НОБ ја отвори сезоната на Штраус, гламурот и шампањското: Магијата на „Лилјакот“ (фото)


Се случи виенско чудо во Скопје. Во саботата, големата сцена на Националната опера и балет блескаше како никогаш досега! Премиерата на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II беше вистински празник на музиката, хуморот и гламурот. Публиката ги награди уметниците со долготраен аплауз и стоечки овации, а во воздухот се чувствуваше радост, елеганција и гордост што ова […]

Отворена изложба за оперската дива Милка Ефтимова: Емотивен ден за македонската култура


Изложба посветена на примадоната со светска кариера, Милка Ефтимова (1936-2025) , беше отворена денеска во амфитеатарот на Спомен – куќата на Мајка Тереза. Автор е Василија Чали, а кураторки се Елизабета Марковска од Музејот на македонската борба за самостојност и Цветанка Вучковска – Митовска од Спомен – куќата на Мајка Тереза.  Поводот е 25 октомври […]

Објавен е „Речник на синоними во македонскиот јазик“, од д-р Толе Белчев и д-р Снежана Веновска-Антевска


Во издание  на „Бата прес“ објавено е  делото„Речник на синоними во македонскиот јазик“, од д-р Толе Белчев и починатата универзитетска професорка д-р Снежана Веновска-Антевска.Делото е објавено со поддршка на Министерствово за култура, во рамките на Националната програма за издаваштво за 2025 година. „Станува збор за лексикографски труд кој бездруго, влегува во богатото семејство на македонски […]

Предавање за Прличев, Миладинов и Чинго во македонскиот КИЦ во Софија


Во македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Софија, вечер (18:30), ќе се одржи предавање на проф. д-р Димитар Пандев по повод 195 години од раѓањето на Григор Прличев и Константин Миладинов и 90 години од раѓањето на Живко Чинго.  – Јубилејни спомени на три големи имиња од македонската книжевност. Годинава одбележуваме значајни јубилеи на тројца истакнати […]

Премиера на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II во НОБ


 На големата сцена на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври во 20 часот. Диригент на оперетата е Бисера Чадловска, режијата на Љупка Јакимовска, […]

„Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар ќе ги отвори 25. Есенски музички свечености


Во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје од денеска до 10 ноември ќе се одржи јубилејното 25. издание на фестивалот „Есенски музички свечености“. Фестивалот свечено ќе биде отворен со концертот на Националниот џез оркестар насловен „Македонски сновиденија“, под диригентската палка на Владимир Николов со почеток во 20 часот на сцената на Малата […]

РУТА фестивалот со седум претстави во Драмски од утре до 31 октомври


  „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ утре го отвора фестивалот РУТА во Драмски театар Скопје. Во копродукцијата учествуват ансамблите на Драмски театар Скопје, Београдско драмско позориште, Местно гледалиште љубљанско и Центар за култура Тиват. Улогите во претставата правена […]

Младите уметници да бидат трпеливи и подготвени, вели Весна Ѓиновска Илкова, автор на македонската порака за Светскиот ден на операта


  Да продолжиме да создаваме и креираме музика зошто никогаш повеќе не ни требала културата нам, и ние нејзе!, вели оперската примадона Весна Гиновска Илкова, авторка на годинешната македонска порака за Светскиот ден на операта, 25 октомври.  Весна Ѓиновска-Илкова ( 1972, Скопје)  е првенка на операта на МНТ. Таа е вистинска оперска ѕвезда на домашната […]

„Билни прилагодувања“: Оливер Мусовиќ по 18 години излага во МСУ и слави јубилеј


По 18 години, мултимедијалниот ликовен уметник Оливер Мусовиќ, еден од водечките автори во својата генерација ќе го претстави своето творештво во Македонија. Изложбата „Билни прилагодувања“ ќе одбележи 30 години од неговото творештво, односно од неговата прва самостојна изложба во Уметничката галерија, Битола, во 1995 година. Неговата последна самостојна изложба „Уметникот“ беше отворена во Музејот на […]

Во Кинотека македонските филмски класици по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство


На 27 октомври (понеделник), сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот ќе го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со активности, промоции и настани со кои фокусот на светската јавноста го насочуваат кон значењето и ранливоста на аудиовизуелното наследство. Како дел од тоа големо семејство на професионалци и институции посветени на заштитата и сочувувањето на филмското културно наследство, […]

Полурецитали на виолинистот Леонардо Димоски и пијанистот Шкељзен Бафтиари


 Во Камерната сала на Македонската филхармонија вечер полурецитали ќе одржат виолинистот Леонардо Димоски (во пијано придружба на Виктор Рафајловски) и пијанистот Шкељзен Бафтиари. На програмата се дела од Прокофјев, Лист, Прошев и Шопен. Леонардо Димоски е роден во 2004 година во Битола. Музичкото образование го започнува на шестгодишна возраст во Прилеп во ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“, во […]

