Можно е да истекувало гориво на 300 метри пред несреќата на автобусот во Бугарија
Бугарската регионална министерка Виолета Комитова денеска изјави дека има индиции оти на 300 метри пред несреќата на македонскиот автобус на автопатот „Струма“ имало истекување на гориво. Зборувајќи за Нова телевизија Комитова не објасни од каде се тие индиции, кои можеби се причините за трагедијата во која загинаа 45 лица. Но таа нагласи дека не е задоволна од одржувањето на инфраструктурата во Бугарија.
„Мораме да правиме редовни контроли, но само за оваа делница од 31 километар ни требаше една недела. Проектната брзина му е 90 километри. Во 2013 година некој ја зголеми брзината на 120 километри, но брзината не е главната причина за оваа несреќа“, рече таа.
Регионалниот министер не одговори дали паднал знакот за предупредување за паркиралиштето, како и дали се проверува квалитетот на катадиоптрите на заштитните огради кои „можеби не се чистат и се истрошени“.