(Во живо) Галичка свадба: Денеска судбоносното „да“ ќе го кажат Огнен и Марина


Судбоносното „да“ денеска ќе го кажат зетот Огнен Караѓозовски и невестата Марина Петровска во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“ како дел од свадбарските обичаи во рамки на традиционалната манифестација „Галичка свадба“. Културно-туристичката манифестација „Галичка свадба“ започна синоќа со изведување на првите свадбени обичаи, во куќата на зетот каде се накити бајракот, а потоа со […]

Охридско лето: Словенечко народно гледалиште од Марибор ја отвори драмската програма


Словенечкото народно гледалиште „Драма“ од Марибор синоќа ја отвори драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ носејќи ја претставата „Самрак на боговите“ во  режија на еден од најпродуктивните хрватски режисери Далибор Матаниќ. „Самрак на боговите“ обработува исклучително тешка тема, фашизмот и безнадежнните позиции и страдања на човекот во тоа време,  но и покрај тоа, актерите со […]

Александар Поповски: Уметноста не смееме да ја нарачуваме како песна во кафана


Моќна уметничка порака завчера сподели на отварањето на „Охридско лето’ македонскиот режисер со светско реноме Александар Поповски кој е селектор на драмската програма на фестивалот. Потсети дека: „Уметноста не смееме да ја нарачуваме како песна во кафана. Треба да и го дадеме сиот простор кој и е потребен за да може самата да каже што […]

Американската амбасадорка Брнс го виде Охрид: Почнав да учам за вашата културна историја


Новата американска амбасадорка во Скопје Кејт Брнс веднаш по преземањето на новата должност, дојде и на отварањето на 59. „Охридско лето“ завчера на Античкиот театар. Таа викендов успеа да ги види и убавините на Охрид, да проба од локалните специјалитети и покрај Охридско езеро да оствари средба и со премиерот Заев. Во видео обраќање пред […]

Стоби сè уште изненадува


На комплексот околу Храмот на Изида во Стоби е откриен дел од мозаик, фрагменти од штуко-декорација и фонтана, што зборува за раскошот на овој археолошки локалитет. По 2009 година, ова е прво откритие на мозаик во Стоби кој датира од 4 век. Во Епископската базилика – најзначаен објект од ранохристијанскиот период во земјава и пошироко, […]

Симфонискиот оркестар на Бријанск на „Охридско лето“


Во предворјето на црквата „Света Софија“ вечер концерт ќе одржи симфонискиот оркестар на Бријанск во рамките на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“. Симфонискиот оркестар на Бријанск е основан во 2011 година од Едуард Амбарцумјан, кој е уметнички директор и диригент на ансамблот. Од првите денови на постоењето овој оркестар започнал интензивна концертна активност исполнувајќи […]

Ванеса Меј апелираше да престане труењето на животни во земјава


Светската виолинистка Ванеса Меј, која го отвори Охридско лето, упати видео порака за хуманост и против насилство врз животните. „Навистина ме растажува кога слушам дека во земјава се случуваат масовни труења на кучиња и мачки по улиците. Ја повикувам Владата да престане со слободна продажба на отрови затоа што тоа е навистина нехумана активност. Кучињата […]

(Галерија)„Охридско лето“: Ванеса Меј и дивоградбите како „диво месо“


Со концертот на британската ѕвезда, виолинистката Ванеса Меј, заедно со Македонската филхармонија и со уметници од Националната опера и балет, сношти беше отворено 59. „Охридско лето“. Во Античкиот театар во Охрид, претседателот на државата Стево Пендаровски, пред илјадната публика, гостите, уметниците и политичкиот врв на земјата, ветувајќи дека како држава ќе направиме сè да го […]

Значајните археолошки откритија ја зголемија посетеноста на Стоби


На комплексот околу Храмот на Изида во Стоби е откриен дел од мозаик, фрагменти од штуко-декорација и фонтана, што зборува за раскошот на овој археолошки локалитет. По 2009 година, ова е прво откритие на мозаик во Стоби кој датира од 4 век. Во Епископската базилика – најзначаен објект од ранохристијанскиот период во земјава и пошироко, […]

„Димитар Солев како полемичар“-нова книга од Веле Смилевски


„Димитар Солев како полемичар“ е насловот на новата книга на Веле Смилевски, објавена во издание на „Дијалог“ од Скопје. Димитар Солев (1930 – 2003) е едно од позначајните имиња во современата македонска литература. Во книгата на Веле Смилевски посебно место заземаат критичко-есеистичките и полемичките заложби на Димитар Солев во педесеттите и шеесеттите години од минатиот […]

