Нови 44 случаи со Ковид-19 , тројца починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 564 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи со КОВИД-19 и 81 оздравен пациент. Во текот на изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство. Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, регистрирани се тројца […]

Исклучена струјата на кочанскиот „Водовод“ поради неплатени сметки


КЈП „Водовод“ од Кочани денеска остана без струја откако беше прекината испораката од електричната мрежа поради неплатен долг кон добавувачот ЕДС – Скопје. Освен управната зграда, напојувањето беше прекинато и во објектот Стопански двор, во кој се сместени неколку работни единици на претпријатието, а во непосредна близина е и градската капела. Раководството на комуналното претпријатие […]

МОН: Подготвени сме за успешно спроведување на препораките на ЕУ


 Министерството за образование и наука е подготвено да се соочи со предизвиците на 21 век во образованието и успешно да ги спроведе сите препораки и насоки на Европската Унија, вели Јасмина Вукиќевиќ, посебен советник во МОН. Како дел од владината делегација предводена од  вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ,  изминативе денови таа учествуваше на скрининг објаснувачките […]

(Фото) Автобусите на ЈСП повторно на скопските улици


Автобусите на ЈСП „Скопје“ од попладнево повторно сообраќаат по улиците на главниот град, откако Советот на Град Скопје со 39 гласови „за“ донесе одлука за субвенции на ЈСП „Скопје“  за 2022 година. Место планираните 360 милиони денари, со новата измена, ЈСП Скопје од Буџетот на градот ќе добие 506 милиони денари, со што се обезбедуваат […]

ЈСП продолжува со нормалното функционирање, автобусите се вратија


  ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието, соопштија од Град Скопје. Постигнат е договор за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие и автобусите на ЈСП веќе ќе почнат да сообраќаат, потврди  и претседателот на синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски. „Трансферот на пари е направен. […]

Пратениците расправаа за измените на Законот за градење


Пратениците денеска го образлагаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, со којшто се предвидува посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање на решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената енергија […]

Понеделник е неработен ден


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  23 октомври 2022година (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври 2022 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.   Министерството за труд и социјална политика на […]

Русковска повторно се кандидираше за шеф на организиран криминал


Обвинителката и екс-шефица на Обвинителството за гонење корупција и организиран криминал Вилма Русковска повторно се кандидирала за истата функција. – Да, вчера ја поднесов пријавата. Очекувам апсолутно колегите да ме поддржат и да гласаат за мене, рече Русковска. Инаку, Рускоска попладнево беше повикана да даде исказ пред обвинител во ОЈО Скопје по поднесената кривична пријава […]

Објавена првата публикација од Пописот 2021


 Клучните податоци за населението, домаќинствата и становите од Пописот 2021 од сега се достапни и во првата публикација под наслов: „Вкупно резидентно население, домаќинства и станови во Република Северна Македонија, Попис 2021“. Како што соопшти Државниот завод за статистика, по обработката на податоците и објавувањето во сетови, во првата публикација од Пописот 2021 преку 22 […]

Мултипла склероза е болест на младата популација, потребен е правилен пристапат во третман


Идните доктори и специјалисти по неврологија потребно е проблемот со Мултипла склероза (МС) сериозно да го сфатат, да размислуваат за болеста, да знаат дека е болест на младата популација, како и една од главните причини за инвадилитет кај младата популација после траумите, вели д-р Иван Кузмановски од ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје. На […]

Кој треба да се вакцинира против сезонски грип?


Секој кој е на возраст над 65 години, има здравствени проблеми, e бремена жена или е здравствен работник, треба да се вакцинира против сезонски грип еднаш годишно. “Секоја година околу 500.000 луѓе во светот умираат поради компликации од грип. Околу 10% од овие смртни случаи се во Европа. Според д-р Каролин Браун од СЗО/ Европа, многу од […]

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат меѓусебно за колапсот на ЈСП


  Скопјани ќе се снаоѓаат како да стигнат на работа или на други одредишта, а градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат кој е виновен за колапсот на ЈСП. ВМРО-ДПМНЕ, кое сесрдно ја поддржа Арсовска во нејзината кандидатура денеска соопшти дека таа „влезе во историјата како најнеспособниот градоначалник и единствена на која ѝ успеало да […]

Судот го одби барањето за цензура на “Нечиста крв”


  ЗНМ ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје за донесување решение со кое се одбива барањето за одредување привремена судска мерка со кое се бараше да се наложи на тужените од страна на Судот веднаш да ги отстранат објавените содржини со наслов „Нечиста крв“, односно објавите на документарниот видео запис со истоимениот наслов […]

Протестот на ЈСП ќе трае додека не се исплати септемвриската плата, закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје


Скопје денеска остана без јавен превоз откако возачите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје денеска се собраа со протест да го изразат незадоволството поради тоа што не им е исплатена септемвриската плата. За денеска во 13 часот повторно е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје, откако вчера советниците побараа од градоначалничката Данела Арсовска […]

ГОБ „8 Септември“ утре без струја


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 21.10.2022 година ( петок), поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците: – во периодот од 09:30 до 13:30 часот, Градска болница „8-ми Септември“ ( Општина Карпош ) – во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците на ул.Љупчо Зафиров […]

Град Скопје кривично ќе ги гони штрајкувачите, немале право градот да го остават без превоз


Место плата, вработените во ЈСП „Скопје“ заработија кривична пријава од Град Скопје, кој не им обезбеди плата за септември навреме.  Имено, како што соопштија од јавното претпријатие, „од утринава, дваесетина луѓе од ССМ и т.н. независен синдикат на ЈСП спречуваат возачите на автобуси редовно да си ги вршат своите работни задачи, спротивно на член 35 […]

Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Дојран


Утрово е најстудено на Попова Шапка, еден степен, а најтопло во Дојран, 14 степени. Според УХМР, до 8:30 часот во Берово и Лазарополе се измерени два степена, во Битола 3, 4 во Маврови Анови, Крива Паланка и Струмица, 5 во Тетово, Претор и Штип, 6 во Демир Капија, Дебар и Крушево, 7 во Прилеп, 8 […]

Скопјани стигнаа на работа и без автобусите на ЈСП, метеж во градот


Скопје утринава прв пат е без јавен градски превоз, односно возат само приватните автобуси, кои не ги покриваат сите линии. Граѓаните подготвени за ваквата ситуација седнаа во автомобили, што пак, речиси ги блокира улиците. Сепак, нервозата изостана кај оние кои се обидуваа да стигнат до работа, до училиште, на факултат. Сообраќајот се одвива споро, но […]

Скопје без градски превоз


Скопјани денеска нема да можат да ги користат услугите на јавниот градски превоз откако синдикатите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера најавија дека од 04:30 часот наутро автобусите нема да возат. Проблемот со неисплатените плати на вработените во ЈСП вчера беше тема и на вонредната седница на Советот на Град Скопје каде доцна попладнето беше […]