Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски


Свечено доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски ќе се одржат на 5 ноември (среда), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе се обрати жирито […]

„Фрида од Македонија“ со концерт на „Есенски музички свечености“


На 02.11.2025г. (недела) во 20 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи концерт на женскиот хор „Фрида од Македонија“ насловен „Фрида Музикотерапија“, во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“.    Аматерски женски хор ФРИДА е формиран во октомври 2023 година. Основач, раководител и диригент на хорот е Сузана Турунџиева – вокален солист […]

На 8 ноември почнува „Буквождер“, нова македонска анимирана серија за деца


На 8 ноември на МРТ и на јутјуб каналот на Бушава азбука ќе почне да се емитува „Буквождер“, нова македонска анимирирана серија за деца која ја слави магијата на јазикот, пријателството и заедништвото. Малите херои, Дарија, Марко и Филип заедно со нивниот чудесен сојузник бувчето Ѕе, тргнуваат во авантури полни со хумор, музика и корисни […]

Концерт на гитаристот Георги Шарески на фестивалот „Есенски музички свечености“


Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, вечер од 20 часот во Салон 19:19 во Културно-информативниот центар-Скопје концерт на соло гитара со авторска музика ќе одржи Георги Шарески – гитарист, композитор и аранжер. Како што соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организатор на фестивалот, Шарески се истакнува со својот препознатлив стил, спојувајќи балкански ритми со […]

Со книгата „Италијанската литература и култура…“ студентите ќе откријат нова димензија на барокот, просветителството и неокласицизмот


Поттикнати од потребата да се збогати наставата по италијанска книжевност со дело што на едно место ќе ги обедини најзначајните италијански автори и изданија од 17 до почетокот на 19 век, професорките од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-р Јована Караникиќ-Јосимовска, го создадоа делото „Италијанската литература […]

Свечено затворање на фестивалот „Златна лира“ со доделување на награди и концерт на пијанистот Глигор Гелебешев


Во Музејот на македонската борба, вечерва во 20 часот, ќе се одржи свеченото затворање на фестивалот „Златна лира“, во организација на Здружението на музички уметници на Македонија (СМУМ). Во рамки на настанот ќе бидат доделени традиционалните награди „Златна лира“. Наградата за животно дело годинава ѝ се доделува на истакнатиот кларинетист и професор Стојан Димов, за […]

Националниот џез оркестар ќе ја заврши годината со европска турнеја и три концерти во Скопје


Националниот џез оркестар (НЏО) денеска на прес-конференција ги соопшти активностите до крајот на 2025 година меѓу кои е претстојниот  заеднички концерт со американскиот состав „Јелоуџекетс“ (Yellowjackets) во НОБ и европска турнеја во Будимпешта, Прага и Виена во средината на идниот месец, како и два концерта во декември.  На 6 ноември во Националната опера и балет […]

Скопското Кале пак во фокусот на заштита како културно наследство


По долг временски застој, Управа за заштита на културното наследство го потпиша договорот за завршување на двата музеи на Праисторискиот и Османлискиот период на Скопското Кале – еден од најзначајните симболи на културното наследство на Македонија, информираат од Управата. Оттаму потенцираат дека со овој договор е предвидена целосна санација и адаптација на овие два објекта […]

Преполна сала. Стоечки овации. Виена на нозе го поздрави настапот на Филхармонија


„Преполна сала. Стоечки овации. Виена на нозе и со бескрајно долг аплауз ја поздрави беспрекорната музичка изведба на Македонската филхармонија“, стои во објавата на Фејсбук, на националната установа.      „Синоќа, на сцената на една од најпрестижните концертни сали во светот, во срцето на Виена, градот каде што се роди класичната музика, оркестарот на Македонската […]

„Гласот во твојата глава“ – нова книга на Коста Петров


Вечерва (29 октомври), во Three Kitchen Bar, од 19 ч., ќе се одржи промоција на новата книга на Коста Петров, „Гласот во твојата глава“, во издание на Издавачки центар ТРИ. По големиот успех на неговите претходни книги, Петров се враќа на сцената со дело што ветува да ја допре најдлабоката точка во секој читател. „Гласот […]

Пет кратки филмови, пет женски визии за инспиративни регионални приказни во рамките на проектот „Кадар-на“


Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, денеска во Кино салата на Вардар филм во Скопје ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите планирано е да се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите.  Филмовите кои ќе може да се погледнат се Сенките […]

Радмила Петровиќ, Оливер Митковски и Андреја Салпе со „Поетроника за млади“ во Јавна соба


Поетесата Радмила Петровиќ, еден од најсвежите гласови на современата српска поезија, ќе настапи заедно со актерот Оливер Митковски и електронскиот продуцент Андреја Салпе во рамки на новото издание на уметничкиот проект „Поетроника за млади“. Настанот ќе се одржи вечерва во 20:00 часот во Јавна соба. Проектот „Научи ги младите да ја сакаат музиката и поезијата“, […]

Почнува 22. Интернационален фестивал на античка драма „СТОБИ 2025“


 На големата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес со претставата „Агамемнон-кругот на крвта“ во изведба на „NEW YORK La MAMA EXPERIMENTAL THEATRE CLUB“ од Њујорк, САД вечерва во 20 часот свечено ќе биде отворено 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „СТОБИ 2025“. Концептот, адаптацијата, режијата и изведбата на една од главните ролји […]

Рубенс Корубин и Јове Магдески добитници на третоноемвриските награди на Прилеп за животно дело


Уметникот Рубенс Корубин и фудбалерот Јове Магдески се годинашни добитници на Наградата за животно дело што ја доделува Прилеп по повод празникот на градот, 3 Ноември – денот на конечното ослободување. Корубин е основоположник на нео-романтизмот во светски рамки, а Магдески има особен придонес за фудбалот во Прилеп. На Магдески, наградата за животно дело му […]

Белградската претстава „Повеќе од игра“ на фестивалот РУТА во Драмски – трае четири часа


Во рамки на фестивалот РУТА (Регионална унија на театри), вечер на сцената на Драмски театар-Скопје ќе гостува Београдско драмско позориште со претставата „Повеќе од игра” во режија на Иван Вуковиќ, која е адаптација на текстот на Слободан Стојановиќ за истоимената култна ТВ-серија од крајот на 1970-тите години.  „Повеќе од игра“ носи благородна  идеја за заедништво […]

„Магичниот македонски триаголник“ – омаж на Прличев, Миладинов и Чинго во Софија


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа едно историски значајно и научно предавање, односно Првото македонистичко предавање насловено „Магичниот македонски триаголник“. Настанот беше посветен на тројцата великани на македонската книжевност – Григор Прличев, Константин Миладинов и Живко Чинго, по повод 195 години од раѓањето на Прличев и Миладинов и 90 години од раѓањето на […]

Словенечката писателка Симона Хамер на книжевна резиденција во Скопје


Издавачката куќа „Готен“ соопшти дека словенечката писателка, драматург и драмска авторка Симона Хамер била последна гостинка што престојува во Скопје на циклусот книжевни резиденции за 2025 година што „Готен“ ги организира со поддршка од европската мрежа за преводи и книги „Традуки“.  -Нејзиниот прв роман, „Цимери“,  беше објавен во август 2025 година од „Цанкарјева заложба“. Така, […]

Промоција на книгата „Поетики на современата европска драма и театар“


Во Францускиот институт во Скопје вечер во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Поетики на современата европска драма и театар“ од Деспина Ангеловска, театролог и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Книгата, објавена од издавачката куќа „Темплум“, ќе ја промовираат Бесфорт Идризи, декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Лада […]

Филхармонија гостува на престижната сцена на „Музикферајн“ во Виена


Оркестарот на Македонската филхармонија во вторник (28 октомври) ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена – дом на Виенската филхармонија и место каде што секој 1 јануари се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот. Настапот на Македонската филхармонија на сцената на „Музикферајн“ во Виена претставува заокружување на […]

Колеги и пријатели се сеќаваат на Жарко Лаушевиќ, меѓу нив и Милчин и Унковски


Во Белград е објавена нова монографија за Жарко Лаушевиќ, кој во 2023 почина на 63-годишна возраст, по кратко и тешко боледување. Легендарниот црногорски актер и писател и еден од најпопуларните екс-ју глумци, беше познат по филмовите како „Хасанагиница“, „Игмански марш“, „Лазар“, „Јагоди во грло“, „Доброволци“, „Убавината на порокот“, „Шмекер“ „Сив дом“, „Офицер со роза“, „Лето“, […]