 денари на семејствата на загинатите


  Црвениот крст на Македонија на семејствата на загинатите граѓани во пожарот во модуларната болница во Тетово ќе додели еднократна помош во висина од 30.000 денари по семејство. – Длабоко сочувствуваме со семејствата на загинатите и на повредените граѓани во трагичниот пожар во ковид центарот во Тетово кој се случи во вечерните часови на 8 […]

Попишувачите денеска останале дома


  Попишувачите денеска повторно не излегле на терен за да ја спроведат статистичката операција, јавува „Плусинфо“. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски за порталот кратко изјавил дека не може да даде повеќе детали зошто попишувачите останале дома. – Не можам ништо да ви кажам. Ве молам да не ме прашувате ништо во врска со пописот. […]