На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти Автомото сојузот Сообраќајот на регионалниот пат 1202 Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти Хотел „Дебарски Бањи“, како што се посочува, за патнички моторни возила се одвива наизменично по една коловозна лента. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските […]

Во Скопје најмногу активни и новозаразени со Ковид-19


Во земјава има вкупно 6.813 активни случаи на КОВИД-19 од кои најголемиот број 3.413 се во главниот град по што следат Куманово со 564, Велес со 318, Охрид со 2018, Прилеп со 212  и Штип со 211. Најмалку активни случаи, по еден има во Демир Капија и Пехчево, следи Дојран со два и Македонски Брод […]

Променливо облачно, на планините дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а понекаде во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 10 до 17 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб […]

Момчето што почина на 22 години било болно од ковид само шест дена и не било вакцинирано


22-годишното момче од Битола кое денеска е впишано во црната статистика на Ковид-19 не било вакцинирано и имало прекумерна тежина, информираат од Министерството за здравство. Од таму потврдуваат дека единствено како коморбидитет е забележано само обезитас. Од позитивниот тест и потврдата дека е заразен од вирусот до денот кога починал поминале само шест дена.   „Пациентот […]

Од Ковид починаа 14 лица, пријавени и седум од изминатиот месец, регистрирани и нови 395 позитивни


Во последните 24 часа од 3.595 тестирања регистрирани се 395 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 245 пациенти, а починати се 14 пациенти, пријавени се и седум пациенти преку „Мој термин“ со датум на смрт од 5 септември до 10 октомври годинава, информира Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од ново […]

Стево Карапанџа во Охрид: Готвач мора човек да се роди


Нема правило ниту рецепт за тоа како се станува шеф-готвач, но оти тоа мора човек да го носи во себе – таа страст кон готвењето добра храна, вели најславниот готвач од ју-просторите кој деновиве е во Охрид каде е повикан да предава на студентите по гастрономија на Факултетот за туризам и угостителство Стево Карапанџа е […]

Во Крушево пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески


Во Крушево денеска пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески и се поклонија во спомен обележјето на Гумење. Крушевчани ултрамаратонците ги пречекаа со црвени рози.   Петмина ултрамаратонци пред два дена го започнаа симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градишка, од местото на големата трагедија, а уште 10 ултрамаратонци, својот маратон до […]

Во Врање досега вакцинирани 13.657, а ревакцинирани 11.966 македонски државјани


Од почетокот на вакцинацијата, па до вчера, во Спортската сала во Врање се вакцинирани вкупно 100.066 граѓани од Врање, од другите градови во Србија и државјани на Северна Македонија и други држави, соопшти денеска Здравствениот центар (ЗЦ) во Врање. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според порталот Врање њуз, прва доза вакцина во […]

Традиционален Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители


Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска е отворен традиционалниот Централен меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето им оддаде почит на загинатите бранители, изразувајќи благодарност што има можност како и претходните години да биде дел од овој традиционален меморијален спортски турнир мотивиран од благородната […]

Затворен за сообраќај патниот правец Дебар – Маврово


Од утрово од 8 часот за сообраќај е затворен на регионалниот пат Дебар – Маврово, кај Бања „Косоврасти“, поради пропадната дупка на коловозот со длабочина од 10 метри и со можност да се прошири, информира АМСМ. Сообраќајот од и кон Дебар се пренасочува преку Струга. На останатите патните правци надвор од градските средини сообраќајот утрово […]

Шекеринска ќе го отвори Меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе го отвори традиционалниот централен Меморијален турнир во мал фудбал, во чест на загинатите бранители. Турнирот ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, под покровителство на Министерството за одбрана.   Меморијалниот турнир е во организација на Здружението на членовите на семејствата на загинатите припадници на вооружените сили и во […]

Ковид-19: 83 отсто од починатите, 79 од хоспитализираните, 74,9 од новозаразените не се вакцинирани


Дури 83 отсто од починатите од Ковид-19 не биле вакцинирани, покажува последната статистика. Исто така, 79 отсто од хоспитализираните не се вакцинирани, како и 74,9 проценти од новозаразените. Надлежните уште еднаш испраќаат апел до граѓаните да се вакцинираат, уверувајќи дека ефикасноста на вакцините против Ковид-19 е потврдена со многу анализи. Според статистиката, од 6 август […]

Претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд и засилен северен ветер


Времето во земјава ќе биде претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе […]

Македонија на 64-то место во светот според Индексот за владеење на правото 


Северна Македонија се најде на 64 место меѓу 139 држави на листата според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда за 2021 година, задржувајќи ја истата оценка од 0,54 индексни поени како и при ланската класификација. Меѓу земјите од регионот од нас подобро рангирани се Словенија на 29-то место со индекс 0,68, […]

(Галерија) Финишира изградбата на мостот кој треба да поврзе две населби и три општини во Скопје


Скопјани со нетрпение го очекуваат завршувањето на новиот мост кој треба да поврзе две населби и три општини во метрополата. Од едната страна е населбата Јане Сандански, во Општина Аеродром, а од другата Керамидница во Гази Баба, но мостот ќе има исклучително значење и за Општина Центар бидејќи значително ќе го скрати патувањето и ќе […]

Шахпаска во САСА: Се работи на решение со кое рударите со 40 години стаж ќе одат во пензија


Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска беше во посета на Рудникот за олово и цинк – Саса во Македонска Каменица. По средбата со генералниот директор Скот Јелланд и дел од раководството на САСА, се сретна и со рударите кои работат во внатрешноста на рудникот. Посетата ја предводеа лица кои се дел од […]

Нови 413 заболени, деветмина починаа од ковид, најмладиот на 28 години


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на Ковид-19, што е 13,6 отсто од примероците. Според градови: Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип – 14, Кавадарци – 12, Пробиштип – 9, Тетово, Охрид […]

Ревакцинирани 45 отсто од полнолетните граѓани


Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.504 дози вакцини, од кои 713 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 57 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 797.988 граѓани, ревакцинирани се 758.001, а трета доза примиле 1.039 граѓани,соопшти Министерството за здравство. Педесет и три отсто од граѓаните […]

МЗ: 75 отсто од новите случаи со Ковид-19 и 79 отсто од хоспитализираните се невакцинирани


Во период од 6 август до вчера, се потврдени 40.208 граѓани позитивни на Ковид-19, од кои 25 отсто биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе два месеци, 30.142 граѓани, односно 74,9 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, се наведува […]

Бислимоски: Со УСАИД ги изработивме сите подзаконски акти со кои се штитат потрошувачите


Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) доби благодарница за успешна соработка во спроведување на Проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергија, информираат од регулаторното тело. Со помош на УСАИД заедно ги подготвивме сите подзаконски акти, кои се обврска од Третиот енергетски пакет на ЕУ за коишто Енергетска заедница три години […]