Директорот на тетовската клиника поднесе оставка


По пожарот во модуларната болница во Тетово, каде беа сместени пациенти со Ковид, директорот на клиниката Флорин Бесими, денеска поднесе оставка, а одлуката ја соопшти преку социјалните мрежи.  Почитувани граѓани, почитувани Тетовчани Дозволете ми во мое име и во име на сите вработени од Клиничката болница на Тетово да изразам уште еднаш сочувство до семејствата […]

Син сам го зел телото на почината мајка од тетовската ковид-болница, случајот пријавен во полиција


Тетовската полиција добила пријава дека ноќеска од клиничката болница човек сам ја зел својата мајка почината од Ковид-19 и ја однел со возилото. Настанот се случил околу неколку минути пред полноќ.  -Вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека едно лице дошло, ја зело и потоа во возило „форд“ ја ставило […]

МЗ: Сите документи се спремни за увид, целосна поддршка за истрагата


Министерството за здравство ја поздравува постапката на Основното јавно обвинителството за истрагата за избувнувањето на пожарот во мобилниот ковид-центар во составот на Клиничката болница во Тетово, каде, како што се нагласува во соопштението, на голема жалост имаше и човечки загуби и информира дека ја доставува на увид целокупната документација за модуларните болници. – Ја информираме […]

МЗ: 84 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани


Во период од 6 август до септември на територија на државата како позитивни на Ковид-19 се потврдени 26.053 граѓани, од кои 19 проценти, односно 5.175 лица, биле целосно вакцинирани. Според статистика за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно дури 80 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, информира Министерството за здравство. Процентот на хоспитализирани […]

Веб-страниците на Државниот завод за статистика се под постојани напади


Пописните активности на терен течат, не се прекинати, а се спроведуваат со намален интензитет со цел техничкото усогласување да се заврши во најкраток можен рок и час поскоро процесот да продолжи со висок интензитет како и до сега, информираат денеска од Државниот завод за статистика. За помалите технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови […]

Германски експерти ќе помогнат во истрагата за пожарот во Тетово


Германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt) деновиве пристигнуваат во Северна Македонија за да ја помогнат истрагата околу несреќата во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово.   -Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за […]

Пожарот во тетовскиот Ковид центар не е причина за смртта на реанимираната пациентка


Во пожарот во модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово, починати се 12 ковид пациенти, двајца посетители и девојката што пред избувнувањето на пожарот, била реанимирана од медицинска екипа. Сепак, пожарот не е причина за смртта на оваа девојка.  Како што денеска соопшти Основното јавно обвинителство од Тетово, дејствијата кои ги преземаат петтемина обвинители за […]

Завршена обдукцијата и идентификацијата на настраданите во пожарот во Тетово


На Институтот за судска медицина завршена е обдукцијата на телата  донесени од Тетово, по пожарот што во вторникот ја изгоре модуларната болница во која се лекуваа болни од Ковид-19. – Со помош на ДНК анализи идентификувани се телата на 14-мина коишто настрадаа во пожарот, а извршена е обдукција и на помлада пациентка, чие што тело […]

Штипската изборна комисија се уште не примила ниту една кандидатура за градоначалник и за советници


Ниту една кандидатура за градоначалник или за советници досега не е доставена до Општинската изборна комисија во Штип, информира за МИА, Виктор Вацев,  претседател на ОИК-Штип. Рокот за доставување на кандидатури истекува утре на полноќ. Очекува во текот на денешниот или утре до полноќ партиите и коалициите да ги достават кандидатурите за градоначалници и за […]

Ковид центарот во Тетово имал надзорни камери


    Снимките од надгледните камери поставени во ковид центарот што изгоре во Тетово се предадени на Обвинителството, соопшти координаторот на ковид центарот, Гезим Нуредини. Како што додаде тој, во центарот имало апарати за гаснење пожар. „Надзорни камери има, од страничната и од предната страна и материјалите се доставени на јавен обвинител“, рече Нуредини. Сѐ […]

Наредните 10 дена сообраќајот на патот Прилеп – Ленишки мост по една коловозна лента


ЈП „Македонијапат“ информира дека од денеска во наредните 10 дена сгобраќајот на патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки мост ќе се одвива наизменично по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот ќе се одвива по една лента поради изведување градежни работи, односно асфалтирање, соопштуваат од ЈП „Македонијапат“. 

