Без вода дел од улиците „Борис Трајковски“ и „Христо Татарчев


Поради изведување водоводен приклучок, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Борис Трајковски“ и „Христо Татарчев“, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Студено утро, преку ден сончево


Утрото денеска ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 4, а максималните ќе достигнат од 16 до 21 степен. …

Студено утро, преку ден сончево Read More »

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Карпош


 Корисниците на неколку улици во општина Карпош денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето од 09:00 часот, соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.  Прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Петар Драганов“, „Његошева“, „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“. Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. „Софиска“ 7 и …

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Карпош Read More »

Астрономски календар


Денеска е четврток, 30 октомври 2025 година, 303-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 62 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 4 минути, а ќе зајде во 16 часот и 30 минути. Денов трае 10 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Поради Задушница, во сабота нема да се одржи „Маршот на ангелите“


Оваа сабота 1- ви Ноември, нема да има марш, бидејќи е Задушница, информираа на Фејсбук од Здружение на граѓани 16ти Март 2025.   „Ден за да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас. Следниот марш ќе биде …

Поради Задушница, во сабота нема да се одржи „Маршот на ангелите“ Read More »

Советниците од ДУИ ги одбиле уверенијата зошто биле само на македонски јазик


Советниците од ДУИ одбиле денес да ги примат уверенијата за избор на советници бидејќи биле  напишани само на македонски јазик. Како што рекоа, со ова, според нив, се крши Законот за употреба на јазиците. Останатите членови, вклучувајќи ги и избраните од ВЛЕН, ги примија уверенијата. Со ова започнува работата на Советот на Град Скопје. Уверенијата …

Советниците од ДУИ ги одбиле уверенијата зошто биле само на македонски јазик Read More »

Итно донесување на нов, бескомпромисен Закон за природата и државно финансирање


Меѓународната конференција за природа, која вчера се одржа во Скопје со наслов „Политиките за природа како основа за заштита“ собра меѓународни чинители од Бернската конвенција, Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), странски донатори и претставници на националните институции. Главниот заклучок од конференцијата е јасен и недвосмислен: итно донесување на нов закон за природа и …

Итно донесување на нов, бескомпромисен Закон за природата и државно финансирање Read More »

Арсовска: Мицкоски да каже како ќе функционира „Комунална хигиена“ без директор


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го повика премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да каже на кој начин ќе функционира Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во наредните денови откако в.д. директорот Сабахудин Рустеми доби 30-дневен притвор поради состојбите со сметот во главниот град. Таа го обвини Мицкоски дека лично го наредил ваквиот хаос и му …

Арсовска: Мицкоски да каже како ќе функционира „Комунална хигиена“ без директор Read More »

Општина Карпош: Сите училишта во општината имаат фотоволтаични системи


 Општина Карпош ги опреми десетте основни училишта на своја територија со фотоволтаични централи што произведуваат електрична енергија за свои потреби. Локалната самоуправа ја реализираше оваа иницијатива, откако претходно ја реновираше и кровната конструкција на сите училишни установи, се наведува во денешното соопштение на Општина Карпош. – Во случајов, училиштата и детските градинки во Карпош се …

Општина Карпош: Сите училишта во општината имаат фотоволтаични системи Read More »

Улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром добива семафори


Започнува првата фаза градежни активности за поставување на светлосна сигнализација на крстосница улица „Васко Карангелевски” со улица “Ангел Димовски” во населба Аеродром.   Денес екипи на ЈП „Улици и патишта”- Скопје почнуваат со градежните активности од првата фаза за поставување на светлосна сигнализација на крстосницата од улица „Васко Карангелевски” со улица “Ангел Димовски” во населба …

Улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром добива семафори Read More »

ПОЦ овозможи плаќање паркинг со QR-код


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, на ден 29.10.2025 година успешно реализираше поставување на нови информативни табли со современ дизајн и вграден QR-код кој овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка. Во рамки на напорите за дигитализација и модернизација, претпријатието денес започнува со замена на сите информативни …

ПОЦ овозможи плаќање паркинг со QR-код Read More »

Левица бара јавно извинување: Орце ги навреди самохраните мајки


Јавноста синоќа беше сведок на навредлив однос кон самохраните мајки и нивните деца од страна на Орце, кандидатот за градоначалник на Скопје од ДПМНЕ. Орце ги омаловажи жените кои секој ден се борат сами, без ничија помош, за да им обезбедат достоинствен живот на своите деца. Навредите на Орце се насочени кон секоја мајка што …

Левица бара јавно извинување: Орце ги навреди самохраните мајки Read More »

Постудени утра и повисока дневна температура во периодот што следи


 Постудени утра и повисока дневна температура најавија од Управата за хидрометеоролошки работи во периодот што следи. – Под влијание на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови …

Постудени утра и повисока дневна температура во периодот што следи Read More »

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини


Царинските службеници и мобилните тимови на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село во изминатиот период запленија речиси три илјади парчиња различна стока – меѓу кои алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со потпис на заштитени трговски марки, и автоделови пронајдени во возила, автобуси и товарни моторни возила. Против сторителите се водат посебни постапки. На …

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини Read More »

Андоновски: Дигитализацијата е новата енергија на управувањето


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, што се одржува во Скопје. Во своето обраќање, министерот ја истакна потребата од заедничко делување и координирани напори во процесот на дигитална …

Андоновски: Дигитализацијата е новата енергија на управувањето Read More »

Притворениот директор на „Комунална хигиена“ поднесе оставка


За време на распитот во Кривичниот суд, директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми поднел оставка од челната позиција. – Она што сакам да го изнесам јавно на барање на директорот е дека тој на записник пред судијата на претходна постапка ја депонира својата оставка. Станува збор за неотповиклива оставка од в.д. директор на јавното …

Притворениот директор на „Комунална хигиена“ поднесе оставка Read More »

Поранешниот директор, заменик-директор и вработени во АХВ кривично ќе се гонат – проневериле 62.530 денари


СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со …

Поранешниот директор, заменик-директор и вработени во АХВ кривично ќе се гонат – проневериле 62.530 денари Read More »

И за вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови


Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев вчера оствари средба со раководството на сите градови каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори. На состанокот беа разгледани безбедносните состојби на терен, предизвиците и активностите кои полицијата ги презема во пресрет на изборниот ден. Директорот Јанев нагласи дека обврската на полицијата е јасна …

И за вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови Read More »

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово


Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во учичишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки. – Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи …

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово Read More »

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени


Времето денеска наутро ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена …

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени Read More »