Секоја песна е некој „час“: час по молчење, час по слушање, птичји час…, вели Владимир Мартиновски за сонетниот венец
Како магистрал во сонетен венец што ги обединува стиховите од сонетите, вчеравечер (16 април) во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со промоцијата на сонетниот венец „Часови без часовник“ од Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет во Скопје, беше крунисано и заокружено второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“. Сонетниот венец, во издание …