До 8 јули затворен за сообраќај патот Велес – Градско поради асфалтирање од 8 до 18 часот


Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, АМСМ информира дека поради асфалтирање, од денеска до 8 јули годинава, ќе биде затворена за сообраќај селницата Велес – Градско (во н.м. Градско) во периодот од 08:00 – 18:00 часот. Од АМСМ потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните …

До 8 јули затворен за сообраќај патот Велес – Градско поради асфалтирање од 8 до 18 часот Read More »

Прифатен е усогласен текст на договор за воспоставување два заеднички гранични премина со Косово


 Владата на денешната седница го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за заеднички гранични премини: „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце – Глобочица“ и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот помеѓу двете влади за воспоставување на овие два заеднички гранични премина. …

Прифатен е усогласен текст на договор за воспоставување два заеднички гранични премина со Косово Read More »

Се активираат процедури за динамично завршување на изградбата на Клиничка болница – Штип


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Договорот за изведба на Клиничка болница – Штип, пришто е разгледано и усвоено решение за динамично завршување на изградбата на новиот објект на болницата, согласно законските процедури.   Целта е, соопштија од владината прес-служба, граѓаните на Штип и вработените …

Се активираат процедури за динамично завршување на изградбата на Клиничка болница – Штип Read More »

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка


АМСМ информира дека од 16:50 часот на магистралниот пат А-1, патен правец Прилеп-Градско, поточно во атар на село Тројаци, сообраќајот е во прекин во дватта правци. Сообраќајот е во прекин поради случена сообраќајна незгода.

МП: Нови изводи на родени со графа националност, упатството не се коси со законите


Нови изводи на родени со графа националност. Упатството не се коси со законите, туку е во согласност со Законот за матична евиденција, соопшти Министерството за правда, споделувајќи фотографии од новите изводи. – Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од …

МП: Нови изводи на родени со графа националност, упатството не се коси со законите Read More »

И по два уписни рока, во „Раде Јовчевски Корчагин“, „Јосип Броз Тито“ и во „Орце Николов“ има уште слободни места


Гимназиите „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ се двете училишта во кои бројот на слободни места е пополнет по два уписни рока. Интересно е дека популарните скопски гимназии „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, се училиштата во кои и по двете пријавувања, има слободни места. Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско …

И по два уписни рока, во „Раде Јовчевски Корчагин“, „Јосип Броз Тито“ и во „Орце Николов“ има уште слободни места Read More »

Во петок ќе се решава судбината на Белата палата


Наскоро ќе биде познато дали ВМРО-ДПМНЕ ќе остане без ,,Белата палата”, поточно без луксузното партиско седиште, пишува  „Фокус“. Овој објект беше конфискуван по првостепената пресуда за случајот ,,Талир 2″, а сега Апелација треба да пресуди дали партијата дефинитивно ќе остане со празни раце. Поточно, во петок, на 7 јули, во Апелација е закажана јавната седница …

Во петок ќе се решава судбината на Белата палата Read More »

„Титаник“: Апелација ја намали затворската казна за Јанакиески, ја укина за Јанкуловска


  Апелација преиначи дел од казните за обвинетите во предметот „Титаник“, а дел  ги потврди. За Мартин Протуѓер останува условната осуда, за Миле Јанакиески се намалува казната за девет месеци и сега ќе треба да одлежи 3,6 години, Гордана Јанкуловска сега доби условна осуда наместо 2,5 години казна затвор, a Мунир Пепиќ исто добива условна …

„Титаник“: Апелација ја намали затворската казна за Јанакиески, ја укина за Јанкуловска Read More »

Судиите и јавната администрација да сфатат дека им служат на граѓаните


-Проблемите во правосудството кога станува збор за независноста и професионалноста не се од скоро време, туку се наследени од осамостојувањето на државата и воспоставувањето на новиот судски систем. Последните случувања во Судскиот совет покажуваат дека е допрен врвот во беззаконието. Потребни се долгорочни решенија, да се искористи примерот на судиите со интегритет, кои се спротивставиле …

Судиите и јавната администрација да сфатат дека им служат на граѓаните Read More »

Граѓани од Крњево со колички со бебиња на седница на Општина Центар


  Дел од жителите на центарската населба Крњево, денеска беа присутни на седница на Советот, каде треба да се гласа за предлог-одлуката за донесување на Детален урбанистички план Градска четврт ЦС 07-Крњево 2. Со 17 гласови „за“ и двајца воздржани, тој беше изгласан од советниците. Некои од нив беа дојдени со бебиња во количка, а …

Граѓани од Крњево со колички со бебиња на седница на Општина Центар Read More »

Јакимовски до Мицкоски: На колку години ја направи првата хидроцентрала?


Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски денеска на прес-конференција што ја одржа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, побара од нејзиниот лидер Христијан Мицкоски да одговори како го стекнал имотот во изминатите години. Единственото прашање, рече Јакимовски, кое го посочува деновиве тој и неговите сопартијци е како внукот на Али Ахмети, на 25 години …

Јакимовски до Мицкоски: На колку години ја направи првата хидроцентрала? Read More »

Мостот на „Љубљанска“ готов до крајот на годината


Новиот модерен мост на „Љубљанска“, кој ќе ги поврзе улиците „Илинденска“ и „Скупи“, но и општините Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари, ќе биде готов кон крајот на годината. Широк е 24 метри, има четири коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни и претставува вистинско архитектонско решение, изјави вицепремиерот задолжен за …

Мостот на „Љубљанска“ готов до крајот на годината Read More »

Јакимовски негира дека ќе ги урне игралиштето и фонтаната спроти СД „Гоце Делчев“, граѓаните утре протестираат


Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, негира рушење игралиште и фонтана во Карпош откако дел од жителите на општината преку писмо порачаа дека се планира игралиштето, фонтаната и зеленилото покрај булеварот „Теодосиј Гологанов“ да се претворат во згради со точка од ДУП. Јакимовски најави дека фонтаната, плоштадот и игралиштето покрај булеварот нема да се рушат. …

Јакимовски негира дека ќе ги урне игралиштето и фонтаната спроти СД „Гоце Делчев“, граѓаните утре протестираат Read More »

Инспекциски надзор на ДСЗИ на Гинекологија


Во тек е инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на Универзитетската клиника за гинекологија каде во неделата родилка се обиде да си го одземе животот. – Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде …

Инспекциски надзор на ДСЗИ на Гинекологија Read More »

Конфискуваниот имот на Мијалков наскоро на јавно наддавање


Конфискуваниот имот на Сашо Мијалков во судскиот предмет „Империја“ за кратко ќе биде објавен на јавното електронско наддавање кое Агенцијата за управување со одземен имот ќе го направи согласно законот и по согласност на Владата, најави денес директорот на оваа Агенција, Дритон Небиу. -За неколкуте мошне актуелни случаи за конфискација веднаш преземав иницијативи со дадена …

Конфискуваниот имот на Мијалков наскоро на јавно наддавање Read More »

УХМР за утре најавува локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град, најавуваат од УХМР. И во Скопската Котлина утре …

УХМР за утре најавува локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град Read More »

Јавна дебата за урбаното зеленило и урбанистичко планирање


Јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање, ќе се одржи на 6 јули 2023 (четврток), од 11 до 13 часот, во салата на Советот на Град Скопје, во организација на Зелен институт, во рамките на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“. Проектот се работи во соработка со Градот Скопје и Факултетот …

Јавна дебата за урбаното зеленило и урбанистичко планирање Read More »

Дескоска: Уставниот суд да го поништи упатството за етничка графа во изводите


Одлуката на Уставен суд да почне постапка е добра вест, а законот е испочитуван бидејќи тој предвидува националност во матичните книги, а не во изводот. Изводот не мора да ги содржи сите податоци од матичната книга, објави професорката и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска откако Уставниот суд одлучи да го преиспитува новото Упатство за …

Дескоска: Уставниот суд да го поништи упатството за етничка графа во изводите Read More »

Повеќе од 10.000 ученици се запишаа во средно стручно


Врз основа на финализираните ранг листи за првото и второто пријавување за упис во средно училиште за учебната 2023/24 година се запишале вкупно 15.481 ученици, информираат од Министерството за образование и наука (МОН). Од нив 11.325 ученици се за настава на македонски наставен јазик, 3.852 на алабански, 298 на турски и 6 на српски наставен …

Повеќе од 10.000 ученици се запишаа во средно стручно Read More »

Жители на Карпош гневни – властите ќе уништат парк, за да никнат згради


„Во среда, 5 јули, Стевчо Јакимовски на седница на Советот на Општина Карпош ќе направи напор да го смени деталниот урбанистички план Ј03 блок 02, и ќе се обиде детското игралиште, фонтаната и огромното зеленило покрај булеварот „Теодосиј Гологанов“ да ги претвори во згради“, алармираат жители на Козле, гневни на градоначалникот и на општинските власти. …

Жители на Карпош гневни – властите ќе уништат парк, за да никнат згради Read More »