Османли и Маџиров ја претставуват  македонската литература во грчката антологија „Балкан“


Од 26-28 септември, во Грција ќе се одржи важна културна и книжевно теоретска средба, Првиот Конгрес  на интелектуалци, насловена „Меѓубалкански литературни среќањава“ со поднаслов „Разбирајќи го Балканот низ литературата“, настан во чиј пресрет е објавена и  антологијата „ Б а л к а н – современа книжевна антологија“ (издание на „Маѝстрос“, Атина, 09.2025).  Антологијата, која има 456 страници е составена од Еви Вулгараки Писина, Ангелос Калогеропулос и Димитрис Склирис. Станува збор за уште една, за недолго време објавена јазично комплетна книжевна антологија што опфаќа преводи на грчки, од сите балкански јазици. Таа опфаќа 57 автори и 12 преведувачи што приопшиле литературни дела од Грција, Србија, Романија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, […]

„Вечер со Олга Панкина“ во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) вечер ќе се одржи „Вечер со Олга Панкина“ – преведувачка, поетеса и промоторка на македонската книжевност и култура. Со оваа вечер ќе бидат одбележани два значајни јубилеи: педесет години од основањето на Лекторатот за македонски јазик во Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ и петнаесет години од отворањето на Македонскиот […]

Денови на хрватски филм во Кинотека


Од денеска до 20 септември во Кинотека ќе се одржува манифестацијата Денови на хрватски филм. Публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и најуспешните дела на хрватско кино. Церемонијата на отворањето ќе почне со филмот „Ustav Republike Hrvatske“ (2016) во режија на Рајко Грлиќ. Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката […]

На 96 години почина маестро Кристоф фон Доњани, аристократ зад пултот


Кристоф фон Донaњи (1929–2025), истакнат германски диригент познат како „аристократ зад диригентскиот пулт“, почина само два дена пред неговиот 96-ти роденден, во Минхен. Кливлендскиот оркестар, со кој маестрото помина многу сезони како музички директор, од 1984 до 2002 година, го објави ова во соопштение за медиумите. Со нив, тој направи бројни снимки од широк спектар […]

Наградата „Ристо Шишков“ за Билјана Драгичевиќ-Пројковска


Билјана Драгичевиќ-Пројковска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Наградата ја доби за улогата на Корин Фел во претставата „Гидеоновиот јазол“ од Џона Адамс, во изведба на Драмски театар од Скопје. Наградата, која се состои од златен медалјон со […]

„Денови на хрватски филм“ во Кинотека


„Денови на хрватски филм“ се одржува во Кинотека од понеделник, 15 септември до сабота, 20 септември 2025 година, со проекции што почнуваат во 20 часот . Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Северна Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска. Публиката ќе има можност да […]

Љутков изврши увид во реализацијата тековните и планираните проекти во Дојран и Гевгелија


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од  Заводот и музеј – Струмица, денеска реализираше работна посета на општините Дојран и Гевгелија со цел увид во тековни и планирани проекти од областа на културата и културното наследство.   Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век со висока историска, архитектонска и духовна […]

„Вечер со Олга Панкина“ на 15 септември во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија на 15 септември, со почеток во 19 часот, ќе се одржи „Вечер со Олга Панкина“ – преведувачка, поетеса и промоторка на македонската книжевност и култура. Воедно, со оваа вечер ќе бидат одбележани два значајни јубилеи: педесет години од основањето на Лекторатот за македонски јазик во Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, […]

Љутков во работна посета на Дојран и Гевгелија


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска е во работна посета на Дојран и Гевгелија.  Како што соопштуваат од Министерството за култура и туризам, во рамки на посетата Љутков ќе оствари средби со претставници на локалната самоуправа и ќе посети повеќе значајни културно-историски споменици и локалитети во регионот на Дојран и Гевгелија, по што […]

Почнува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea#9


Во организација на издавачката куќа „Бегемот“ од денеска до недела во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе се одржува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea#9. Традиционално, освен книжевноста, која е постојан елемент на фестивалот, и оваа година ArtArea е планирана со богата програма од различни културни зони. Фестивалската тема годинава е „Македонската алтернативна музика“, на која преку неколку тематски […]

„Плејбои…“ пристигнуваат во Драмски на 23 октомври


   Претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ се игра во Скопје на 23 октомври во 20 часот. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште,  Местното гледалишче Љубљанско и […]

„Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски – победник на првиот конкурс за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“


Ракописот „Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски е победник на првиот конкурс за најдобар необјавен роман за деца и млади „Оливера Николова“. На изборот за наградата, која ја востанови издавачката куќа „Арс Ламина“ со поддршка на семејството на Николова, пристигнаа 38 ракописи од 37 автори. Во најтесен избор за наградата беше романот „Сам во рој“ од Иван […]

Гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел прв пат во Скопје – ќе настапи со НЏО на 1 октомври во НОБ


Гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел, кого Ерик Клептон го нарече „гениј“, за првпат ќе настапи во Скопје заедно со Националниот џез оркестар. Концертот ќе се одржи на 1 октомври 2025 година, во 20 часот, во Националната опера и балет, под диригентство на маестро Владимир Николов. „Њујорк тајмс“ за него пишува: „Со само неколку ноти, Курт Розенвинкел […]

Концерт на пијано на Леонид Петрески  в сабота во Даут пашин амам


В сабота – 13.09.2025 година во НГ Даут Пашин Амам во Скопје во 20 ч, солистички концерт ќе одржи младиот и надежен пијанист Леонид Петрески. Концертот се одвива во рамките на Фестивалот за современа музика Модоарс 2025 кој по 19-ти пат се одржува во Скопје. Фестивалот Модоарс е повеќе од музички фестивал, бидејќи во својата […]

Врачување на Меѓународната награда „Драги“ на добитниците Крамер и Гроу во Охрид


 Македонистката Кристина Крамер, професорката која 35 години предава македонски јазик на Катедрата по славистика на Универзитетот во Торонто и преведувачот Роли Гроу се годишните добитници на Меѓународната награда „Драги“ што се доделува за најдобар книжевен превод на дела од македонски автори на странски јазик. Крамер и Грау престижното признание го добиваат за нивниот превод на […]

Киро Урдин: Му дадовме уметнички аспект на визуелното решение за 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“


Оваа година мултимедијалниот уметник Киро Урдин е автор на плакатот за 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. -Разговаравме со одговорните луѓе од ИФФК „Браќа Манаки“ кои ми посочија дека имаат намера оваа година да му дадат еден уметнички аспект на визуелното решение за најновото издание. Во договор со фестивалските челници, имавме две-три опции, се одлучија […]

Денови на претстави од независна продукција во Драмски театар


Со претставата „Слугинки“ во режија на Теодора Силјаноска, во Драмскиот театар во Скопје вечер започнуваат Деновите на претстави од независна продукција. До 20 септември на двете сцени на театарот ќе се играат претставите од независната продукција создадени во изминатите две години – „Слугинки“, „Криег“, „Folie a Deux“, „Лекција“, „Те чекам“, „Волкот на љубовта“, „Фетишист“, „Хинкеман“ […]

Кој е филмот за кој се протестираше на Филмскиот фестивал во Торонто?


Торонто- Тензии ја одбележаа светската премиера на документарецот „The Road Between Us: The Ultimate Rescue “ на Филмскиот фестивал во Торонто, каде што во среда се судрија пропалестински и произраелски демонстранти. Надвор од салата „Рој Томсон“, околу сто полицајци мораа да постават барикади за да ги разделат двете групи кои се обидуваа да се засенат […]

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложба „Простори на конјукција“


Во рамките на празнувањето на Денот на независноста – 8 Септември, освен музичката програма со Скопскиот дувачки квинтет – денеска во Македонскиот културен центар во Белград беше отворена исклучително интересна изложба „Простори на конјукција“ – во соработка со Националната галерија на Македонија и Министерството за култура. Изложбата првично е претставена во Софија во август, сега […]

Аплаузи и овации: „Профундис“ со прва Candlelight турнеја во Босна и Херцеговина


Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ со голем успех ја реализира својата прва Candlelight турнеја во Босна и Херцеговина, настапувајќи во три преполни концертни сали во Сараево, Тузла и Мостар. Секоја вечер, илјадници свеќи создаваа волшебна атмосфера, а музиката на „Профундис“ предизвикуваше бурни аплаузи, стоечки овации и искрени емоции кај публиката. Candlelight концертите, кои се одржуваат во […]