Промовирана книгата „30 современи грчки автори“ во Скопје и во Атина


Книгата „30 современи грчки автори“ деновиве доживеа промоции во Скопје и во Атина. Книгата, која содржи препев на 30 песни од автори од Грција, во Скопје беше свечено промовирана во соработка со Амбасадата на Грција во земјава. На настанот лично присуствуваа четворица од авторите: Хрисанти Иакову, Ефтихија Кателанаки, Манос Мавромустакакис и Никос Влахакис, истакнати поети, […]

Објавени конкурсите за државните награди „Мето Јовановски“ и „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2025


Министерството за култура и туризам соопшти дека се објавени конкурсите за доделување на државните награди „Мето Јовановски“ и „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2025 година.  Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Државната награда им се доделува на поединци, здруженија на […]

Со настапот во „Музикферајн“ во Виена, Филхармонија испишува историја, вели директорот Имери


Директорот на Македонската филхармонија Мустафа Имери на денешниот прес по повод новата концертна сезона 2025-2026, насловена „#Без филтер“  што стартува на 2 октомври,  со концертот на кој како солист ќе настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија, го најави и гостувањето во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена , […]

Премиера на младинската претстава „Челинџ“ во Театарот за деца и младинци


Во Театарот за деца и младинци утре во 20 часот ќе се изведе премиерата на новата младинска претстава „Челинџ“, авторско и режисерско дело на Јане Спасиќ. Претставата трае 78 минути и е наменета за публика на возраст од над 12 години и раскажува за викенд-екскурзија на која кога еден од учениците исчезнува без трага, групата е […]

Проекција на „101 отсто – кој ги контролира твоите избори?“ на „Џифони Македонија“


Краткиот филм „101 отсто – кој ги контролира твоите избори?“ (101% – Who controls your choices?), авторско дело на Роберта Манцо, Винченцо Капоне и Иленија Лука, претставници на Италијанската државна полиција, ќе биде прикажан денеска во 17 часот во киното „Фросина“, во рамките на програмата Creative You(th) Talks. Проекцијата е од отворен тип, а по […]

НОБ ја почнува сезоната на 3 октомври со „Реквием“ од Моцарт


Остануваат уште неколку дена до свеченото отворање на сезоната 2025/2026 во Националната опера и балет со едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Ова монументално остварување повеќе од два века ја фасцинира и инспирира публиката ширум светот и се смета за едно од најзначајните и […]

Пред бројни гости свечено се отвори „Букстар“, врачена наградата на Блаже Миневски


Наградата за најактуелна книга меѓу двете изданија на фестивалот „Букстар“ синоќа му беше врачена на Блаже Миневски за збирката раскази „Опаш во устата“ („Антолог“, 2025), за време на свеченото отворање на единаесетотто издание на фестивалот на европска литература во преполната сала на Културно-информативниот центар во Скопје. – Секоја награда е признание за добитникот, а сите […]

Претстави, изложби и промоции на Бела ноќ во сабота во Скопје


Манифестацијата Бела ноќ ќе се одржи во сабота во Скопје. Културните институции ќе организираат претстави, изложби и промоции, кои ќе бидат отворени и достапни за сите посетители, а организатори се Универзална сала и Град Скопје. Како што информираат од Универзалната сала, програмата предвидува настан во Сули Ан  од 20 часот „Стара скопска чаршија: визии за […]

„#Без филтер“: Филхармонија најави уште една возбудлива музичка сезона со врвни диригенти и солисти


Новата концертна сезона на Македонската филхармонија се отвора в четврток, во 20 часот со концертот насловен „Класика РеСтарт“ на кој како солист ќе настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски. На програмата се дела од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак.  Директорот на Македонската филхармонија, Мустафа Имери, потенцираше дека новата […]

Кирил Џајковски, добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“: Се радувам што филмската музика добива заслужено внимание


Филмот е скапа уметничка форма и бара големи вложувања, но е важно да се инвестира во уметноста и во младите сили, вели во интервју за МИА, композиторот Кирил Џајковски, годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што се доделува на ИФФК „Браќа Манаки“ и која како што изјави, за него е награда што […]

