Јапонија донира над 80.000 евра за реконструкција на основно училиште во Кичево 


Јапонија донира повеќе од 80.000 ерва за реконструкција на училиште во Кичени, а денеска, амбасадорот на Јапонија Н.Е. Оцука Казуја присуствуваше на церемонијата на предавање на успешно завршениот проект на ГГП во Општина Кичево.    Овој проект ја финансираше реконструкцијата на Основното училиште “Д-р Владимир Поледжиноски” во Кичево. Со висина од 80,593 ЕУР сменети се вратите […]

ДКСК: Мерко заверил фалсификуван документ за оттуѓување земјиште во центарот на Струга


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за случај за отуѓување на 143 м2 државен имот во центарот на Струга на денешната седница донесе одлука за поведување иницијатива за кривична постапка против градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко, вработени во општината, геодетско друштво, стручни лица, како и да се преиспита работењето на судии од Управниот […]

ДКСК за донациите на ДУИ: Прекршен е законот за финансирање


Шемши Салаи, член на ДКСК, на денешната 92-ра седница на Комисијата рече дека се работи за донација за Демократска унија за интеграција (ДУИ) која била поголема од тоа што го дозволува законот, а предметот, рече, го отвориле по сопствена иницијатива врз основа на новинарско прашање. Врз основа на извештаите што ги добиле од ДЗР, констатирано […]

Кибер-одбраната на Владата, во следните три години, поскапа за 10 милиони евра


Поскапе кибер одбраната за јавната администрација што ќе ја плаќа Владата наредните три години, па така наместо како досега таа да чини 15 милиони евра, сега ќе чини 25 милиони евра, односно десет милиони евра повеќе.  Компанијата „Аитоникс“ која и досега имаше договор со Владата и во следните три години ќе ги обезбедува лиценците за […]

Росоман доби Центар за социјални работи, корисниците не мора да патуваат до Кавадарци


Во Општина Росоман започна со работа новата подрачна канцеларија на Центарот за социјални работи, Кавадарци. По тој повод министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше во посета на Општина Росоман. „Заложбите на Владата на Република Северна Македонија  за социјална правда, инклузивност и еднаков третман за сите граѓани продолжува. Работиме посветено на создавање на еднакви […]

ЦУК: Авиони на ДЗС вклучени во гаснење на пожарот кај Зрзе


Два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) полетаа кон пожарот во атарот на село Зрзе поради непристапниот терен на кој се рашири крак од пожарот, информираат од Центарот за управување со кризи. -Долната страна на пожарот кон селото  и манастирот Зрзе е под контрола, информираат од ЦУК. На територија на Општина Долнени […]

Петровска: Покажавме дека НАТО значи и посилна одбранбена соработка, овојпат со Португалија


Денеска е важен ден за нашите министерства и за нашата соработка, бидејќи за прв пат потпишавме Договор за билатерална соработка во одбраната помеѓу сојузничките Северна Македонија и Португалија, и со тоа покажавме дека НАТО значи и посилна одбранбена соработка, затоа што имаме заедничка, единствена цел, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на денешната прес-конференција по […]

Двајца македонски државјани од Маракеш стигнаа во Мадрид, во добра здравствена состојба се


Двајцата македонски државјани, кои се наоѓаа во камп во Маракеш, Мароко, се пристигнати во Мадрид и се во добра здравствена состојба, соопштија денеска од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Се очекува нивно упатување кон своите домови во многу скоро време. Во врска со катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко, согласно ангажманот и […]

Прскањето против комарци пред ДКСК – не е утврдено дека со тоа средство не може да се прска од воздух


Антикорупциската комисија не го потврдила сомнежот од анонимен подносител на пријава кој тврди дека во Скопје се правела несоодветна дезинсекција односно против комарци е прскано од воздух со средство што е наменето само за аплицирање на земјена површина. ДКСК утврдила дека нема изрична забрана за користење на средството од воздух. Софија Пејовска-Дојчиновска, член на ДКСК, […]

Македонските четврдооделенци под светскиот просек во способноста за читање


  Уште еден разочарувачки резултат за македонското образование по лошите постигнувања во тестовите ПИСА и кастраофалниот екперимент со Кембриџ наставата. Според последното истражување наречено Прогрес во меѓународната студија за читачка писменост (ПИРЛС) за оценување на постигањата на учениците во читањето во четврто одделение – важна преодна точка во нивниот развој како читатели, Македонија е е […]

На Медицинскиот факултет не е примен ниту еден од петте студенти Роми


Ромските студенти испратија реакција со предупредување за протести и поставување шатори до Управата на Медицинскиот факултет, незадоволни од примената на уписната политика и злоупотребата на квотите на Универзитетот. По објавување на конечната ранг листа од првиот уписен рок 2023 -2024 година на Медицинскиот факултет, констатирано е дека сите пет ромски студенти што аплицирале на овој […]

Бајковито, магично, волшебно – „Куќата на цвеќето“ репрезент на Преспа


Ако има рај на земјата, тогаш лесно ќе го пронајдете. Треба само да го посетите преспанското село Волкодери. А таму, на самиот влез во селото првата куќа покриена со шаренило од бои е вистински цветен рај. Нема некој што поминал по патот за Отешево, а да не ја забележи „Куќата на цвеќето“. Плени со својата […]

Јавна расправа за Нацрт-стратегијата за транспарентност на Владата (2023-2026)


Јавна расправа за Нацрт-стратегијата за транспарентност на Владата (2023 – 2026) ќе се одржи денеска во организација на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење и Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис. На јавната расправа воведни обраќања ќе имаат вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, извршниот директор […]

Времен режим на сообраќајот во тунелот Блаце – Скопје поради градежни активности


Од денеска ќе има времен режим на сообраќајот во тунелот Блаце – Скопје поради градежни активности. Возилата ќе бидат наизменично пропуштани. – Oд денеска ќе се воспостави времениот режим на сообраќајот во тунелот на стационажа км 6+326 до км 6+366, на десна страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – […]

Во Скопје терестрична дезинсекција против комарци


Од денеска до 15 септември на подрачјето на град Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против комарци. Прскањето ќе се врши во периодот од 22 до 03 часот наредниот ден.  Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Град […]

Сончево и топло, до 33 степени


Времето утрово ќе биде свежо, а преку ден сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 15, а максималната од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 11 септември 2023 година, 254-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 111 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 9 минути, а ќе зајде во 18 часот и 51 минута. Денов трае 12 часа и 41 минута. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Хеликоптер на МВР исфрли над 23 тони вода за пожарот над Кошино


Хеликоптерот на МВР Бел-212 денеска исфрли над 23 тони вода интервенирајќи во пожарот над прилепско Кошино, информираат од МВР.  -Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар на сува трева и нискостеблеста вегетација над село Кошино, општина Долнени, прилепско, пријавен во 13.40 часот, го […]

Ивановска: Борбата со корупција во земјава не е подобрена


Состојбата со борбата со корупција во земјава не е подобрена, напротив институциите само 10 проценти преземале мерки за намалување на ризиците, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска. Во интервју за Радио Слободна Европа, Ивановска посочува дека е незадоволна од досега преземените мерки, како и дека нема судска завршница на предметите […]

Независниот синдикат на здравствените работници бара 30 проценти покачување на платите


Покачување на платата на здравствените работници за 30 проценти, нов колективен договор, бенефициран стаж на вработените во итна медицинска помош, рендген и психијатриските болници, додатокот за инфекција да се зголеми на 4 проценти и итна трансформација на договорите од определено, на неопределено време, бара Независниот синдикат на здравствените работници.  Националниот координатор на Независниот синдикат на […]