Oбјавен преводот на „Големиот канцелар“ од Булгаков


Приопштувањето дела од големиот руски писател Михаил Булгаков, Книгоиздателството ВиГ ЗЕНИЦА го заокружи со превод на Големиот канцелар – повеќекратни, обемни верзии на познатиот роман Мајсторот и Маргарита. (ВиГ ЗЕНИЦА во изминати три години ги објави речиси сите, тринаесет драми – Драми I, Драми II и избор од  расказите на Булгаков.) Познато е дека Булгаков […]

Избрани финалистите за годишните награди на ДПМ за 2025


Друштвото на писателите на Македонија ја информира јавноста дека анонимните жири-комисии задолжени за изборот на добитниците на петте традиционални годишни награди на ДПМ за 2025 г. ги избраа делата што влегуваат во најтесен избор. Од осумтеполуфиналисти (од вкупно седумнаесет пријавени дела)за наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобро прозно дело објавено во 2025 г., поради […]

Филмот „Мајка вештерка“ во официјалната селекција на Ротердамскиот филмски фестивал


Филмот „Мајка вештерка“ на кипарскиот режисер Минос Папас, во чија копродукција учествува и македонската компанија „Фокус Покус“,  денеска ќе биде прикажан во официјалната селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам.  Приказната се одвива во 1882 година на Кипар и го следи животот на Елени – образована сликарка и мајка чиј свет се распаѓа кога нејзините […]

Јоана Сарафимовска е нов в.д. директор на Центарот за култура во Куманово


Јоана Сарафимовска е именувана за вршител на должност директор на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор Сашо Тодоровски. Сарафимовска, дипломиран филолог по турски јазик со македонски јазик,  беше вработена во установата, каде работи како стручен соработник за драмска дејност. Нејзиното именување е извршено од страна на […]

„Денови на литературата“ со попусти на книги до 70 %, грепки со подароци и повеќе од 30 настани


Шестото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 5 до 22 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk. Во рамките на продажната акција ќе бидат понудени попусти на книги до 70 %, грепки со подароци и повеќе од 30 настани: промоции на нови наслови, работилници за деца, како и дружби со […]

Град Скопје го објави првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“


Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.   „Со отворањето на овој конкурс, Скопје влегува во нова фаза во која идеите треба да прераснат во реални, одржливи и европски релевантни културни проекти.  Проекти кои нема да живеат само една […]

„Срам и пари“ со македонска копродукција награден на „Санденс“


„Срам и пари“ (Shame and money) во режија на Висар Морина, ја освои големата награда на жирито – World cinema grand jury prize: Dramatic, на овогодинашното издание на филмскиот фестивал „Санденс“, соопштија денеска од екипата. Филмот е реализиран како ко-продукција помеѓу Германија, Косово, Северна Македонија, Словенија, Албанија и Белгија. Македонски ко-продуцент е Марија Димитрова со […]

Во 2026 најмногу ќе се инвестира кај загрозеното наследство и кај објекти од национално значење


 За инвестициско и техничко одржување и за набавка на опрема на националните установи  пристигнале 239 проектни апликации за 2026 година и по евалуацијата се прифатени 66 проекти со вкупен износ од 15.500.000 денари.  Министерот Зоран Љутков соопштувајќи ги резултатите од годишните конкурси по дејности на прес-конференција во Владата посочи дека овие средства се наменети за […]

На конкурсите за проекти од културата за 2026 пристигнале 2618 пријави


Преку електронскиот систем за аплицирање на годишните конкурси за проекти од културата за 2026 година пристигнале  2618 пријави, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков соопштувајќи ги резултатите од конкурсите, нагласувајќи дека овој број на пристигнати апликации го потврдува интересот и довербата во системот. -Се работи за проекти кои ќе ја збогатат културната понуда, […]

Кој е во Координативното тело за Скопје европска престолнина на културата 2028? 