Европското движење бара повеќе вработувања во здравството


Изразуваме длабоко сочувство до семејствата, кои ги изгубија своите блиски во пожарот на Модуларниот ковид-центар во Тетово. Тагата е уште поголема, бидејќи овие луѓе беа болни, изнемоштени со голема надеж да бидат излекувани. Поминаа 20 месеци од пандемијата. Се чинеше дека беа апсолвирани сите безбедносни ризици, беа правени анализи и беа носени препораки. Верувавме дека […]

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори


Централен регистар, односно регионалните регистрациони канцеларии в недела, понеделник, вторник и во среда ќе работат со дежурства и продолжено работно време поради роковите за поднесување на пријави за претстојните локални избори. Како што информираат од Централен регистар, во недела на 12 септември ќе работат од  8 до 16 часот, а во понеделник на 13 септември, […]

Д-р Беќаровски: Присуство на цивили во Ковид центар е свесно загрозување на јавното здравје


Откако во јавноста излегоа информации дека во ковид-центарот во Тетово освен од медицински персонал, дел од болните биле придружувани од нивни роднини, не стивнуваат реакциите поради опасноста ова да предизвика поголемо ширење на заразата. „Континуираното присуство на цивилни невработени лица внатре во ковид-центрите е свесно загрозување на јавното здравје. За вакво злодело казната не може […]

Остатоците од модуларната болница во Тетово потресно сведоштво за трагедијата (фото)


Сцените од остатоците на модуларната болница во Тетово се потресно сведоштво за трагедијата што се случи вечерта на 8 септември кога во болницата избувна пожар кој за кратко време однесе 14 животи. Владата поради големата трагедија прогласи тридневна жалост. Истрагата за случајот е во тек, а министерот за здравство Венко Филипче нагласи дека никој нема […]

Внимателно се следи епидемиолошката состојба во училиштата


Во училиштата продолжува наставата со физичко присуство на учениците. Надлежните велат дека внимателно ја следат епидемиолошката состојба и таа според нив, овозможува непречено одвивање на наставата со почитување на протоколите. До сега евидентираните позитивни случаи кај учениците и наставниците, биле поради болни во нивните семејства. Така, во Куманово вкупно 30 ученици и девет наставници се […]

Најголем број ковид- активни случаи има во Скопје – 5.919, најмалку во Демир Капија – еден


Мал пад на процентот на заразаени, но и натаму бројот на починати од Ковидд-9 останува висок – по околу 30 дневно. Вчера беа регистрирани 256 случаи на Ковид-19 од 2.778 тестирања или околу девет проценти, што е за еден процент помалку од изминатите денови. Но, меѓу 31 починат за претходното деноноќие, повторно беше евидентирано младо […]

Младитe се вклучуваат во глобалната дебата за климатски промени


Во Паркот МКЦ во Скопје денеска ќе се одржи Младинскиот самит за климатски промени кој има за цел да ги вклучи младите во климатските политики и да ја зајакне младинската мрежа за климатска акција. Како што информираат организаторите, Процесот на вклучување на младите ќе биде преку алатката „U-report“ и присуство на Самитот за климатски промени. […]

Сончево со умерена облачност и краткотраен дожд во западните делови


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6. Во Скопје […]

Русковска ги испитува јавните набавки за модуларните болници


Обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, дала наредба до Бирото за јавни набавки утре да ѝ ја достави целокупната документација за јавните набавки за сите 19 изградени модуларни болници во Македонија.  Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека верува во безбедноста на модуларните ковид-центри низ државата, бидејќи тие се клучен […]