Објавен Конкурсот за прием во студентските домови за академската 2023/2024 година


 Министерството за образование и наука денеска го објави  Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година. Според Конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, слободни се вкупно 4480 места за сместување студенти во домовите во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово. Од […]

Аеродром бара враќање на старите имиња на улиците


Советот на Општина Аеродром, на последната одржана седница, усвои иницијатива со која се бара од Советот на Град Скопје да донесе одлука за враќање на старите имиња на улици кои се наоѓаат на територијата на општината. – Оваа иницијатива доаѓа по директно барање на граѓаните, откако во 2021 година, над 80 улици во Лисиче беа […]

На Табановце се чека околу 30 минути


На граничниот премин Табановце утринава има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање за влез во земјава е околу 30 минути.  Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Сончево и многу топло, до 42 степени, УВ индекс 10


Времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 14 јули 2023 година, 195-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 170 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 10 минути, а ќе зајде во 20 часот и 9 минути. Денов трае 14 часа и 58 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Наќе Георгиев и Антонета Димовска избрани за членови на Судскиот совет


Судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд, кој беше единствен кандидат од редовите на врховните судии, е избран за член на Судскиот совет на денешните избори. За член на Советот од листата за скопското апелациско подрачје и од управните судови е избрана Антонета Димовска, судија на Граѓанскиот суд Скопје.  Претседателот на Комисијата за избор Субхи Јакупи […]

Македонија од идната година ќе издвојува два отсто од БДП за одбраната


Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека Македонија следната година ќе го исполни стандардот на НАТО и ќе достигне распределба на два отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбраната. „Среднорочната проекција на буџетот предвидува дека во 2024 година трошоците за одбрана ќе бидат два отсто од БДП. Така ќе биде и следната година“, рече Ковачевски […]

Овој викенд ограничено движење со моторни возила за Галичка свадба


За време на одржување на манифестацијата „Галичка свадба“ по локалниот пат до селото Галичник ќе важи посебен сообраќаен режим со ограничено движење на моторни возила во сабота и во недела. Од полицијата информираат дека во периодот од 17 часот на 15 јули (сабота) до 17 часот на 16 јули (недела) заради одвивање на церемонијата и […]

Меџити: Со „Брако“ се договоривме спогодбено, ќе се постапува по три болници


Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека деновиве имале средба со претставници на компанијата „Брако“ за договорот за изградба на модуларни болници. Од планирани десет, три се изградени од нивна страна. Договорено е, како што рече, за трите да платиме со цел да не се оштети буџетот на државата, да ги тргнеме каматите и така […]

Проблемот со набавката на лекот „Трикафта“ ќе се реши, најави Меџити


Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека проблемот со набавката на лекот „Трикафта“ за пациентите со цистична фиброза ќе биде решен, но додека стигне лекот, како што рече, треба да се почитуваат процедурите и законите. Смета дека лекот би стигнал до пред Нова година и додаде дека ќе се потрудат да биде тоа што […]

Советот на Град Скопје наложи редовно миење на улиците и дезинфекција околу контејерите


 Советниците на град Скопје на седмата вонредна седница ги донесоа заклучоците по единствената точка на дневен ред за актуелната состојба со комунална хигиена, со цел спречување на еколошка катастрофа и појава на заразни болести. Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски по координацијата на советничките групи го прочита заклучокот, во кои се предвидени и […]

Заврши увидот во кумановскиот суд, вештачењата ќе ги покажат причините за настанување на пожарот


Обвинителство од Скопје го работи предметот за опожарувањето на подрумските простории на кумановскиот суд. Претпладнево почна увидот кој го спроведува обвинител од Скопје како и увидна екипа од СВР Куманово заедно со кримтехника од Скопје, вешто лице електроинженер и инспектор за пожари. На увидот присуствуваа и шефицата од кумановското обвинителство како и дежурен обвинител од […]

Поднесе оставка в.д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела


 В.Д. директорот на Клиничка болница Тетово Плумб Вела поднесе оставка поради лични причини. Тој функцијата ја извршува од 28 март, како кадар на партијата Алијанса за Албанците. – Денес од лични и здравствени причини поднесов оставка на функцијата в.д директор на Клиничката болница во Тетово. Оставката е доставена до архивата на болницата во Тетово и […]

Сѐ уште нема извештај од стручната комисија за случајот со родилката која се обиде да се самоубие


 Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека се уште нема извештај од стручната комисија за случајот со родилката која на почетокот на овој месец имаше обид за самоубиство на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК). – Првите упатувања беа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), од инспекторите. Ние нормално постапивме […]

Ќе се реконструираат тоалетите во ООУ „Димитар Миладинов“


Општина Центар набрзо ќе започне со реконструкција на тоалетите во ООУ „Димитар Миладинов“, станува збор комплетна санација и обнова на санитарните јазли која е донација на општествено одговорна компанија. Поради итноста градежните зафати да започнат за време на летниот распуст денеска Советот на Општина Центар одржа и вонредна седница за прифаќање на донацијата. „Ме радува […]

Се намалува бројот на запишани првачиња во битолските основни училишта


Се намалува бројот на запишани ученици во прво одделение во дванаесетте основни училишта во Битола и битолско. Во предвидениот рок запишани се вкупно 751 прваче или споредено со минатата година, бројот е намален за дваесеттина ученици. Од Општина Битола информираа дека во ОУ „Гоце Делчев“ годинава се запишале 46 првачиња, во ОУ „Кирил и Методиј“ […]

Арсовска не дојде на вонредната седница на Советот на Скопје, се бара оставка од неа


  На вонредна седница на Град Скопје, свикана по барање на советничката група на СДСМ, по состојбата со несобирањето ѓубре во главниот град, што пред неколку дена беше алармантна, ниту градоначалничката Данела Арсовска, ниту директорката на „Комунална хигиена“ Косана Николиќ-Мазнева, не дојдоа. Претседателот на Советот Трајко Славески рече дека не добил известување дека Арсовска нема […]

Судската администрација бара повисоки плати, од 1 септември најавуват генерален штрајк


Со транспаренти со натписи „Европски плати за нас и за вас“, Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) и Независен синдикат на судска служба, кој функционира во негов состав, и денеска излезе на протест пред Основниот кривичен суд во Скопје за да го изразат незадоволството поради ниските плати и недобивање додатоци на плата. Јасмина Величкова, претседателка […]

​Реконструкција на улиците во Аеродром – се работи на улицата „Лисец“


Препознавајќи ја важноста на новите инфраструктурни проекти и реконструкцијата и одржувањето на постоечките, како важен дел од унапредување на живеењето и решавањето на клучните проблеми на граѓаните, во Аеродром продолжува реализацијата на инфраструктурните инвестиции кои се финансирани со средства од буџетот на Општина Аеродром.    Деновиве градежната механизацијата работи на повеќе локации во општината, а […]

„Индипендент“: Зошто треба да го замените езерото Комо со Северна Македонија


  Луѓе пијат аперол и еспресо и грицкаат пица, со главите свртени кон паунско-зелената вода, опколена од ридови полни со вили. Сцената не е поинаква од езерото Комо – но јас сум 1.300 милји оддалечена од северна Италија, во Охрид, на југозападниот дел Северна Македонија. Охрид полека влегува во радарот на туристите од Обединетото кралство, […]