Град Скопје како реакција на новинарски текст ги објави членовите на Координативното тело кои се вклучени во проектот за Скопје европска престолнина на културата за 2028, со решение избрани на 2 јануари 2025 година, и објавени на веб страницата на проектот. „Координативното на „Скопје ECoC 2028“ ги обединува културните професионалци, креативните визионери и партнерите од […]

Што за Охрид ќе значи статусот на светско наследство во опасност?


  Во јуни ќе се знае дали Охрид и охридскиот регион ќе бидат ставени на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО.  Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО Што за Охрид ќе значи тој статус, објаснуваат од ОхридСОС:  „Доколку биде усвоена нацрт-одлуката на Комитетот, не значи дека Охридскиот регион ќе биде избришан од […]

Почина Тихомир Јанчовски, поет и професор


Почина Тихомир Јанчовски, поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, соопшти Друштвото на писатетелите на Македонија (ДПМ).   Со длабоко жалење и со огромна тага известуваме за прераното заминување на нашиот драг Тихомир Јанчовски (1967, Скопје): поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи […]

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална, но ќе мора да помине рокот за жалба


 В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзалната сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба – рече денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Како што нагласи Љутков, едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација. – Комисијата работи и процесот е […]

Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО


Извештајот за спас на Охридското езеро е пратен во УНЕСКО, потврди денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што изјави Љутков, одговор за тоа дали ќе бидеме ставени на Листата на светско наследство во опасност може да се очекува во јуни, кога треба да се одржи следната сесија на УНЕСКО во Јужна Кореја и […]

Националниот џез-оркестар со настап со гудачки ансамбл ја отвора новата концертна сезона


Националниот џез-оркестар со настап со гудачки ансамбл, составен од музичари на Националната опера и балет, вечер, во 20 часот, во Филхармонијата ќе ја отвори новата концертна сезона 2026.  Од Националчниот џез-оркестар информираат дека станува збор за редок и внимателно обликуван музички спој, што отвора нова звучна димензија во современата македонска орекстарска практика. Под диригентство на […]

Љутков: Цените на билетите ги одредуваат националните установи


Министерството за култура и туризам своите обврски си ги завршува во предвидениот законски рок. Навреме до Собранието ја има доставено одлуката и за наградата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, истакна ресорниот министер Зоран Љутков одговарајќи на пратеничко прашање на Соња Мираковска од СДСМ за недоделувањето на оваа награда за 2025 година. Тој појасни дека причина за доцнењето било […]

В сабота проекција на грчкиот филм „Што ако“ во Кинотека


Проекција на грчкиот филм „Што ако“ (What If), во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе се одржи в сабота во 20 часот, во Кинотека. Настанот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има за цел да ја приближи публиката до современата грчка […]

„Татко Мајка Сестра Брат“ на Џим Џармуш, добитник на Златен лав во Венеција, од денес во Синеплекс


Добитникот на Златниот лав во Венеција, филмот „Татко, мајка, сестра, брат” на Џим Џармуш, медитација во три дела за семејствата, стареењето и нелагодните врски меѓу родителите и нивните возрасни деца, од денес е на репертоарот на Синеплекс.  Поделен на поглавја сместени во Њу Џерси, Даблин и Париз, филмот прикажува ансамблска екипа, вклучувајќи ги Том Вејтс, […]

Хрватска кино премиера на „Приказната за Силјан“


Хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска се одржа вчера вечер во загрепското Докукино Киц. Хрватската кино премиера беше во организација на хрватскиот дистрибутер „Рестарт“, „Волим документарце“ и македонскиот Културно-информативниот центар во Загреб. Како што информираат од македоницот КИЦ во Загреб, во преполната кино сала публиката имаше ексклузивна прилика да го види […]

Познати полуфиналистите за годишните награди на ДПМ за 2025 


Членовите на анонимните жири-комисии задолжени за изборот на добитниците на петте традиционални годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија ги дадоа своите први гласови за пристигнатите дела на конкурсот. Од вкупно 17 дела во трка за наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобро прозно дело објавено во 2025 г., во полуфиналниот круг влегуваат следните […]