Нематеријалното културно наследство впишано во УНЕСКО во фокусот на летната програма на македонскиот КИЦ во Загреб
Македонскиот КИЦ во Загреб во соработка со „Меѓународна смотра на фолклорот” – најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц, во рамки на официјалната програма од неговото 59. издание денеска со трибина и концерти ќе одбележи десет години од впишувањетo на „Гласоечкото пеење Долни Полог” на Ургентната листа на УНЕСКО. Македонскиот КИЦ во Загреб соопшти …