Отворање на изложбата со Златниот човек од Казахстан


Во Археолошкиот музеј вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Великата степа: историја и култура“ од Националниот музеј на Казахстан, на која главен експонат е Златниот човек од 5 век п.н.е. познат како „казахстански Тутанкамон“. Научниците го идентификувале како 18-годишен воин од скитското племе Сака. Бил откриен од археолозите во 1969 година во гробница […]

Обновена сцената на Античкиот театар во Охрид


Националната установа Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид во соработка со Националната установа „Охридско лето“  ја реконструира сцената на Античкиот театар. Станува збор сцена со површина од 270 метри квадратни која поради дотраеност беше  во исклучително лоша состојба. Градежните зафати ги извршија екипи на јавното локално претпријатие „Градски гробишта “ […]

ИФКК:  Јоргос Арванитис е вториот лауреат на Златна камера 300 за животно дело


На денешната трета прес конференција посветена на јубилејното издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаkи“ директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска го објави вториот лауреат на Златна камера 300 за животно дело, светски познатиот кинематографер Јоргос Арванитис. „Оваа година и двајцата добитници на наградата за животно дело ќе бидат во Битола и Златната камера […]

Во Стоби откриена скулптура на богот Дионис со пантер


Мермерна скулптура со претстава на богот Дионис е откриена минатата седмица на археолошкиот локалитет Стоби. Kако што информираат од НУ „Стоби“, исклучителното откритие е резултат на археолошките истражувања во рамките на летната интернационална школа за теренска археологија. Скулптурата, што најверојатно била изработена во вториот до третиот век од н.е., е сочувана во височина од околу […]

Скопје танцовиот театар ќе гостува во Националниот театар „Шајо“ во Париз


Скопје танцовиот театар ќе гостува во Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз во сезоната 2020/2021 година, кога престижниот француски театар ќе одбележи 100 години постоење. – Имаме привилегија и чест да настапиме во таа сезона. Преговорите околу настапот се во тек. Ние бевме таму ги видовме сцените кои се навистина извонредни. Театарот е позициониран […]

Охридскиот Регион ќе се штити со Бадинтер


Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион денеска ќе се најде на дневен ред на собраниската Комисија за култура. Причината за донесување нов закон е тоа што, и покрај меѓународните и националните мерки за заштита, природното и културното наследство во Охридскиот Регион и понатаму се под закана поради непланираниот урбан развој, […]

Светскиот виолинист Дејвид Герет доаѓа во Скопје : Кросовер хитови од Моцарт до Металика


Кросовер ѕвездата од Германија, Дејвид Герет (38) -(по мајка Американец) за прв пат со својата кросовер програма доаѓа и во Македонија- со спектакуларен концерт на 25 септември, во ВИП арената, во организација на „Прагма продукција“. Герет, со неговиот албум “UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE, е на нова светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10 […]

Игор Јосифов на Биенале во Фиренца за 500 години од смртта на Леонардо да Винчи


Македонскиот уметник Игор Јосифов ќе учествува на Биеналето во Фиренца на покана на претседателот на оваа интернационалната изложба, Паскал Целона. Биеналето во Фиренца ќе се одржи од 18 до 27 октомври и годинава чествува 500 години од смртта на Леонардо да Винчи – „Ars et Ingenium – Toward Leonardo’s Legacy of Similitude and Invention“. Дванаесеттото […]

Георгиески: УНЕСКО не бара од нас да урнеме 400 дивоградби


УНЕСКО не побарала уривање на дивоградбите кои се во заштитениот појас, а споредградоначалникот Константин Георгиески прво мора да се утврди колку од 409 – те дивоградби ја загрозуваат животната средина, па да се донесе одлука кои објекти ќе бидат урнати. – УНЕСКО не бара од нас да урнеме 400 дивоградби бидејќи е тоа невозможно. УНЕСКО […]

„Пинк Пантер“ не е една, туку тоа се повеќе групи


Тетово – Јас секогаш сум била добра, а тие што се лоши секогаш биле лоши, без разлика дали биле доктори, професори, адвокати, тие не се сите чесни, така што личностите ги делам на чесни и нечесни, без разлика на која професија припаѓаат. Не мислам дека во овој граѓански свет сите се чесни, тоа го видов […]