За месец и половина 145 вакцинирани починале од Ковид-19


Во периодот од 6 август до 23 септември во земјава се регистрирани 32.818 граѓани позитивни на Ковид-19, а од нив 22 отсто биле целосно вакцинирани, односно 7.248 лица, додека 25.570 лица или 78 отсто не биле вакцинирани, објави Министерството за здравство (МЗ). Инаку, за вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози и од кои […]

Демант: На Скопје не му се заканува мрак


Град Скопје излезе со реакција во врска со информациите во неколку медиуми дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) може да ја одземе лиценцата на компанија за снабдување со електрична енергија која има склучено договор со Град Скопје. Според нив, снабдувањето на Град Скопје со електрична енергија не е доведено во прашање. -До овој момент Град […]

Новозаразени се 525 лица, регистрирани уште 18 починати пациенти


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа ннаправени се 3.858 тестирања, а регистрирани се 525 нови случаи на Ковид-19:   • Скопје – 268 • Куманово – 40 • Струмица – 27 • Штип – 25 • Битола – 23 • Охрид –17 • Велес и […]

Лаури: Се дигитализиравме за да се тргнеме од советскиот начин на работење


Целта на естонската дигитална трансформација никогаш вистински не беше за да станеме членка на ЕУ или НАТО, иако процесите се меѓусебно поврзани. Првите јавни дебати во доцните 90-ти години  околу потребата за подобри јавни услуги и подобра инфраструктура за вршење бизнис во Естонија доведе до првичното согледување дека вистинската промена во нивоата на услугите не […]

Кампања за борба против рак на дојка „Race for the Cure“ – „Напред розово“ в недела во Градскиот парк


Кампања за борба против рак на дојка „Race for the Cure“ – „Напред розово“ ќе се одржи на 26 септември (недела) во Градскиот парк кај Школка во Скопје, а во нејзиното одбележување ќе се приклучат и 16 градови. Настанот е во организација на Здружението „Борка–За секој нов ден“, во соработка со најголемата европска алијанса на […]

Од утре граѓаните ќе можат да се попишат на одредени локации во својата општина


Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Државниот завод за статистика (ДЗС) од утре ќе им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност, соопшти на денешната прес-конференција Јасмина Ѓоргиева од ДЗС. Таа образложи дека тоа се однесува на […]

Управата за финансиска полиција проверила 75 правни субјекти за технички преглед


Поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „проневера во служба“, Управата за финансиска полиција во периодот од март до август годинава извршила проверки во вкупно 75 правни субјекти, регистрирани за вршење дејност „технички преглед на секаков тип моторни возила“, кои средствата наплатени по основ на комунална, еколошка и патна такса, не ги […]

Бислимовски уверува: Граѓаните да бидат спокојни за грејната сезона


  Директорот на Реулаторната Комисија Марко Бислимовски во денешното гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 рече дека се  подготвени за грејната сезона, а во текот на месец септември се прават таканаречени ладни проби за да се видат инсталациите кај самите потрошувачите и доколу имаат пролем да реагираат навреме. -Околу 380 објеки се критични […]

Кандидатите за градоначалници на Центар потпишаа Кодекс за фер и демократски избори


Кандидатите за градоначалници на Општина Центар, денеска потпишаа Кодекс за фер и демократски избори со кој се обврзаа дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи како и владеење на правото при организирањето и спроведувањето на изборите.  „Јас ќе имам фер и позитивна кампања со почитување на сите учесници и противкандидати. Да ги соочиме […]

Десет амбулантни возила донира компанијата „Еколог“


 Компанијата „Еколог“ од Тетово донира десет амбулантски возила со опрема за здравствените установи низ земјава. Во име на Министерството за здравство, донацијата ја прими државниот секретар во Министерството за здравство Иванка Стојановски. -Донацијата ќе биде од огромна корист за здравствените установи и медицинскиот персонал и директно ќе помогне во спасување на највредното -човечкиот живот и […]

Утре бесплатен јавен превоз и ноќни линии поради „Бела ноќ“


ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2021“, а во функција ќе бидат и дел од ноќните линии (2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В). Бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од утре, сабота (25.09.2021 год) од 18 […]

Директорот на „8 Септември“ им порача на хирурзите да лечат ковид пациенти откако тие се заканија со протест


Директорот на „8 Септември“, Христијан Костов, одговори на најавите за протест од страна на хирурзите во болницата, кои бараат да се зголемат капацитетите за извршување операции.  -Ја разбирам потребата за зголемување на бројот на оперативни сали и денови кај колегите од хирургија и секојдневно сум информиран за оперативниот програм во нашата установа.Меѓутоа согласно бројот на […]

Маричиќ: Добро е за државата што успешно го завршуваме пописот


Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето гостување на ТВ24 кажа дека до крајот на следната недела успешно ќе финишира попишувањето на населението. Според него, добро е што апелите за бојкот не наидоа на поддршка кај граѓаните, кои се свесни за значењето на оваа голема статистичка операција. -Задоволени сме што пописот тече успешно. Досега 1.400.000 […]

Општина Петровец оштетена за 1,5 милиони евра поради злоупотреба на службена положба


 Управата за финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против пет физички и три правни лица за злоупотреба на службената положба и перење пари во општина Петровец. Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, посочи дека во мај годинава добил анонимна претставка за злоупотреба на службената положба и […]

Директорот на болницата во Тетово требало да изготви план за заштита од пожар, велат од Светска банка


Планот за заштита од пожари требало да го изработи и спроведе болничкиот персонал под раководство на директорот на болницата во Тетово, велат од Светска банка за Дојче веле, по пожарот во модуларната болница кој однесе 14 човечки животи. Тендерот за изградба на тетовската, како и на останатите 16 модуларни болници ширум земјата во октомври 2020 година беше […]

Хирурзите од „8 Септември“ќе протестираат


Хирурзите во болницата ГОБ „8 Септември“ в понеделник ќе го искажат своето незадоволство поради проблемите со функционирањето на хируршките сали, а тоа ќе го сторат на начин што ќе ги стават инструментите во фиока и ќе ги откажат сите закажани операции на пациенти. Вакво предупредување денеска испрати хируршкиот колектив во болницата, кој преку писмо до […]

Дури 75 отсто од вработените во градинките се вакцинирани


Додека последниве недели се намалува темпото на на вакцинацијата во државата, бројката на вакцинирани меѓу вработените во градинките постојано расте. Според денешните последни податоци од Министерството за труд и социјална политика дури 75 отсто од вработените во градинките се вакцинирани, од кои огромниот број со две дози. Бројката е поголема кај оние структури кои работат […]

Населението во руралните средини ретко ги користи електронските услуги што ги нудат општините


Недоволната информираност за електронските услуги, немањето пристап до интернет и недоволната дигитална писменост на населението во руралните средини се дел од причините поради кои не се користат електронските услуги што ги нудат општините. Од друга страна, сѐ уште има општини кои немаат ИКТ сектори, соодветна инфраструктура и човечки ресурси, покажува истражувањето за е-услугите во руралните […]

Аеродром се збратимува со Стари Град од Сараево


Висока делегација од Општина Стари Град од Сараево, предводена од градоначалникот м-р Ибрахим Хаџибајриќ, вчера ја посети Општина Аеродром со цел збратимување на двете општини. На средбата со раководството на Аеродром беше изразен интерес за збратимување на двете општини преку искрено меѓусебно почитување, воспоставување различни видови соработка, размена на идеи за реализација на проекти од […]