Пендаровски на отварањето во МСУ: Уметноста не препознава граници и поделби


Околу 50 фотографии, слики, видеа и инсталации на поголем број грчки уметници содржи изложбата „Дали сум јас тоа име или таа слика“ на грчкиот Музеј на современа уметност МОМус од Солун, кој за првпат во историјата изложува свои дела во Музејот на современа уметност во Скопје. Изложбата со дела од Музејот за модерна уметност од Солун е возвратна, по презентацијата во јуни на нашиот МСУ, таму, низ изложбата „ Сè што ни е заедничко“.

-Уметноста не препознава граници и поделби, а нејзината суштинска улога е да биде поддршка на соживотот и заедничката иднина меѓу народите. Токму затоа, уметниците освен што биле и се главните градители на мостови кои не поврзуваат, тие се и првите гласници на мирот и разбирањето меѓу нас, изјави на отварањето во петокот вечер, претседателот Стево Пендаровски на отворањето на постановката „Дали сум јас тоа име или таа слика?“

– Ова што вечерва се случува тука, би требало да го трасира патот по кој треба да се движат и другите институции и организации кај нас. Патот, по кој, не ќе е лошо, да одат и граѓаните во двете држави. Музејот на современа уметност во Скопје како најкомпетентна и најзначајна институција во откривањето, негувањето и ширењето на вистинските вредности што се создаваат во уметноста и културата на нашето време, ја почнува новата ера на соработка во сферата на културата помеѓу Северна Македонија и Грција. Најискрени честитки до тимот на Музејот кој го насочува својот поглед кон ова ново поглавје во соработката, што несомнено ќе донесе вредности какви што доликуваат на две соседни, Пендаровски им оддал признание на сите оние и политичари и уметници кои, како што се наведува, во изминативе години и децении трпеливо ги подотвораа портите што овозможи, денес, а се надевам и во иднина, низ нив слободно да поминуваат и луѓето и идеите. пријателски, европски држави, рече Пендаровски.

На отварањето во Скопје присуствуваа и градоначалникот на Скопје- Петре Шилегов и поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис.