„Манаки“ ѝ дава посебен живот на Битола во седумте денови филмска магија


БИТОЛА – Започнува ИФФК „Браќа Манаки“ која дава посебен шарм во секојдневието на Битола. Едноставно, градот во седумте филмски фестивалски денови ја живее магијата на големото платно. Во Битола се слават кинематограферите, а публиката ужива во визуелната естетика. Низ градот е развижено, со многу странски гости, со еден збор кажано, градот живнува  и културно и во […]

Театарот за деца и младинци – Скопје со „Роња, ќерката на ограбувачот“ на фестивал во Мостар


Театарот за деца и младинци – Скопје на 22 септември 2025 година (понеделник) во 19:30 часот ќе ја изведе наградуваната куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ во Куклениот театар во Мостар, Босна и Херцеговина, во рамките на петтиот Меѓународен фестивал на куклена уметност во Мостар (ФЛУМ 2025), што ќе се одржи од 21 до 26 […]

МНТ: Стоечки овации за македонските актери и „Ничија земја“ на фестивалот „Театар без граници“ во Ќустендил


Македонскиот народен театар синоќа ја отворил првата фестивалска вечер на новиот европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници“ во Ќустендил, Бугарија. МНТ соопшти дека претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, била одиграна пред преполна сала со 700 гледачи, „кои ја наградија маестралната актерска игра со громогласни стоечки овации и […]

Промоција на стихозбирката „Совршен поет“ во чест на Игор Исаковски


Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави стихозбирката „Совршен поет“ – книга со собрана поезија на Игор Исаковски (1970-2014) по повод 55 години од неговото раѓање, и ќе ја промовира вечер во кафе-книжарницата Буква од 20 часот.  -Во слава на поетот Игор Исаковски,  на 55-годишнината од неговото раѓање. Книгата има 700 страници собрана поезија на еден од […]

Комеморација за Илинденка Петрушева во Кинотеката на Македонија


НУ Кинотека на Македонија денеска од 13 часот организира комеморација во чест на Илинденка Петрушева (1944–2025) – филмски критичар, публицист, истражувач, долгогодишен раководител и советник во Кинотеката, основач и уредник на списанието „Кинопис“. Како што соопшти Кинотеката, Илинденка Петрушева е една од најзначајните личности во развојот на македонската филмска култура и историографија, а комеморацијата ќе […]

Грчки танго маратон во Скопје


Во ексклузивен настан посветен на понатамошно поттикнување на културните врски и соработката меѓу Грција и Северна Македонија, „Центар 213“, во соработка со Амбасадата на Грција во Северна Македонија, го организираше вториот танго маратон „Emotions” – Грчко издание, кој се одржа во хотелот Limak Skopje Luxury од 12 до 14 септември 2025 година. 150 учесници од […]

Балканска средба на писатели


Во Културниот центар „Феникс“ денеска ќе се одржи поетска средба со српските писатели Видак Масловариќ и Мајо Даниловиќ. Масловариќ е потпретседател на Здружението на писателите на Србија, а Даниловиќ е координатор за словенските земји на Светската академија за поезија под патронат на УНЕСКО со седиште во Верона (Италија). Поетите Масловариќ и Даниловиќ се годинашни добитници […]

МНТ со претставата „Ничија земја“ ќе го отвори новиот европски фестивал „Acting Europe“ – Театар без граници“ во Ќустендил


Македонскиот народен театар со претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, ќе ја отвори првата фестивалска вечер на новиот европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници“, што ќе се одржи од денеска до 21 септември во бугарскиот град Ќустендил.  Во претставата играат актерите Сашко Коцев, Тони Михајловски, Гораст Цветковски, Александар […]

Во МСУ самостојната изложба на Џем A.: „Музеј отворен до понатамошно известување“


Во Музејот на современа уметност вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Џем A.: „Музеј отворен до понатамошно известување“. Изложбата, чии куратори се Јованка Попова и Никола Узуновски, ќе се отвори со „Крит клуб“ перформанс.  „Крит клуб“ е перформанс на Џем A. во кој две екипи дебатираат на некое нереалистично прашање поврзано со уметноста. Во […]

МОБ ја отвора новата балетска сезона со премиера на „Градина на почетоците“


Со премиерната изведба на „Градина на почетоците“ од композиторот Стојан Стојков, Националната опера и балет в петок, на 19 септември, ја отвора новата балетска сезона. Во претставата по либрето на Ефтим Клетников, главните ликови им се доверени на Марија Кичевска Шокаровска, Ева Перковска, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Симона Колиштркоска и Ендру Кук (Англија).  Кореографијата е […]

