Поранешниот директор Нино Васев не го коментира скандалот на Онкологија


  Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, доктор Нино Васев, денеска немаше коментар за состојбите на клиниката, каде во петокот истражните органи направија претрес и ги запленија медицинските истории на илјадници пациенти, за да истражат обележја на евентуални кривични дела. На новинарското прашање дали се препродавале лековите тој само кусо одговори дека сега не е […]

Лекарската комора бара да престане лепењето етикета „убијци“ на докторите


  Лекарската комора го почитува правото на протест на сите граѓани, но, изразува силно несогласување и ги осудува обидите на вчерашниот протест сите доктори да се стават во ист кош и да се етикетираат како виновници за последните случувања во здравствениот сектор, нарекувајќи ги „убијци“ и повикува тоа веднаш да престане, бидејќи така засилено се […]

Нови правила за вадење лична карта – измените на законот во Собрание


Се менуваат 9 члена од законот за издавање на лична карта. Собранието денес го усвои предлогот за измените на законот да се носат по скратена постапка, по што комисиите ќе го разгледуваат и ќе биде ставен на гласање пред пратениците. Со измените се ревидира членот 8 од законот, при што се предвидува дека доколку граѓанинот […]

Во скопската Зоолошка градина угина сибирската тигрица Надја


Сибирската тигрица Надја угина во длабока старост во скопската Зоолошка градина, со жалење изестија од uправата на оваа институција. Од Зоолошката нагласија дека Надја била еден од најстарите тигри во Европа. „Надја во скопската Зоолошка градина пристигна од Будимпешта во 2010 година, кога имаше осум години во тогаш новоизграденото живеалиште за тигри по светски стандарди. […]

Македонија и Србија ќе работат на градење на ефективни служби по медицина на трудот


Северна Македонија и Србија ќе работат заедно на изградба на ефикасни механизми базирани на словачкото искуство, за унапредување на квалитетот на услуги во медицината на трудот, дигитализација на податоците за професионални болести и изградба на систем на регистар на професионални болести.  Во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје денеска се одржа завршната конференција на проектот […]

МТСП: Градинките на истокот се без кадар, оти не знаат да пополнуваат табели


По вчерашната прес-конференција на градоначалниците на општините Штип, Свети Николе, Карбинци и Зрновци дека детските градинки имаат проблем со недостаток на кадар и поради тоа се запишани помал број на дечиња, а до Министерството за труд и социјална политика доставени се барања за согласност за вработување на негувателки, воспитувачки и технички персонал, а одговор се […]

Поповиќ: Да се заштити системот на носење на одлуки за да се намали можноста од корупција


Државата треба да го заштити системот на носење на одлуки, почитувајќи ги и правејќи ги ефикасни механизмите кои го овозможуваат тоа, за да се заштити јавниот интерес и да се намали можноста за евентуални коруптивни дејствија, оцени денеска Миша Поповиќ, раководител на Центарот за добро управување при Институтот за демократија „Социетас цивилис – Скопје“. -Зборуваме […]

Анкетна комисија ќе ги разгледува случувањата во Онкологија


  Во редок случај на заедништво на пратениците Собранието денеска го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се основа анкетна комисија за утврдување на одговорност за политичките и здравствените функционери по обелоденетиот скандал во Клиниката за онкологија и радиотерапија. Комисијата најдоцна по еден месец од завршувањето на својата работа ќе треба да му поднесе конечен извештај […]

Општина Градско обезбеди бесплатен училишен оброк од 188 основци


Општина Градско од први септември во новата учебна година како редовен школски оброк за 188 основци од прво до петто одделение од ООУ„Даме Груев“ во Градско, и подрачните училишта во селата Виничани, Ногаевци, Кочилари и Водоврати. Како што инфрмира градоначалникот Киро Нацков, востановен е и одобрен бесплатниот училишен оброк е одобрен од Советот на негова […]

Форум во Скопје: Културната дипломатија е пат кон мирот


  По катастрофалниот земјотрес, Скопје беше пример за меѓународната соработка и солидарност. Скопје е град кој што е реизграден врз основа на солидарноста. Неопходни ни се граѓани кои се посветени на мирот. Мирот треба да се гради почнувајќи од секој поединец па до целото општество, беше посочено денеска на Форумот за културна дипломатија во Скопје. […]

Отворен архитектонски конкурс „Скопје на новата генерација“


По повод 60 години од скопскиот земјотрес, Јуроп хаус го отвора архитектонскиот конкурс насловен „Скопје на новата генерација“ преку кој се повикуваат млади архитекти и урбанисти да оставаат свој белег во архитектурата на главниот град. Ова не е само конкурс за разубавување на градот туку и повик преку кој ќе се подобри пристапот кон заборавените места […]

МОН: Изработката на учебници е комплексен процес што зависи од повеќе фактори, независни од системско влијание


Министерството за образование и наука, во врска со информацијата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за „Состојбата со обезбедување на учебници во основното образование за учебната 2023/24“, укажува дека изработката на учебници е комплексен процес што зависи од повеќе фактори, независни од системско влијание. Согласно законските и подзаконските акти, навремено се започнати и […]

Пожарот во Дрисла бил подметнат, за тие што ширеа лажни вести ќе има пријави


Пожарот утрово во Дрисла бил подметнат, соопштија од јавното претпријатие кое ја менаџира депонијата. Од таму исто така апелираа да не се злоупотребуваат  слобода на говорот и јавното информирање за ширење на лажни вести и невистини по социјалните мрежи  кои предизвикуваат  паника кај локалното население во смисла дека депонијата Дрисла ги загрозува животната средина и […]

ЕСМ чекаше дозвола од Град Скопје да ги постави цевките за парно под мостот „Беласица“


АД ЕСМ е подготвен, по добиена дозвола од Градот Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок, велат од претпријатието денеска.  Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври […]

Втора година по ред, учениците од четврто одделение добија нови таблет уреди


  Продолжуваат инвестициите и проектите со кои се унапредува образовниот процес во училиштата во Аеродром.   Во период кога учениците низ цела Македонија се соочуваат со недостаток на учебни материјали и учебната година ќе ја започнат во неизвесност, во Аеродром секој четвртоодделенец добива нов таблет-уред.    Градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на советот Дејан Митески, […]

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


 Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2023 година. -Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и […]

Вештачка интелигенција ќе ја оправа јавната администрација во Македонија


Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу е во Талин каде што во рамки на Дигиталниот самит ќе има обраќање на панел сесијата насловена: „Дигитална безбедност на Западен Балкан“.  Алиу во Талин имал средба со Кеит Стриер, потпретседател на Светската иницијатива за вештачка интелигенција во Корпорацијата NVIDIA.  – Имавме продуктивна средба за тоа како […]

Изгаснат мал пожар на скопската депонија Дрисла


Мал пожар избувнал утрово на скопската депонија Дрисла кој набргу бил изгаснат од страна на БППЗ Скопје, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.  Вчера не е регистриран нуту еден пожар на отворен простор.

Семејствата на починатите во пожарот во модуларата болница бараат ново обвинение


Претставници на семејствата на 14 луѓе кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение. Тие денеска во СВР Тетово пријавија дека во петок 8 септември на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање да […]

Со години нема решение за депониите пред тетовските градинки


Сите тетовски градинки без исклучок се места каде има огромни купишта смет оставени покрај преполните контејнери, па наликуваат на депонии среде урбана средина. Кај градинката Поток, комуналното претпријатие ги отстрани контејнерите од пред објектот, со цел да се оневозможи оставање смет пред самиот влез. Поставен беше само еден контејнер во дворот, одзади објектот за потребните […]