Осмомартовски концерт на „Охридско лето“: Патување низ различни музички светови со гитаристот Дејан Милевски


По повод 8. Mарт, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи свечен осмомартовски концерт  со настап на гитаристот Дејан Милевски. Концертот, кој ќе се одржи на 7. март во црквата „Света Софија“ во Охрид од 20 часот, ќе понуди богата стилска палета, од барокна елеганција, преку романтична лирика, до шпански […]

Концерт со Чајковски и Прокофјев и врвниот пијанист Алим Беисембајев во Филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток со почеток во 20 часот ќе го одржи симфонискиот концерт насловен „Нови хоризонти“ на кој како солист ќе настапи Алим Беисембајев од Казахстан, еден од најдобрите млади пијанисти во моментов на светската музичка сцена. Диригент е маестро Емил Табаков, а на програмата се Концерт за пијано и оркестар бр. […]

„Млади за Млади“ – концерт на Александар Ицковски (виолончело) и Давид Павиќ (пијано)


Музичка младина на Македонија ја започнува овогодишната концертна активност од циклусот „Млади за Млади“, дел од програмата „Млад музички албум“, со концерт што ќе се одржи вечер во 20:00 часот, во Салон 19:19 при Културно-информативниот центар во Скопје. Влезот е слободен. На концертот ќе настапат младиот виолончелист Александар Ицковски и пијанистот Давид Павиќ, кои ќе […]

Член на жири на БАФТА поднесе оставка поради расистичка навреда на церемонијата на  награди


Лондон – Членот на жирито на БАФТА, Џонте Ричардсон, поднесе оставка поради начинот на кој организацијата го реши инцидентот на доделувањето на наградите во недела, каде што активист со Туретов синдром извика расистичка навреда. Наградуваниот писател, режисер и продуцент одлучи да се повлече од жирито за таленти во подем на БАФТА по инцидентот во лондонската […]

„Тоска“, „Мадам Батерфлај“ и „Оревокршачка“ на мартовскиот репертоар на НОБ


Оперите „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од италијанскиот композитор Џакомо Пучини и балетот „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски се на мартовскиот репертоар на Националната опера и балет. – Во свет каде вистинските културни доживувања стануваат сè поретки, со особена чест ве покануваме да го доживеете март во МОБ — месец посветен на уметноста, традицијата и извонредноста. […]

Промоција на монографија за балетанот Антон (Тони) Баталаковски на 3 март во НОБ


  На 3 март 2026 година (вторник), во 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на монографијата „Мојот пат“, посветена на животот и професионалниот опус на Антон (Тони) Баталаковски – еден од позначајните личности во историјата на македонскиот балет. Автори на монографијата се др. Соња Здравкова-Џепароска и др. Александар […]

Почина Никола Глигоров, долгогодишен директор на „Скопско лето“


По кратко боледување почина Никола Глигоров, културен работник и долгогодишен директор на Дирекцијата за култура и уметност Скопје, кој последниве години беше во пензија, соопшти установата. Дирекцијата е организатор на манифестациите Скопско лето, Есенски музички свечености и Матурска парада, кои се одржуваат над 40 години. „Неговата посветеност и придонес во развојот на културниот живот на […]

Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам


Златни плакети за најдобра карикатура и афоризам на 27. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што се одржува во Струмица, жирито синоќа им додели на словачкиот карикатурист Роман Сика и на афористичарот Александар Чотриќ од Србија. Сребрена плакета за карикатура доби Миро Георгиевски од Македонија, а бронзена плакета македонскиот карикатурист Блаже Докуле. Награда од Струмичкиот […]

„Вечер на романтични балади“ во Битола


НУ Камерен оркестар на Битола свечено ќе ја отвори концертната сезона за 2026 година со концертот „Вечер на романтични балади“, соопштија од организацијата на настанот, што ќе почне во 20 часот во Офицерски дом – Битола. Под диригентската палка на Владимир Димовски, како што е најавено, оркестарот ќе ѝ понуди на публиката внимателно одбрана програма […]

Ова е актерот што ги победи Дикаприо и Шаламе на БАФТА 2026


Лондон– Во најзачудувачкиот момент на доделувањето на филмските награди БАФТА во синоќа, Роберт Арамајо направи изненадување што може веднаш да ја промени неговата кариера и трката за Оскарите следната година. Британскиот актер ја освои наградата за најдобар актер над конкуренцијата во која беа вклучени фаворитите Тимоти Шаламе, заедно со Леонардо Дикаприо и Мајкл Б. Џордан, […]