Јон Вардар со премиери во Кина, Германија и Романија


Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со својата меѓународна фестивалска авантура. Во наредните недели филмот ќе биде прикажан на три престижни фестивали: Меѓународниот филмски фестивал на патот на свилата (Silk Road International Film Festival) во Кина, Фестивалот за детски и младински филмови Шлингел (SCHLiNGEL International Film Festival for Children and Young Audiences) во Германија и Галактички Имагинариум (Galactic Imaginarium) во […]

Вечер на музика и уметност во КИЦ Истанбул


Македонскиот Kултурно-информативен центар во Истанбул денеска ќе биде домаќин на двоен културен настан, кој ќе ја обедини музиката и ликовната уметност. Програмата ќе почне во 19:00 часот со концерт на Александра Кировска (гитара) и Мила Николовска Ѓумар (сопран). Публиката ќе има можност да ужива во спојот од класични дела и современи композиции – од O. […]

„Изгубениот сон на југословенскиот дрим тим“ ja отвара 10. „Киненова“, Лив Улман со награда за животно дело


 Три документарни и три играни филмови ќе бидат прикажани на 10. Меѓународен филмски фестивал на дебитантски филм Киненова 2025, годинава под мотото „Фати го дур не полета“. Фестивалот ќе се одржи од 28 септември до 5 октомври. На отворањето на фестивалот во Македонската опера и балет ќе биде прикажан филмот „Изгубениот сон на југословенскиот дрим […]

Врвни издавачи и литературни агенти на 12. „Скопје фелоушип“ во рамките на ПРО-ЗА Балкан 2025


Претставник на италијанскиот гигант „Џунти едиторе“, поранешна директорка во „Рандом хаус“ и актуелна уредничка на британска издавачка куќа, еден од најугледните издавачи на книги за деца од Украина, шпанскиот издавач на Јосип Коцев, унгарскиот издавач на Румена Бужаровска, претставничка од ТРАДУКИ, директор на литературна агенција од ОАЕ, претставник на Интернационалната алијанса на независни издавачи и […]

Авторот на „Мементо за Истанбул“ доаѓа на „Букстар“ во Скопје


  Турскиот писател Ахмет Умит ќе биде специјален гостин на Фестивалот за европска литература „BookStar“ кој ќе се одржи од 29 септември до 2 октомври, на повеќе локации низ Скопје, како дел од програмата на странски автори кои оставиле значаен белег во светската книжевност. Гостувањето на Умит е најавено под насловот „Мајсторот е тука!“. „Ахмет […]

„Танец“ на балканска турнеја


Националната Установа-Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, со гордост најавува голема балканска турнеја. Оваа турнеја претставува исклучителна можност за публиката низ регионот да го доживее богатството и убавината на македонскиот фолклор преку врвните изведби на нашите уметници. Турнејата насловена „Ритамот на душата-бојата на традицијата“, ќе опфати повеќе градови во соседните земји; 24.09.2025година, од 19:30ч […]

Бујар Муча го подобри своето првично решение за Универзална сала – почна со Шилегов, ќе заврши со Љутков


Подобра акустика, но со целосен капацитет на куполата, заштита од бучава на околните згради, дислокација на гардеробите за да се ослободи простор во фоајето, сцена која може да се моделира во зависност од потребите на перформансот, како и канцеларии за 50 работни места предвидува новиот план за изградба на Универзалната сала во Скопје, реконструкција престана […]

Античкиот театар Аспендос во Турција ја собра оперската и балетска елита за Меѓународниот фестивал


Светската оперска и балетска елита и љубителите на класичната уметност се собраа во Турција, во античкиот театар Аспендос во близина на Анталија. Со изведбата на „Турандот“ во која настапија оперската дива Олга Маслова од Русија и оперската сензација Рикардо Маси, започна 32-то издание на Меѓународниот фестивал за опера и балет, кој ќе трае до 1 […]

Д (како Дездемона) на Рисима Рисимкин пред публиката во Верона


 Во рамки на фестивалот Планет Шекспир во Верона, на сцената на театарот „Камплој“ на 13 септември, е изведена претставата „Д (како Дездемона) на Рисима Рисимкин во продукција на Скопје танцовиот театар.  По втор пат дело на Рисимкин, работено врз творештвото на Шекспир, е покането на фестивалот во Верона. – Прекрасно беше чувството да настапиме пред […]

Годинава ИФФК „Браќа Манаки“ со филмови од најрелевантните филмски фестивали


Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ќе почне на 20 септември, годинава во Битола нуди филмови од најрелевантните филмски фестивали. Според Слаѓан Пенев, селектор на главната фестивалска програма, за фестивалот на кинематограферите од светот, најважна е визуелната естетика. -Ова е фестивал на кинематограферите и најважна е визуелната естетика. И тоа е првиот критериум […]