Солзи, прегратки и аплаузи на концертот „Дон Кихот во Скопје“ во фоајето на НОБ 


Скопје, синоќа, во фоајето на НОБ, пред уважени гости, амбасадори и претседателката Гордана Силјановска-Давкова (со дузина телохранители) ја слушна светската премиера на концертот во три става „Дон Кихот во Скопје“, за пијано, гитара, наратор и камерен оркестар, напишан годинава од двајцата врвни автори и брачна двојка- маестрата Дијана Илкоска-Имери и  пијанистот Дино Имери. Вечерта беше […]

Во македонскиот КИЦ во Загреб отворена изложба за фотографите Арсовски кои ги поврзаа Скопје и Загреб


  Во македонскиот КИЦ во Загреб вчера беше промовирана научната монографија „Во потрага по фотографите Арсовски“ и отворена изложбата „Арсовски – Фотографи“ посветена на претходно целосно непознатото, но исклучително вредно фотографско творештво на семејството Арсовски. Изложбата и публикацијата отвораат ново поглавје во историјата на македонската и хрватската фотографија со кое што се надополнува значаен сегмент […]

Во Битола концерт на македонскиот ансамбл „Консонанс“


Ансамблот  „Консонанс“ , основан во 2007 година во кој членуваат инструменталисти од Филхармонијата, вечер во битолскиот Офицерски дом ќе приреди концерт. Македонските уметници, музачари посветени се на камерната музика истражувајќи ги можностите на дрвените дувачки инструменти, односно флејта, кларинет, англиски рог и  бас кларинет. Во ансамблот членуваат Здравко Ангелов – кларинет, Маја Чанаќевиќ – англиски […]

Концерт на Дарко Багески и Петар Танески во македонскиот КИЦ во Софија


Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи концерт на Дарко Багески (гитара) и Петар Танески (кларинет). Како што соопшти КИЦ Софија, на програмата на инструменталното дуо се дела од Георг Фридрих Хендел, Волфганг Амадеус Моцарт, Астор Пијацола, Ѓора Фејдман, Радојка Живковиќ, Никола Бадев и традиционални македонски песни. […]

Изложба посветена на Милка Ефтимова на 27 октомври во Спомен куќата на Мајка Тереза


По повод 25 Октомври – Денот на операта во амфитеатарот на Спомен куќата на Мајка Тереза на 27. овој месец ќе се одржи изложба посветена на Милка Ефтимова. Како што информираат организаторите, изложбата е резултат на соработка меѓу НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и Музеј на Македонската борба за самостојност. -Изложбата ја слави уметноста, […]

Францускиот институт носи два дена во знакот на креативноста, технологијата и претприемништвото


Скопје ќе биде домаќин на два настани што го спојуваат светот на иновациите, креативните индустрии и младото претприемништво — во организација на Францускиот институт во Скопје, во соработка со Бизнис акцелераторот УКИМ и Европската заедница за иновации и технологии (EIT). На 28 октомври 2025 година, во Арена Борис Трајковски, ќе се одржи конференцијата „Иновации во […]

Јани Бојаџи има нов филм „Утре наутро“ – премиера на 19 ноември во Синеплекс


„Утре наутро“ е политичка драма во кој ги опсервирам луѓето кои ги носат одлуките со чии последици се соочуваме ние. Мене живо ме интересира кои се луѓето кои ги носат одлуките со кои ние се носиме, оној висок општествен круг луѓе. Ова е приказна инспирирана од вистински настани кои се случиле меѓи 2014 и 2017 […]

Концерт на ансамбл Консонанс во Офицерски дом – КИЦ Битола


Концерт на ансамблот „Консонанс“  ќе се одржи на 22.10.2025 г. во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола,  во 20 часот. Ансамблот  „Консонанс“ е основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на почетокот беше составен исклучиво од дрвени дувачки инструменти, но денеска во својот состав вбројува и други инструменталисти кои го збогатуваат звукот на овој ансамбл. Консонанс е посветен на изведбата […]

Битола се воодушеви, на ред е Скопје: Михаил Корубин со изложба и промоција на книгата „Артокенс“ 