Вилијам и Кејт на црвениот килим на БАФТА среде драмата во кралското семејство


Лондон – Вилијам и Кетрин, принцот и принцезата од Велс заедно се вратија на гала доделувањето на филмските награди БАФТА по три години, среде драмата во кралското семејство. Принцот Вилијам, облечен во бордо кадифено сако и црна вратоврска, и Кетрин (порано позната како Кејт Мидлтон) во розов фустан од Гучи до подот, прошетаа по црвениот […]

Доделени наградите БАФТА 2026: „Една битка по друга“ ја освои вечерта, неочекуван пораз за фаворитот


Филмските награди БАФТА за 2026 година беа доделени во Кралската фестивалска сала во Лондон, а водителот беше Алан Каминг. Апсолутен победник на вечерта беше филмот „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон, кој освои шест награди, вклучувајќи најдобар филм, најдобар режисер и најдобро адаптирано сценарио. Потоа следуваа „Грешниците“ на Рајан Куглер и „Франкенштајн“ на […]

„Жолти писма“ на Илкер Чатак ја освои Златната мечка во Берлин на политички наелектризирана церемонија


Берлин – „Жолти писма“ на германско-турскиот режисер Илкер Чатак ја освои Златната мечка на 76-тото издание на Берлинале. Петтиот филм на Чатак по неговиот номиниран за Оскар „Салонот на наставниците“, драмата „Жолти писма“ сместена во Турција, ги следи животите на актерка и нејзиниот сопруг, професор по драмски уметности, чии животи се распаѓаат кога ќе се […]

„(С)обувки“ – сликовница без ниту еден збор што инспирира илјадници приказни


Вистински и измислени луѓе и суштества, боси и наредени во долга редица, одат кај најдобриот чевлар на светот. Во неговиот дуќан има обувки за сите и никој никогаш не останал бос! Некој веднаш ќе ги најде совршените обувки за себе, друг ќе се реши за обувките за кои долго мечтаел, некој – за оние што […]

Tрката за наградата „Роман на годината“ за 2025 година ја продолжуваат 22 романа


 Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 22 од 46-те пристигнати наслови на […]

„Матица“ и „Алкалоид“ со донација за првиот македонистички центар на универзитет надвор од Македонија


Денес, на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, донација од голем број клучни книги за македонскиот јазик, книжевност, култура и историја тргнува кон Љубљана. „Матица македонска“ од каде што и почна иницијативата за дарување книги и „Алкалоид“, општествено одговорна компанија што прва се приклучи кон иницијативата, заеднички донираат […]

Промоција на првата македонска нема сликовница – „(С)обувки“ вечерва во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“


Првата нема сликовница во Македонија – „(С)обувки“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана вечерва (20 февруари), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на „Денови на литературата“. Книгата е реализирана по идеја на Оливера Ќорвезироска и со илустрации на Наталија Лукомска. Покрај авторката […]

Рисимкин и Битровски гости на Еутопија денс во Италија


На покана на Џилда Цесарио, уметнички директор на “Еутопија” танцова компанијата, проф д-р Рисима Рисимкин и м-р Дејан Битровски деновиве претстојуваат во Таранто, Италија. Во рамки на проектот “AEthos X Lab” Рисимкин работи со компанијата на нова оригинална кореографија, на музиката е на композиторот Тони Китановски, костимите се на Благој Мицевски, а дизајн на светло на Матеа Мијановиќ. Во рамки на […]

Претстава „Љубовни писма“ со Игор Ангелов и Верица Недеска


Претставата „Љубовни писма“ (Love Letters) по истомената драма на  американскиот автор Алберт Рамсдел Гарни ќе биде изведена вечер во 20 часот во просторот на „The Dude Specialty Coffee“ во Скопје. Улогите ги толкуваат Игор Ангелов и Верица Недеска. Ангелов е и режисер кој за претставата избира  минималистички пристап. Текстот ја следи кореспонденцијата меѓу двајца луѓе […]

Операта „Травијата“ од Верди на сцената на НОБ


 Операта „Травијата“ од Џузепе Верди вечер ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет, во режија на  Верена Штојбер од Германија, под диригентство на гостинот од Италија, Лоренцо Бицари. Во главната улога Виолета Валери ќе настапи Наде Талевска. Благој Нацоски ќе настапи во улогата на Алфред Жермон, Марјан Јованоски – во улогата на […]