На „Табановце“ за влез во земјава се чека до 40 минути, а на „Богородица“ за излез до 1,5 час


 АМСМ информира дека поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин (ГП) „Табановце“ за влез во државата се чека 30 до 40 минути, додека на ГП „Богородица“ за излез времето на чекање е 60 до 90 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Според АМСМ, […]

Мечок заглавен поради сајла на Шар Планина, стручни лица го успија и ослободија


Мечок вчера бил заглавен во сајла во селото Бозовце во Шар Планина. По повикување на стручни лица од Зоолошка градина Скопје, мечокот, кој бил возрасен мажјак, е успешно ослободен. Националниот парк Шар Планина на профилот на установата на социјалната мрежа Фејсбук објави видео како се прави ослободување на мечок кој бил заглавен поради сајла. Возрасниот […]

Сончево со мала до умерена локална облачност и ветер од северен правец


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ индексот ќе биде 8. […]

Арсовска: Мостот „Беласица“ наскоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во интервју за Канал 5 ТВ најавува дека мостот „Беласица“ многу скоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај и ќе биде безбеден. Според неа дека во извештаите од Приватниот институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени не е забележано во ниту еден дел на мостот изложеност на каблите […]

Се рушат објектите од некогашната фабрика „Треска“


Во кругот на некогашната фабрика „Треска“во Скопје , деновиве интензивно се работи на рушење на поранешните фабрички погони и се подготвува простор за во иднина да се градат нови згради. Изминатава недела најпрво работници ги отстрануваа крововите на фабричките погони, по што дел од објектите беа срушени, а со багери градежниот шут се товари во […]

Седуммина практиканти го почнаа својот едномесечен ангажман во медиумите на „Метаморфозис“


Седуммина млади практиканти го почнаа својот едномесечен ангажман во медиумите на Фондацијата „Метаморфозис“ (Новинска агенција Мета, Порталб и Вистиномер) од почетокот на месец јули. Иако првично беше предвидено да се ангажираат четворица практиканти, поради големиот интерес и силната конкуренција на младите кои учествуваа на четирите обуки, Фондацијата „Метаморфозис“ реши да ангажира седуммина. Станува збор за […]

Следната недела – пекол, температура до 40 степени Целзиусови


  УХМР најавува стабилизација на времето, а следната недела температурите растат, за во четврток да достигант до 40 степени Целзиусови. Следува период на стабилно и суво време. Во деновите од викендот ќе дува засилен, а вдолж поширокото Повардарие и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од понеделник температурата насекаде […]

Одложена одлуката за Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, бранителите биле зафатени


Јавната седница во Апелациониот суд Скопје за предметот „Талир 2“ на СЈО, закажана за утрово се одложи на барање на одбраната на обвинетите Никола Груевски и Кирил Божиновски. -Споменатите бранители не можеле да присуствуваат поради ангажираност во други кривични предмети, како што е наведено во писмениот подесок од 26.6.2023 година, соопшти Апелација па јавната седница […]

Комисија ќе го испитува случајот со родилката што скокна од ГАК


 На барање на министерот за здравство Фатмир Меџити, формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката Б.М од Скопје, која скокна од првиот кат на Гинекологија. Комисијата за стручен надзор е формирана откако беше извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).  Министерството за здравство соопшти дека Комисијата […]

Децата умеат да препознаат насилство


Децата знаат да препознаат насилство, а како најприсутно се јавува меѓуврсничкото, ова беше оценето во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“. На денешната конференција беа сумирани сите впечатоци и идеи произлезени од работилниците кои изминатиот период се одржуваа во рамки на проектот. Кристина Сибиновска, проектен […]

Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 10 до 14 јули (од понеделник до петок) во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе се реализира третата фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот против возрасни форми на комарци. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот […]

Работилница на ЗНМ: Потребна е поголема свесност за почитувањето на авторските права


Преземањето фотографии е кривично дело, а „Гугл“ не треба да биде основен извор и архива. Ако за некоја фотографија на интернет нема наведено дека е дозволено споделувањети и под кои услови, тогаш се подразбира дека сите права се задржани и тогаш нејзино користење е можно само во договор со авторот. Ова беше порачано на денешната […]

Ковачевски за дијалогот со синдикатите: Работите се движат во насока на постигнување договор за платите


Работите се движат во насока на постигнување договор. Верувам дека целта може да биде постигната и да добиеме едно долгорочно решение со кое од септември па во текот на наредните години ќе се обезбеди зголемување на платите, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Смета дека има капацитет и Владата, и синдикатот, да изнајдат такво решение од заемен […]

Хелсиншки комитет со инцијатива до Уставен суд за измените во Законот за работни односи поврзани со „Бехтел и Енка“


Хелсиншкиот комитет за човекови права на 4 јули 2023 година доставил иницијатива до Уставниот суд на РСМ за оценување на уставноста и законитоста на членовите 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (ЗРО), поврзани со реализацијата на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски […]

Ангеловска-Бежоска: Преку вклучување на жените до економски раст повисок за 30 отсто


Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на панел-дискусијата „Жени лидери“ којашто ја отвори претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ) во Љубљана, Словенија. Како што информира Народна банка, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека поголемата вклученост на жените во работната сила може да придонесе за побрз и поинклузивен економски раст. – […]

Започна пријавувањето за стипендиите „Борис Трајковски“ на извршната МБА програма на Универзитетот Јорк


Стипендиите „Борис Трајковски“ за двегодишни вонредни постдипломски студии што заеднички ги нудат Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, Министерството за образование и наука и Претседателот на Република Северна Македонија и годинава се достапни за  20 студенти.  Конкурсот за доделување на стипендиите за студии од втор циклус за академската 2023/2024 година е отворен, а заинтересираните […]

Расте бројот на потрошувачи кои се приклучуваат на парно


До 31-ти август 2023 година, ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. Бројот на потрошувачи кои се приклучуваат на централниот систем за топлинска енергија, со кој управуваат новите компании на АД ЕСМ е во постојан пораст. Откога ЕСМ Снабдување ја има лиценцата за снабдување со топлинска енергија во градот Скопје, […]

Северна Македонија го презеде од Црна Гора претседавањето со Транспортната заедница


Северна Македонија денеска од Црна Гора го презеде претседавањето со Транспортната заедница и во следната година ќе биде домаќин на активности и настани кои ќе придонесат за усогласување со транспортните политики на земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, министерот Бочварски и заменик претседателот на Владата на […]

Мијатовиќ против МПЦ, бара да се усвојат родовите права


Во писмото упатено до македонскиот парламент кое е објавено денеска, комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, силно ги охрабрува тековните напори за усогласување на македонската правна рамка со стандардите на Советот на Европа во областа на правното признавање на полот за трансродовите (транс) лица. Мијатовиќ смета дека усвојувањето на претстојните измени […]

Преку системот на „Пакомак“ минатата година рециклирани 27 521 тон амбалажен отпад


Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ги објави своите резултати од напорите за организирана заштита на животната средина за 2022 година. Според официјалните извештаи, компаниите-членки на „Пакомак“ пријавиле 47 705 тони амбалажен отпад од кои 27 521 тон или 57,7 отсто се рециклирани. Согласно Законот за управување со отпад, „Пакомак“, како што […]