Петровска на воено-дипломатски прием во македонската амбасада во Вашингтон


Министерката за одбрана Славјанка за време на работната посета на Соединетите Американски Држави во амбасадата во Вашингтон, во обраќање на свечениот прием во чест на Денот на независноста на Република Северна Македонија и Денот на Армијата, порача дека нашата држава денеска треба да го обезбеди својот европски пат и се заблагодари за поддршката од нашиот […]

Ковачевски: Jубилејот 100 години македонска авијација, ги одбележуваме како НАТО, со следна дестинација ЕУ


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на јубилејниот аеромитинг по повод 100 години македонска авијација кој се одржа на спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје.   Во рамки на настанот се одржа богата програма во која учествуваа над 30 различни воздухоплови од земјава и странство, како и падобранци […]

Евроамбасадорот Гир ги повикува битолските советници на средба, откако мнозинството закочи европски проект


  Битола – Евроамбасадорот Дејвид Гир во понеделник доаѓа во Битола на средба со претставниците на политичките партии и независни групи во битолскиот Совет. Ова е за прв пат евроамбасадор да побара групна средба со советниците од битолскиот Совет, велат советници кои имаат неколку мандати искуство во Советот. Во последниот период копјата во Советот се […]

Дачиќ: Нашите земји се определени за дополнително зајакнување на односите за попросперитетна иднина на граѓаните


Денешниот аеромитинг на кој покрај македонската и српската авијација учествуваат и цивилното и военото воздухопловство од Република Италија, Република Грција и други земји е јасен показател за интересот на државите, стопанствата и граѓаните од овие подрачја за воспоставување на уште подобри меѓусебни врски, но и за свеста за заедничката одговорност во зачувувањето на мирот и […]

Поради трка утре посебен режим на сообраќај во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (17.09) со почеток во 08.00 часот поради одржување на атлетска трка ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје. Трката ќе се одвива со следната траса на движење: стартно/целна позиција на ул.„Беласица“ пред трговскиот центар “Ист гејт мол“ , десно по бул.„Гоце Делчев“(десна […]

Сто години македонска авијација (видео)


Свеченост по повод 100 години македонска авијација, што се одбележува на спортскиот аеродром во скопски Стенковец со голем аеромитинг. За почеток на македонската авијација се смета основањето на Аероклубот Скопје во  1923 година.  Најавени се обраќања на премиерот Димитар Ковачевски ќе се обратат и министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, како и […]

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства


Предлог закон за дополнување на Законот за јавното обвинителство ќе се објави на Електронски национален регистар на прописи на ЕНЕР, најави денеска Министерството за правда.  Носењето на законското дополнување, според Министерството, произлегува од потребата за зајакнувањето на механизмите за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и со него се прецизира надлежноста на органите и […]

Тетовскиот мед од костен носи шампионски награди од целиот Балкан


За најдобар мед од костен два шампионски пехари од Србија донесе тетовецот Владимир Петровски. Овие две награди, според Владимир, не се само негови личен успех, туку показател на квалитетот на овој вид мед во Полошкиот регион, особено во потшарпланинското подрачје. Тој чува пчели во селото Непроштено, кое е опкружено токму со костенови дрвја. Костенот е […]

Без вода дел од Центар


Поради уличен водоводен дефект од ф-80мм на ул. „Аминта Трети“ бр.3 во населба Центар, изутрина од девет часот без вода  се дел од корисниците од бул. „Илинден“, на потегот од Градски парк до Влада.  Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување со работните активности, најави ЈП „Водовод и канализација“.

Есен е време на вируси, носите маски низ гужви во затворени простории, предупредуваат епидемиолозите


После познатите подваријанти Кракен и Ерис, кои се сѐ уште присутни, Омикрон доби уште една подваријанта Пирола, која што значајно се разликува од своите претходници и поради тоа Светска здравствена организација (СЗО) оваа подваријанта ја означи како „варијанта под надзор” а тоа значи дека во сите земји треба да се следи. Независно од симптомите на […]

Аеромитинг кај Стенковец по повод 100 години македонска авијација


На спортскиот аеродром во скопски Стенковец, денеска ќе се одржи голем аеромитинг по повод одбележување на јубилејот „100 години македонска авијација“, за чиј почеток се смета основањето на Аероклубот Скопје во далечната 1923 година.  Свои обраќања на настанот, како што е најавено, ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски,  министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 16  септември 2023 година, 259-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 106 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 14 минути, а ќе зајде во 18 часот и 42 минута. Денов трае 12 часа и 27 минута. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Полиција ќе патролира низ Центар по последните насилства во општината


Случајот со нападнато 3-годишно дете во Дебар Маало од пијан педофил, ја поттикнаа општината да побара поголемо присуство на полицијата, па така денеска најавија засилено полициско присуство особено во делот околу Градскиот парк. – Вечерва со МВР договоривме засилено полициско присуство за да ја зачуваме безбедноста на децата и граѓаните. Насилничкото однесување во општината е […]

Пациентите од Клиниката за онкологија и вечерва протестираа пред ЈО


Протест за случајот со Клиниката за онкологија се одржа и денеска пред Јавното обвинителство во Скопје. Засегнати пациенти со истите барања, пред зградата на обвинителството порачаа дека сакаат истрагата да биде брза, особено во делот на лекарствата за, како што велат, да знаат тие што се најзасегнати како да го продолжат своето лекување. Пациентите од […]

Од 2 до 13 октомври ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода


Општина Кисела Вода продолжува со активности за заштита на животната средина и го повикува целокупното население да се приклучи на уште една значајна иницијатива. -Во согласност со нашата визија за зачувување на животната средина и грижата за општествената заедница, од 02 октомври 2023 до 13 октомври 2023 година, ќе спроведеме нова акција за бесплатно собирање […]

Приведени лицата што му се закануваа на градоначалникот на Гази Баба


Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска (15.09.2023) ги лишија од слобода С.М. , Ф.М. и М.М., во врска со пријавата од градоначалникот на општина Гази Баба, кој на 11.09.2023 во СВР Скопје пријави дека три лица упатувале закани по неговиот живот поради претходно извршено уривање на дивоградба во с. Инџиково. […]

Сообраќајот во прекин за камиони и наизменичен за автомобили на патот Дебар – Маврово


Поради сообраќајна несреќа на патниот правец Дебар – Маврово кај  Бошков мост, од 15.30 сообраќајот е во прекин за товарни возила, а за патнички возила се одвива наизменично, соопшти Автомотосојузот на Македонија.  АМСМ информира и дека од 15.05 часот е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кој претходно беше во прекин поради густ […]

Педофил, пијан нападнал и допирал 3-годишно дете во Дебар Маало


Пред два дена, во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот […]

(Видео) Локализирани краците од пожарот во близина на село Долгаец, фрлени над 25 тони вода


 Локализирани се краците од пожарот во близина на село Долгаец, во општина Долнени, додека во другите делови пожарот е се уште активен и се преземаат мерки за негово локализирање. Полицискиот хеликоптер Бел-412 ЕП  до сега врз пожарот исфрли над 25 тони вода, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР посочуваат дека полицискиот хеликоптер постапува […]