Нема конфликт на интереси кај Ковачевски со „Пиксел груп“, утврди ДКСК
Државната комисија за спреување на корупција уврди дека нема повреда на одредбите од член 45 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси околу премиерот Димитар Ковачевски и „Пиксел груп“. ВМРО-ДПМНЕ отвори случај нарекувајќи го „Броило“ и тврдеше дека Ковачевски како заменик-министер за финансии влијаел врз постапката на државна помош кон „Пиксел груп“ основана од него и неговиот кум.
Комисијата утври дека фирмата ги исполнувала условите на конкурсот и договорот за финансика помош бил потпишан пред Ковачевски да биде избран за заменик-министер.
Фирмата договорот го склучила на 13 август 2020 година, а Ковачевски стана заменик-министер на 23 септември 2020 година, а веќе на 29 септември тој доставил барање за истапување од сопственоста на фирмата и во целост ја отстапува на неговиот кум.