Безбедносните сили на Косово понудија помош за Тетово


 Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај ги понуди сите капацитети на Безбедносните сили на Косово (ФСК) за помош на Тетово и на сите кои имаат потреба по големиот пожар во тетовската модуларна болница, во кој, според досегашните информации, загинаа 14 лица, јави дописникот на МИА од Приштина. Мехај преку својата страница на Фејсбук информира […]

(Во живо) Теута Арифи прогласи тридневна жалост во Тетово


Советот на Општина Тетово прогласи три дена жалост. За тоа и за другите информации околу пожарот изјава на дава градоначалниката Теута Арифи. -Како што веќе бевте информирани, се одржа седница на Советот. Дадени се три дена жалост, и исто така додека ги добиеме официјалните информации во однос на идентитетот на жртвите од енергентниот фонд што […]

Во ковид-центарот во Тетово имало 26 пациенти, 14 загинаа, 12 се префрлени во тетовската болница


Министерството за здравство соопшти дека во вчерашниот пожар во ковид – центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во ковид – центарот за време на пожарот, како што се посочува, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. -Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со […]

Откажани повеќе настани поради трагичниот настан во Тетово


Претседателот Стево Пендаровски ги откажа најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста, поради пожарот што настана синоќа во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, информираат од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија. Претходно, настаните за денеска ги откажа и министерката за образование и наука Мила Царовска, Фондот за иновации и […]

Вучиќ-Заев: Граѓаните на Србија се во болка заедно со луѓето во Тетотво, Србија нуди братска помош


Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски разговараше со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и, по повод пожарот во болницата во Тетово, во име на сите српски граѓани изрази сочувство до семејствата на жртвите, јави дописникот на МИА од Белград. -Граѓаните на Србија се во болка заедно со луѓето во Тетово. Подготвени […]

Сочувство од Европската Унија за жртвите во Тетово


 Европската Унија изразува сочувство по трагедија што настана синоќа во модуларната болница во Тетово, јави дописничката на МИА од Брисел. -ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен пожар во модуларната болница во Тетово специјализирана во третманот на пациентите болни од Ковид. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените, наведува во реакција […]

ОЈО: Обдукција на 14 жртви во Тетово, нема починати медицински лица


 За вршење непосреден увид на местото на трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, покрај тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово, синоќа излегоа и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство од Скопје. На местото на настанот беше и јавниот обвинител на Република Северна Македонија кој присуствуваше и на работата на Кризниот штаб, информираат […]

Спасовски: Посветени сме за брзо разрешување на ситуацијата во Тетово


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утринава изрази сочуство до семејствата на загинатите во пожарот во Тетово, кој ја зафати модуларната болница. Тој најави брзо разрешување на случајот. -Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите во пожарот во тетовскиот Ковид Центар и посакувам брзо закрепнување на повредените. Посветени сме на брзо разрешување на […]

Тетово и целата земја завиени во црно, се чека што ќе покаже истрагата за големиот пожар


Најмалку 10 жртви однесе пожарот што избувна синоќа околу 21 часот во модуларната болница во Тетово. Во гаснењето учествуваа над 30 пожарникари со седум возила. Надлежните најавија детална истрага за утврдување на причините на пожарот, а за денеска е закажана и вонредна седница на Владата. – Во тетовскиот Ковид-центар се случи огромна трагедија во која […]

Бројот на новозаболени и починати од Ковид и натаму висок, до сега над 180 илјади позитивни и над 6 илјади починати


Повторно е критична состојбата со Ковид-19. Вчера починаа 24 лица, а беа регистрирани нови 702 заболени. Инаку, вакцинацијата се одвива непречено, а на 14 септември се очекува да пристигнат вакцините од „Фајзер“, како донација од Република Бугарија. Надлежните тврдат дека тие ќе бидат аплицирани за 5 до 7 дена од нивната дистрибуција на пунктовите. На […]

Седумдесет години од првата национална поставка (1951-2021)


Во објектот Даут пашин амам вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата со наслов „70 години од првата Национална поставка” (1951-2021), организирана по повод 70 години од свеченото отворање на првата Поставка во Националната галерија. Изложбата ќе биде отворена до 13 октомври, а свечениот чин на отворање ќе биде пропратен со музички настап. Од […]

Закажана вонредна владина седница за пожарот во Тетово


За денеска во 10 часот закажана е итна и вонредна седница на Владата за пожарот во кој синоќа целосно изгоре ковид центарот во Тетово. Информацијата ја потврди и премиерот Зоран Заев кој на излегување од зградата на општината во Тетово изјави дека ќе заседава Владата. – Закажавме во 10 часот Влада, изјави Заев, кој не […]

Облачно со повремен дожд


Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, претежно во крајните западни и источни делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните од 16 до 25 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и посвежо со утринска температура до […]

Заев не даде изјава по пожарот во Ковид центарот во Тетово


Премиерот Зоран Заев замина по состанокот на Кризниот штаб во Тетово, но не даде изјава за случувањата, односно за бројот на жртви во пожарот во Ковид центарот, ниту пак причината за неговото настанување. Заев на поминување рече дека не сака да шпекулира, а официјалните информации ќе остави да ги соопштат надлежните институции. Поради пожарот во […]

Заев за трагедијата: Борбата за животи се уште трае


Премиерот Зоран Заев се огласи на Фејсбук за пожарот во Тетово додека го водеше Кризниот штаб.   -Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе.   Изразувам најдлабоко сочуство до […]

Премиерот Заев вечерва на итен кризен штаб во Тетово


Итен кризен штаб вечерва ќе се оддржи во  Општина Тетово, што ќе го води  премиерот Зоран Заев.   На состанокот ќе учествуваат вицепремиерот  Артан Груби, министерот Венко Филипче, вицепремиерот Љупчо Николовски, министерот Аријанит Хоџа, првиот полицаец Оливер Спасовски и други функционери.

Владата го откажа настанот за прогласувањето на Шар Планина за национален парк, по веста за пожарот во Тетово


Владата го откажа настанот што требаше да се одржи утре по повод прогласувањето на Шар Планина за национален парк. По вестите за големиот пожар во ковид-центарот во Тетово, во кој има и жртви, од Владата соопштија дека манифестацијата се откажува. На настанот, утре попладне на Попова Шапка, требаше да присуствуваат премиерот Зоран Заев и министерот […]

Неофицијално има многу жртви во пожарот, Филипче досега потврди десет


Во пожарот кој ја зафати тетовската модуларна болница неофицијално има многу жртви а шпекулациите на медиумите се од 13 до 39 жртви. Министерот Венко Филипче потврди официјално само десет жртви оставајќи можност бројката да се зголеми.  – До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, […]

Повеќе од 30 пожарникари со седум возила го гасеа пожарот во модуларната болница – Тетово


Повеќе од 30 пожарникари кои интервенираа со седум возила за речиси половина час го изгаснаа пожарот што избувна вечерва во модуларната болница во Тетово. Како што изјави заменик-командирот на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски, пламените јазици биле огромни, а од болницата се ваделе и жртви, но тоа се очекува да биде и официјално потврдено. – […]

Филипче: Има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот


Во пожарот кој избувна во Ковид центарот во Тетово има и жртви, но нивниот број засгеа не е знае.   – Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов – напиша […]