Утре почнува аплицирањето за студентски стипендии


Од утре започнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија, информира Министерството за образование и наука (МОН). Согласно условите и критериумите наведени во конкурсот за академската 2021-2022 година, крајниот рок за аплицирање е 15 октомври. Од Министерството посочуваат дека од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, а студентите кои немаат можност […]

Холандија и Шведска со олеснети мерки за влез на вакцинираните граѓани на Северна Македонија


Со последната одлука на Кралството Холандија, се укинува задолжителниот карантин од десет дена за оние патници кои се целосно вакцинирани, без разлика дали доаѓаат од групата високо ризични земји, каде спаѓа и Република Северна Македонија. Како што соопшти МНР, во исто време, и Кралство Шведска ја укина привремената забрана за влез во земјата. Со најновата […]

Шилегов најави отворање на новиот мост во Аеродром за еден месец


Привршуваат градежните работи на новиот мост на булевар АСНОМ, кој според планот се отвора за употреба во текот на наредниот месец. Мостот е веќе споен по интензивните градежни работи од двете страни на реката Вардар. Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба, […]

Облачно и свежо, пообилни врнежи во западните краеви


Претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд ќе преовладува денеска во земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните краеви каде повремено ќе бидат поројни и каде локално ќе наврнат до 20 л/м2 дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до […]

Скандалозни сексуални игри во извиднички камп – истражуваат полицијата и обвинителството


Средношколци симулирале секс пози, оставале отисоци од полови органи на хамер, се соблекувале и бакнувале на интимни делови, споделување интимни работи, а сето тоа било бодувано, открива „Слободен печат“ . Скандалозните сексуални активности се случувале во организиран извиднички кампводен од  „Прв скопски извиднички одред“, а пријавени се во полиција, потврдуваат од МВР и велат дека […]

Од Ковид-19 починаа уште девет пациенти, новозаразени се 454


Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 454 нови случаи на Ковид-19: • Скопје – 209 • Куманово – 45 • Штип – 22 • Кавадарци – 17 • Прилеп – 16 • Велес – 15 • Битола – 13 • Крива Паланка – 12 • Охрид и Струмица – по […]

Оние кои прележале корона се заштитени повеќе од шест месеци


Новите податоци во Германија покажуваат дека имунолошката заштита и до 12 месеци. Вакцината е сепак потребна и за оние кои ја победиле болеста   Без разлика дали патуваат или јадат: оние што се опоравиле од корона во моментов уживаат иста слобода како и оние кои биле целосно вакцинирани – но само до шест месеци по […]

Антонио Јолевски избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители


Следните две години претседател на Советот на јавни обвинители (СЈО) ќе биде јавниот обвинител Антониот Јолевски. Ова е одлучено на денешната 32-ра седница СЈО на Република Северна Македонија, односно за Јолевски гласале сите 11 члена на советот. Освен Јолевски, друг кандидат за претседател на СЈО не бил пријавен. Јавниот обвинител Антонио Јолевски, на функцијата член […]

Условите во затворите се подобрени, останува проблемот со недостиг на здравствен персонал


Има подобрување во однос на реновирањето на капацитетите во затворите, но, останува проблемот со дефицитот на здравствениот персонал. Неопходна е координациска соработка и постојана здравствена помош. Ова го покажал мониторингот со кој Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права во рамките на проектот „Елиминација на тортура и нечовечко постапување во затворите […]

ДКСК: Најголемите клиентелистички односи се создаваат токму за време на изборниот процес


Интегритетот во рамки на изборниот процес е од исклучително значење за намалување на корупцијата. Најголемите клиентелистички односи се создаваат токму за време на изборниот процес. Финансисрањето на политичките партии и нивните активности мора да се следи и унапредува бидејќи е клучно овој процес да биде транспарентен за да се намалат можните злоупотреби. Ова го нагласи, […]

Кардиологија: Работиме со целосен капацитет, пациентите да продолжат со својата рутинска нега на срцето


Универзитетската клиника за кардиологија соопшти дека секогаш е достапна за своите пациенти и ги охрабрува да продолжат со својата рутинска нега на срцето, со цел да се осигурат дека ќе останат здрави. Колку побрзо се третира болеста на срцето, како што посочуваат од Клиниката, толку е подобар исходот кај пациентите и се намалени ризиците од […]

До петок облачно со повремен дожд


До петок ќе се задржи променливо време со повремен дожд, информира УХМР. Утре, пообилни врнежи ќе има во западните делови каде повремено ќе бидат поројни и се очекува да наврнат до 20 л/м2. Во петок претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а од попладневните часови ќе настапи постепено стабилизирање на времето. Утринските […]

Досега попишани 1.760.194 лица во земјава и 201.247 од дијаспората


Заклучно до денеска во 7:30 часот во земјава се попишани вкупно 1.760.194 лица, 546.080 домаќинства и 789.406 станови, соопшти Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 201.247 граѓани од дијаспората. Денеска е 25-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште еден ден пописни активности. […]

Досега, 137 граѓани примиле трета доза вакцина против Ковид-19


Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.953 дози вакцини, од кои 1.282 се аплицирани како прва доза, 3.064 се ревакцинирани, а 67 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 28 септември вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, ревакцинирани се 724.835, а трета доза примиле 137 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Од граѓаните над 40-годишна […]

Утре истекува рокот за парична помош за првачиња


Утре истекува рокот за поднесување барања за еднократна парична помош за првачиња што ја доделува Општина Аеродром. Паричната помош е во висина од 3.500 денари, за што Општината издвои 3.100.000 денари. „Целта на овој проект е да им ги олесниме трошоците на родителите за новиот ученик во семејството“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. […]

Досега вакцинирани 784.244 граѓани, најголем интерес во Охрид и Кавадарци, најмал во Струмица и Гостивар


Охрид и Кавадарци се градовите со најголем опфат на вакцинирани лица против Ковид-19, со првата доза, а најмала заинтересираност, пак, има во Струмица, Гостивар и Радовиш. Досега во државата аплицирани се 1.505.469 вакцини, а надлежните уверуваат дека вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат. Согласно последните податоци, на […]

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд


Времето во земјава ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и пообилни, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а максималната ќе достигне од […]

Во последните три дена од Пописот, се вклучуваaт и дополнителни попишувачи


 Во последните три дена од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет. Помалите пописни реони низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки, соопшти вечерва Државниот завод за статистика. Во одредени […]

(Фото) Пожар во галијата кај Холидеј Ин


Пожар избувна вечерва во првата галија што се наоѓа кај хотелот Холидеј Ин. По дојавата дека гори, набрзо интервенира противпожарна екипа, при што пожарот е локализиран и изгаснат. Командантот на противпожарната единица во Скопје, Владимир Симоновски за МИА информира дека пожарот е изгаснат, и во моментов се чека на ЕВН да ја прекине електрична енергија. […]