Институт за македонска литература: Заминувањето на академик Старделов непроценлива загуба за нашата книжевна наука и култура
Заминувањето на академик Георги Старделов, чијшто виспрен и прониклив дух со децении ја унапредуваше филозофско-естетичката, книжевно-научната и културолошката мисла во нашата средина, е непроценлива загуба за нашата академска и културна средина, се наведува во соопштението од Институтот за македонска литература при што се изразува длабока жалост по повод неговата смрт и сочувство до неговите најблиски […]