Промоција на книгата „Проникнување“ од Епископ Давид (Нинов) и Синоличка Трпкова


Во организација на Културно информативниот центар – Скопје, книгоиздателство „Макавеј“ и уметничкиот кружок „Кино Дирижабл“ вечер во  Салон 19:19 ќе се одржи промоција на книгата „Проникнување“ на Епископ Давид (Нинов) и Синоличка Трпкова. Промотори на книгата се епископ хераклејски Климент, Академик Катица Ќулавкова, Сашо Гигов Гиш. На промоцијата учествуваат членовите на Кино Дирижабл“: Драган Ампов, Сашо […]

Книжевна вечер со Иван Џепароски


Во организација на Српскиот културно-информативен центар „СПОНА“ вечер во 19 часот ќе се одржи книжевна вечер со истакнатиот поет, филозоф, критичар, антологичар и препејувач, Иван Џепароски. Средбата е посветена на српските изданија на неговите поетски книги „Светлината на Света Гора“ (Светлост Свете Горе, Београд: Граматик, 2018.) и „Град“ (Град, Београд: 2023.). Оваа книжевна вечер е […]

Промоција на „Драмолетање“ – книга драми во издание на МТФ „Војдан Чернодрински“


Во издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп вечер во 19 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе биде промовирана книгата „Драмолетање“. Четири драми избрани од првиот повик и пичинг форум што се организираше во рамките на 59-то издание на фестивалот, се застапени во ова важно издание за македонската драматургија. Станува […]

Промоција на „Афористичка татковина“ од Ирена Павлова де Одорико во ДПМ


Книга афоризми под наслов „Афористичка татковина“, дело на Ирена Павлова де Одорико: поетеса, компаративка, новинарка, писателка, дводомна авторка која живее во Италија и во Македонија, ќе биде промовирана вечер во 19 часот во Друштвото на писателите на Македонија. Промоцијата на „Афористичка татковина“ (издание на „Интеракција плус“, 2023), која авторката ја посветува на својот татко, неодамна […]

Репортажа : Една поинаква мистична Турција со археолошки и културни богатства заштитени од УНЕСКО


Сами со себе меѓу археолошки и културни богатства, откриени од домашни или американски археолози, со величествените пејзажи извајани од ветер и вода, со чудни кули слични на замоци, среде непрегледни жолти пространства со сиромашна вегетација, во тишина и со случајни туристи околу вас, и звук на птици кои го параат синото небо. Прва средба со […]

Игор Џамбазов лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“


На свеченоста по повод официјално отворање на 17. Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка денеска му беше врачено признанието лауреат на годинашното издание на првенецот на МНТ, познатиот македонски актер, глумец и шоумен Игор Џамбазов. Организатор на фестивалот е Општина Крива Паланка, а на свеченоста беше истакнато дека Игор Џамбазов е безвременски […]

Љутков на Светската конференција на УНЕСКО  во Барселона


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја предводи македонска делегација на Светската конференција на УНЕСКО за културни политики и одржлив развој „Мондиакулт“, што од денеска до 1 октомври  се одржува во Барселона, Кралство Шпанија. Како што соопшти Министерството, Љутков на конференцијата  ќе има свои обраќања на тематската сесија „Културни права и Економија на културата“ […]

13. „Џифони Македонија“: Снимајте филмови, пишувајте сценарија, борете се за вашите проекти


Младите од осум земји учесници на 13. „Џифони Македонија“ имаа богат викенд исполнет со проекции на филмови, ги започнаа своите работилници, а и дискутираа за филмовите што ги гледаа. Програмата на фестивалот се реализира во Кинотеката, каде што работат јуниорите, односно основците од шесто до деветто одделение, додека во Младинскиот културен центар се средношколците, кадети […]

Мастерклас на Даг Јохан Хагеруд на Киненова: Никогаш немав голем буџет за филм


Годинешниот добитник на наградата „Златна грива“ за особен придонес во филмската уметност, Даг Јохан Хагеруд, денеска во рамките на програмата на 10. издание на МФФ Киненова одржа мастерклас на ФДУ каде со студентите и учесниците од фестивалот разговараше за начинот на снимање, на пишување сценарио, избор на ликови, финансирање на филмовите… -Приказната не е важна […]

„Македонска крвава свадба“ во октомвриската програма на „Кинотека“


 „Кинотека“ и овој октомври нуди програма што на јасен начин сведочи за нејзината улога како централна институција на филмската меморија и културното сеќавање во земјата. Преку внимателно селектирани проекции, репертоарот гради мост меѓу старите традиции на кинематографијата и современите изрази, покажувајќи ја динамичната врска помеѓу историското и актуелното, помеѓу локалното и глобалното, информираат утрово од […]