Националниот џез оркестар ќе ја заврши годината со европска турнеја и три концерти во Скопје
Националниот џез оркестар (НЏО) денеска на прес-конференција ги соопшти активностите до крајот на 2025 година меѓу кои е претстојниот заеднички концерт со американскиот состав „Јелоуџекетс“ (Yellowjackets) во НОБ и европска турнеја во Будимпешта, Прага и Виена во средината на идниот месец, како и два концерта во декември. На 6 ноември во Националната опера и балет […]