Нови 406 случаи на Ковид-19, 12 починати


Во изминатите 24 часа направени се 3.149 тестирања, а регистрирани се 406 нови случаи на КОВИД-19. Починале 12 лица, а 387 се оздравени, соопшти Министерството за здравство.   Од новите 406 случаи на КОВИД-19, најмногу има во Скопје – 184, Куманово – 31, Штип – 23, Велес – 19, Битола – 17, Кавадарци – 13, […]

Вакцинирани 75 отсто од наставниците


Околу 75 отсто наставници во училиштата се вакцинирани,  а настава на далечина следат околу два процента од учениците,  соопшти Министерството за образование и наука. Со одлука на Владата училиштата одржуваат онлајн-настава за оние ученици за кои родителите ќе побараат од медицински и од немедицински причини. МОН очекува дека со континуираната имунизација ќе се обезбеди дополнителна сигурност […]

Скопјани утре ќе се разбудат со топли радијатори, но во 103 згради сè уште не се отстранети пречките


Поради падот на надворешните температури од утре, 7 октомври, започнува грејната сезона 2021/2022 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ. Како што посочуваат од компанијата за утре, 7.10.2021 година, се создадени надворешни услови за производство и испорака на топлинска енергија. „Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната […]

Драчево ќе добие модерна градинка за 110 деца


„Денеска се уверивме дека градежните работи на детската градинка при ЈОУДГ „8ми Март“ се завршени и наскоро, откако ќе ги мине пропишаните контроли и надзори ќе ги прими и првите деца“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, при увидот на објектот во скопската населба Драчево. Во градинката која е изградена според сите […]

Од Чемерски до Бадев- Уметници насликани на мурал во Кавадарци за 30 години независност на државата


Чемерски, Бадев и уште петмина други уметници се насликани на мурал во строгиот центар на Кавадарци. Покрај ликовниот уметник Глигор Чемерски и доајенот на македонската народна песна, Никола Бадев, на муралот во центарот на градот се претставени и ликовните уметници Петар Мазев и Симон Шемов, музичките уметници Васил и Зафир Хаџиманов, како и публицистот Иван […]

Филипче: Состанок за реализирање шеста трансплантација од починат донор


Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека денеска во раните утрински часови започнале координативни состаноци за подготовка за шестата по ред трансплантација од починат донор. Во текот на вчерашниот ден, посочува министерот, болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучија да ги […]

Британска донација за Армијата во вредност од 230 илјади фунти


Амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј денеска на министерката за одбрана Радмила Шекеринска во скопската касарна „Ѓорче Петров“ и ја предаде британската донација од системи за преноќување, наменети за припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и за специјалните сили, во вредност од 230 илјади фунти, опрема добиена преку НАТО Агенцијата за јавни набавки. Донацијата, наменета […]

Претседателот на РКЕ Бислимоски е добар, нападот пријавен во МВР


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски е добар, колку и да е тоа соодветен збор по инцидентит кој се случи синоќа каде тој беше нападнат во центарот на градот. Нападот е пријавен во МВР, информира портпаролот на РКЕ Марина Узунов. -Сакам да ја информирам јавноста дека како и до […]

ЕДУИНО амбасадори – признание за придонесот на најпосветените наставници


ЕДУИНО ја зголеми својата заедница на амбасадори – првата инцијатива за афирмација на најпосветените наставници кои учествуваа во развојот на Едуино платформата во нашата земја. Концептот ЕДУИНО амбасадори подразбира креирање група од најпосветени наставници кои се препознаени на национално ниво, како пример за наставник кој придонесува во развој и ко-креирање на дигитални образовни ресурси. ЕДУИНО, […]

Синот на Муса Џафери го нападнал претседателот на РКЕ Марко Бислимоски


Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во понеделникот доцна вечерта, објавува Дојче веле. Линк до видео објавено на Фесбук од нападот. Очевидци на настанот велат дека Џафери седнал на масата […]

Донација од Обединетото Кралство за Армијата на Македонија


Во касарната во Ѓорче Петров денеска ќе биде предадена донација од Обединетото Кралство наменета за припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и за специјалните сили. Донацијата се состои од два типа вреќи за спиење за три сезони, подлоги за вреќи за спиење, мали шатори – набљудувачници за снајперисти и тунелски шатори за специјалци. На примопредавањето […]

Ревакцинирани 44 проценти од полнолетните граѓани во државата, бројот на активни случаи намален за околу 1300


Епидемиолошката слика во државата релативно стабилна. Бројот на новозаразени од направени тестирања веќе неколку недели се движи околу 13 проценти во просек дневно. Паралелно се одвива и вакцинацијата. Досега се ревакцинирани 44 проценти од полнолетните граѓани во државата, информираше вчера Министерството за здравство. Во текот на завчерашниот ден биле аплицирани вкупно 5.246 дози вакцини, од […]

Променливо облачно со сончеви периоди и постудено


Променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен. […]

Владата препорача алоцирање до 421,2 милиони денари за пошумување на опожарените реони


Врз основа на податоците од информацијата за опожарените површини, а со цел да се санираат штетите согласно редовната и вонредната програма за пошумување на ЈП „Национални шуми“, Владата му препорача на Министерството за финансии да ги разгледа можностите за алоцирање средства во висина до 421,2 милиони денари согласно проценката за висината на штетата за целосна […]

Усвоена Стратегија за градење отпорност и за справување со хибридни закани


 Владата на денешната 109-та редовна седница ја разгледа и усвои Стратегијата за градење отпорност и справување со хибридни закани и придружниот Акциски план. – Целта на оваа стратегија е создавање заедничка свест за природата на хибридните закани, мапирање на обврските и носителите, идентификување на начините за делување, како и креирање ресурси за градење национална отпорност со […]

Мицкоски: Нема да прифатам дека за смртта на 14 луѓе во Тетово е виновен кабел или полнач


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја критикуваше одлуката на премиерот Зоран Заев да ги отфрли понудените оставки на министерот за здравство и неговиот заменик околу пожарот во Тетово.    -Како човек никогаш нема да прифатам дека за смртта на 14 луѓе во Тетово може да биде виновен кабел или нечиј полнач за телефон, без да […]

Владата ги усвои измените на шестте клучни закони за процесот на дигитализација


Владата на денешната седница ги усвои измените на законите за личната карта, за матичен број, за државјанство, за личното име, за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните. Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, со измените се овозможува граѓанинот да може да поднесе […]

Филипче останува министер за здравство, одлучи Заев


Премиерот Зоран Заев смета дека нема политичка одговорност на министерот за здравство Венко Филипче и на заменикот-министер Илир Хасани, за пожарот што избувна во модуларната ковид-болница во Тетово, каде загинаа 14 луѓе. Откако денеска Јавното обвинителство ја соопшти причината за пожарот, односно утврдено е дека пожарот настанал од електрична куса врска во приклучниот кабел на […]

Нови 399 случаи со Ковид-19, 17 починати, 1.348 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 197, Куманово – 49, Тетово – 15, Кочани – 14, Битола – 13, Кавадарци – 11, Велес и Крива Паланка – по 10, Струмица – 8, Штип, Кичево, Гевгелија и […]