Битола, градот на конзулите, минатиов месец, прв ги виде изложбата „Артокен Генеза“ и новата книга „Артокенс“ на еден од најомилените уметници од помладата генерација Михаил Корубин, од семејството на славни сликари како Миле и Рубенс Корубин, во галеријата „Магаза“ . На изложбата, во инспиративна атмосфера, привлекувајќи голем број посетители, љубители на современата уметност и култура, […]

Виенски шарм во Скопје: Започна одбројувањето до премиерата на „Лилјакот“


На 25 октомври во 20 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, во 20 часот. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка […]

Јуроп хаус продолжува со културната програма во Кочани


По успешната септемвриска програма исполнета со активности за млади, Јуроп хаус ја продолжува есенската културна и едукативна програма во Кочани. Во текот на октомври, програмата ќе се реализира во соработка со Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани како и со “SupportKochani”, со цел да се придонесе кон културниот живот во градот и […]

Дон Кихот во фокус на мултимедијален настан по повод Националниот ден на Шпанија


На 21 октомври од 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“, што ќе опфати концерт со премиера на македонско дело, изложба на слики и скулптури и промоција на книга во чест на славниот витез Дон Кихот. Настанот е организиран од Амбасадата на Шпанија во […]

Претставата „Малата Фрида“ победник на 4. ИФДТ „Игор Маџиров“ 2025


Претставата „Малата Фрида“ во режија на Аница Томиќ, а во изведба на Градскиот театар „ЖАР ПТИЦА“ од Загреб, Хрватска ја освои Гран при наградата на 4. Издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што се одржа од 15 до 18 октомври годинава. – Претставата е топла, духовита и со визиелно раскошна сценографија и […]

„Народен пратеник“ на МНТ со овации во Брчко


Македонскиот народен театар, синоќа, со претставата „Народен пратеник“ настапи на 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина. -Салата беше исполнета до последното место – повеќе од 400 гледачи уживаа во изведбата со очигледно воодушевување, наградувајќи ја тимската актерска игра со неколкуминутен стоечки аплауз и овации, кои создадоа силна емотивна врска меѓу сцената […]

Изградбата на Универзална мрдна од место – избран изведувач


Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје. Денес е донесена Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – […]

ДПМ реагира по повод оштетувањето на спомен-куќата на Владо Малески во Струга


  Друштвото на писателите на Македонија будно и со длабока загриженост го следи случајот со спомен-куќата на Владо Малески во Струга, која претрпе сериозни оштетувања поради небрежност при градежни работи во нејзина непосредна близина. Куќата на Владо Малески, еден од деветтемина основачи на Друштвото на писателите на Македонија, има статус на поединечно заштитено добро, а […]

Бах и Шопен во џез варијанта и во Скопје? Зошто да не?


Почна омилениот фестивал на Скопјани, подалеку од политика и смрад од ѓубре, со урбана публика, каде по традиција се доаѓа да видиш, да бидеш виден, со грижливо конципирана богата програма, втемелена на ексклузивноста, актуелноста и современиот џез . Скопски џез фестивал за многумина од нас „е  неколку дена чувство дека живееме во нормално општество и […]

Љутков ќе ја посети оштетената куќа на Владо Малески во Струга


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета на Струга и Охрид. Министерот Љутков, како што соопшти неговиот кабинет, во Струга ќе го посети оштетениот објект на споменикот Стара Струшка куќа на ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 16 – куќата на Владо Малески која е прогласена за значајно културно наследство. Во […]

Изложба „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“ на Васил Василев


 Во Даут пашин амам вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на Васил Василев насловена „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“. Викторија Васева Димеска, историчарка на уметност, оценува дека скулпторскиот опус на Васил Василев е континуум на темелни, истрајни и инвентивни истражувања.  Таа посочува дека асоцијативните вертикали, дел од последниот […]

Премиера на „Мало невино убиство“ во велешкиот театар


На големата сцена на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ вечер во 20 часот премиерно ќе биде  изведена црната комедија „Мало невино убиство“ од францускиот автор Жан – Пјер Мартинез, во режија на Деан Дамјановски.  Во претставата играат Васил Зафирчев во улога на Алан, Кети Борисовска во улога на Ева и Талија Настова како […]