(Видео) Во Гази Баба урнаа деловен објект – дивоградба, ќе се гради градинка


Денеска, инспекциските служби на општина Гази Баба со асистенција на Министерството за Внатрешни работи извршија рушење на безправно изграден деловен објект во населеното место Инџиково.   На рушењето покрај инспекциските служби присуствуваше и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски кој вели дека никој не е над Законот.     – Нема да дозволам урбаната […]

Сува трева и стрништа гореле на повеќе локации во Kумановско


Сува трева и стрништа гореле на пет различни локации во поширокиот кумановски регион, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи. Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие интервенирале на пет различни локации претежно на запалени сува трева и стрништа. Вчера пожарникарите гаселе пожар во село Редица, кај Менкова колиба во липковско Никуштак, во […]

Се регулира дивиот паркинг зад Народна банка 


Општина Центар го проширува и го регулира дивиот паркинг зад Народна банка. Станува збор за див паркинг со оштетен асфалт на кој со безредие се паркираа автомобили често блокирајќи се едни со други.  Општина Центар го гребе стариот и испукан асфалт, го проширува паркингот на околу 3.000 метри квадратни со што ќе обезбеди паркинг места […]

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста


По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, во касарната ,,Илинден“ во Скопје со почеток во 18.00 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија, од состав на артилерискиот баталјон на Армијата. Претходно, во попладневните часови во период од 15.00 до 18.00 часот ќе […]

Свечена академија – „32 години независност“ по повод државниот празник 8 Септември


Со Свечена академија – „32 години независност“ што ќе се одржи попладнево во Филхармонијата, почнува одбележувањето на Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8 Септември. Свечената академија на која ќе присуствува и ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, ќе се пренесува во живо на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на […]

Без струја делови од село Ново Село, Хром, Усје, Драчево и Зелениково, без вода делови од Карпош и Чаир


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека денеска поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од село Ново Село, Општина Ѓорче Петров, населбите Хром, Усје, Драчево и дел од село Зелениково. Прекинато пак водоснабдување денеска ќе имаат корисниците во Скопје […]

Променливо облачно со повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, наместа краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. UV=5 Во Скопје, како што информираа од УХМР, […]

Со 7,5 милиони евра се рехабилитира автопатот Скопје-Тетово


Владиниот прв вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионални патишта, Костадин Ацевски, денеска извршија увид на рехабилитација на автопатската делница А2 или од Скопје – Тетово. Според […]

Свечена академија, концерти и бесплатен влез во музеите за Денот на независноста, 8 Септември


По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, Владата, под мотото „Гласник на слободата“, ќе организира повеќе свечени и културни настани, како и активности во целата држава.   На 7.09.2023 година, во четврток, со почеток во 18:30 часот, во Филхармонија на Република Северна Македонија ќе се одржи Свечена академија – „32 […]

Маричиќ од Хераклеја: Со средства од ЕУ го заштитуваме македонското културно наследство и го поттикнуваме локалниот туризам


„Битола има уникатна позиција и припаѓа на две групи за прекугранична соработка и со Грција и со Албанија. Проектот „Смарт-кул-тур“ покажува на дело како преку средствата од Европска Унија се поврзува локалното население, како се придонесува кон локалниот развој и како се поттикнува локалниот туризам и се заштитува културното и духовното наследство“, рече вицепремиерот Маричиќ […]

Во Tурција училиште ќе го носи името Македонија, а секоја училница ќе биде именувана по некој македонски град


Училиште именувано „Македонија“ кое ќе има 24 училници именувано по македонските градови, ќе започне со настава на 11 септември оваа година во Малатија, Турција.  Стопанска Комора на Македонија-Турција (МАТТО) информира дека училиштето кое го носи името „Македонија“, е на површина 8 656 метри квадратни и има 24 училници именувани по градовите Скопје, Тетово, Охрид, Штип, […]

МНР препорачува да се избегнуваат загрозените подрачја од невремето во Грција


Министерството за надворешни работи (МНР) апелира сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја од невремето во Грција и да останат на сигурно се до евентуална евакуација и посочува дека според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со денеска еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел. -Информираме дека […]

Прво социјални мерки за пензионерите со ниски пензии, а потоа законско решение за минимална пензија


Прво ќе се работи на носење на соодветни социјални мерки за пензионерите со ниски пензии, а потоа ќе се пристапи кон ново законско решение за минимална пензија или измени на постоечкото. За ова се согласиле на Работната група за разгледување на предлози за прашањето за најниската пензија и пакет мерки за помош и поддршка на […]

И по две години од донацијата на ЕУ, електричните велосипеди „фаќаат прашина“ во подрумот на Општина Велес


Поминаа две години откако Европската унија за Велешкото Езеро даде 20 електрични велосипеди за да можат граѓаните да се рекреираат и прошетаат околу езерот, без притоа да се загадува животната средина. Сепак, поради невработеност за изнајмување, велосипедите останале неискористени, па сега треба да се проверат дали нешто им недостасува или треба да се поправат. Дваесет […]

Продадени три имоти на Сашо Мијалков – Буџетот збогатен за 244.000 евра


Агенцијата за управување со одземен имот успешно ја спроведе и реализира продажбата на вкупно три одземени недвижности од поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков согласно правосилната пресуда за случајот „Империја“. „Станува збор за три недвижности кои согласно правосилната судска предуда КОК – ПП бр. 283/2022 се одземени од Сашо Мијалков. Реализираните […]

Германски државјанин го веел знамето на „Голема Албанија“


  По едномесечна истрага полицијата откри кој го вееше знамето на „Голема Албанија“ за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово на 11 август. Според МВР, знамето го веел А.М. (21), кој е германски државјанин. Во координација со Основното јавно обвинителство – Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член […]

Заштита на виталните шуми во Албанија и Северна Македонија во корист на природата и луѓето


Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (IUCN ECARO) и организацијата за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (ППНЕА), со поддршка на македонското Министерството за животна средина и просторно планирање го започна проектот „Иницијатива за северни шуми: Обнова на шумите во Северна Македонија […]

Дел од новоизбраните судии во Скопје и Струмица со одлука на Судски совет делегирани во Берово, Делчево, Кичево, Куманово, Прилеп и Струга


Судскиот совет на денешната 453 итна седница донесе одлука за делегирање на дел од новоизбраните судии од Скопје и Струмица во основните судови Берово, Делчево, Кичево, Куманово, Прилеп и Струга. На период од една година се делегираат судиите Билјана Иванова од ОС Струмица во ОС Берово, Костадин Георгиев од ОС Струмица во ОС Делчево, Ахмети […]

Обновено игралиштето во Капиштец близу Т.Ц Зебра


Ново модерно детско игралиште со седум нови реквизити добиваат децата од населбата Капиштец близу Т.Ц Зебра. Новите реквизити се поставени на место на постојното кое беше дотраено и многу оштетено. Покрај новите елементи поставена е нова детска ограда и гумена подлога за побезбедна детска игра.  Новите реквизити се донација која Општина Центар на 26-та седница […]

Бектеши уверува дека ќе има парно, ЕСМ е подготвено да го постави топловодот под мостот „Беласица“


Граѓаните на Скопје ќе имаат топлинска енергија од 15 октомври до крајот на грејната сезона, а ЕСМ е подготвено да интервенира на мостот „Беласица“ во делот на топловодот веднаш откако ќе ги добие соодветните дозволи од Град Скопје, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -ЕСМ е подготвена уште од утре да ја среди ситуацијата […]