„Народен пратеник“ на МНТ продолжува со регионалната турнеја, следната станица „Борини позоришни дани“


Претставата „Народен пратеник“ на МНТ денеска во главната натпреварувачка програма ќе биде изведена на сцената на театарот „Бора Станковиќ“ во Врање како дел од 45. издание на реномираниот театарски фестивал „Борини позоришни дани“. Со ова дело, како што се наведува во соопштението на МНТ, Бранислав Нушиќ уште еднаш потсетува дека смеењето е најсилното оружје против […]

Проекција на три експериментални видео театарски проекти во Мобилна галерија ЦАЦ Скопје (Парк на Франкофонијата)


Во Мобилната галерија ЦАЦ Скопје (Парк на Франкофонијата), Македонскиот центар ИТИ/Продукција вечер и утревечер ќе има проекција на три експериментални видео театарски проекти проследени со отворени модерирани дискусии со креативната екипа која ги создава. Публиката ќе може да ги проследи видеата „Destination: Skopje-Gabrovo“ (2020), „The PCR Song“ (2021) и „KRIEG/ACINSELAK“ (2024). Покровители на настанот се […]

Никола Ристановски со уште една награда во Белград – за улогата во „Уна“ во режија на Пројковски


Стручното жири на 34.Фестивал „Денови на Зоран Радмиловиќ“, во состав: д-р Мирослав Радоњиќ, претседател, д-р Душко Љуштина, член и Ирфан Менсур, член, донесе едногласна одлука Наградата за најдобро актерско достигнување на Фестивалот да му ја додели на Никола Ристановски за улогата на Мишел Бабиќ во претставата „Уна“ според романот на Момо Капор, текст на Стеван […]

ДПМ нема да ги додели наградите на тематскиoт конкурс на  „Празник на липите 2025“


Во врска со анонимниот конкурс „Помеѓу пејзажот и бетонот“ во рамки на манифестацијата „Празник на липите“, која се одржа на 13 и 14 јуни оваа година, УО на ДПМ  на својата последна седница бр. 12-2025/1 ја донесе следната Одлука:  „Поради констатираните неправилности, нетранспарентност во начинот на избор на наградените творби, како и повлекување на двајца […]

Во македонскиот КИЦ во Белград почнува литературна манифестација „Денови на македонската литература за деца 2025“


 Од денеска до сабота во македонскиот Културно-информативен центар во Белград ќе се одржи литературната манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2025“. Воведно обраќање попладнево во 18 часот ќе имаат: директорот на македонскиот КИЦ во Белград, проф. д-р Васко Шутаров и програмскиот уредник на проектот м-р Ели Маказлиева. На манифестацијата ќе има презенатција за значењето […]

Восхит, недоумица и возбуда: Уметноста на Михаил Корубин не носи во нов Артокенс универзум (галерија)


Вечерва на изложбата на Факултетот за ликовни уметности, објект Педагошки факултет, не ја видовме  уметничката бескрајна приказна, светлост, раце, очи и ликови кои истовремено личат на секого и на никого, по која е препознатлив дома и во светот, уметникот Михаил Корубин, дел од една долга семејна историја на уметници и дел од лозата на великаните […]

Ентериерот на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ – најдобар според Асоцијацијата на архитекти на Македонија


Ентериерот на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ е прогласен за најдобар на овогодишните награди што ги додели Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). На 20 октомври, во рамките на официјалното затворање на БИМАС XXII – Биенале на македонската современа архитектура, што се одржа во Музејот на современата уметност – Скопје, „Платформа“ ја доби престижната награда […]

Драмски со претставата „Кармен“ на театарски фестивал во Анкара


Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар Скопје на 24 октомври ќе учествува на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС Анкара 2025. Фестивалот се одржува од 16 до 26 октомври во главниот град на Турција. Годинава под мотото „Градот и театарот“ на фестивалот ќе учествуваат театарски уметници, амбасадори на културата, претставници на центри за култура и членови на […]

„Поетроника за млади“ – нов проект на Оливер Митковски и Андреја Салпе со српската поетеса Радмила Петровиќ


По успешниот пат на уметничкиот проект „Поетроника“, кој со спој на поезија и електронска музика создаде нов сценски израз, авторите Оливер Митковски и Андреја Салпе го претставуваат своето ново, едукативно продолжение – „Поетроника за млади“ со настап на 29 октомври во Јавна соба во Скопје. -Проектот произлегува од идејата да ги научиме младите да ја […]