Од Ковид-19 починаа вкупно 13 лица, регистрирани нови 377 случаи од 3.608 тестирани


Во последните 24 часа од 3.608 тестирања, регистрирани се 377 нови случаи на Ковид-19, од кои 164 во Скопје. Оздравеле 307 пациенти, а починале 12 лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Новозаразените се од Скопје – 164, Кавадарци – 31, Прилеп – 30, Битола – 24, Охрид – 16, Велес – 15, Куманово – 11, Штип – 10, Кичево – девет, Тетово – седум, Струмица и Крива Паланка – по шест, Радовиш и Валандово – по пет, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Делчево и Богданци – по четири, Свети Николе, Ресен и Кратово – по три, Кочани, Македонски Брод и Македонска Каменица – по два, Струга, Пробиштип и Крушево – по еден.

Во Скопје оздравеле 155 пациенти, во Охрид – 23, Прилеп – 20, Кавадарци и Куманово – по 17, Битола – 13, Делчево – 10, Струга – осум, Велес и Ресен – по пет, Штип, Струмица, Валандово и Кочани – по четири, Гевгелија – три, Тетово, Свети Николе и Пехчево – по два, Кичево, Радовиш, Неготино, Богданци, Кратово, Македонска Каменица, Берово, Демир Хисар и Дојран – по еден.

Пет лица од починатите се од Скопје на 63, 82, 85, 85 и 87-годишна возраст и по едно починато лице од Куманово (61г), Охрид (58г), Битола (67г), Штип (66г), Струмица (62г), Крива Паланка (78г) и Виница (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 6 декември 2021. Регистрираното починато лице е од Скопје на возраст од 92 години. Лицето е починато во болнички услови.

Направени се 3.608 тестови преку: ИЈЗ-313, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-91, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-77, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–144, Жан Митрев (Филип Втори)-80, Авицена-176, Биотек-214, Систина-50, лабораторија Лаор-202, Синлаб-30, Ремедика-16, Плодност–52, Генеа-9, Никоб лаб-453, ВФВ Медикал-90, Ели Медика-54, Ројал Медика–48, Спектра-ММ-13, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–29, Нова Лаб Дијагностика–6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.335.

Досега во земјата се направени вкупно 1.500.087 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.100, бројот на оздравени пациенти е 205.700, на починати е 7.723, а бројот на активни случаи изнесува 5.677.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје се активни 2742 лица, во Куманово – 171, Тетово – 84, Прилеп – 358, Битола – 494, Гостивар – 25, Велес – 177, Кавадарци – 259, Штип – 102, Охрид – 201, Струмица – 106, Кичево – 53, Кочани – 109, Струга – 28, Гевгелија – 76, Неготино – 45, Свети Николе – 40, Крива Паланка – 70, Ресен – 58, Радовиш – 66, Берово – 53, Дебар – нема, Делчево – 93, Виница – 14, Пробиштип – 24, Валандово – 42, Кратово – 27, Богданци – 21, Демир Хисар – 48, Крушево – 33, Македонски Брод – 18, Демир Капија – двајца, Македонска Каменица – 24, Пехчево и Дојран по седум.