Магијата на Шопен во Филхармонија


В четврток, во 20 часот, во големата сала на Филхармонија, концертен рецитал ќе одржи пијанистот Кристијан Каровски. Концертот е насловен „Магијата на Шопен“ и ќе бидат изведени дела од еден од големиот романтичар и пијанист – Фредерик Шопен. Кристијан Каровски е роден во Скопје, во семејство на музичари-пијанисти. Уште од најмала возраст доаѓа до израз […]

„Жизел“ пак на репертоарот на НОБ- голем интерес за врвниот класичен балет


В сабота (4 декември) во 20 часот во Националната опера и балет ќе се изведе новата балетска продукција на романтичниот балет во два чина „Жизел“, премиерно одржанa на 30 октомври 2021. Од неговата праизведба во Париз 1841 па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување. Магичната и безвременска […]

„Северен пол“ и „Мобил фестивал“ дел од декемвриската програма во Кинотека


Ноемвриската програма на арт-киното на Кинотеката завршува со „Тајните архиви на Скопје: Човек – Лав Стори“, третиот краток филм за „Старо Скопје” на Катерина Габунија и Александар Трајковски, а декемвриската програма ќе започне со „Мобил фестивал“. „Тајните архиви на Скопје: Човек – Лав Стори“ е во продукција на „Вардар филм“, а во проектот учествуваа граѓаните со нивните снимки […]

Балканско-европска турнеја на „Работи за кои не зборуваме“


Македонскиот народен театар (МНТ) и „Wonderland Theatre“ со претставата „Работи за кои не зборуваме“, во режија на Нела Витошевиќ, од утре до 27 декември ќе одржат балканско-европска турнеја. Првото гостување е во Центарот за културна деконтаминација, во Белград во Србија.   По изведбата во Белград „Работи за кои не зборуваме“ ќе гостува во Народниот театар, […]

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека


Во Кинотека вчера се одржа петтата сесија од втората сезона на проектот Филмска училница, со фокус на кратките експериментални филмови: кога се јавуваат како форма и какво е нивното значење во развојот на филмот како уметност и медиум. Предавач на работилницата беше филмологот Александар Трајковски од Кинотеката на Северна Македонија, кој и самиот е автор […]

„Случајот Макавеев“ на Радовановиќ со дополнителни проекции


На 26 НОЕМВРИ (ПЕТОК) во организација на Српскиот културно-информативен центар „Спона“ и Кинотеката беа промовирани два документарни долгометражни филмови на Горан Радовановиќ (Goran Radovanović), СЛУЧАЈОТ МАКАВЕЕВ ИЛИ ПРОЦЕС ВО КИНОСАЛАТА (Случај Макавејев или процес у биоскопској сали / The Makavejev Case or Trial in a Movie Theater, 2018) и ЧЕКАЈЌИ ГО ХАНДКЕ (Čekajući Handkea / […]

Пендаровски покровител на јубилејната изложба „75 години ДЛУМ“


Друштвото на ликовни уметници на Македонија одбележува голем и значаен јубилеј 75 години од формирањето и постоењето на Друштвото. По тој повод на 1 декември во Национална галерија на Р.С. Македонија во два објекти Чифте амам (20 часот) и Мала станица ќе биде отворена голема јубилејна изложба на членови на ДЛУМ од неговото основање до […]

Концертна серија „Musica Viva во чест на 55 години ФМУ“ во Музеј на македонската борба


Концертната серија „Musica Viva во чест на 55 години ФМУ“ како дел од одбележувањето на 55 години од основањето на ФМУ – Скопје, започна синоќа и ќе трае до 29 ноември. Како што информираат од Факултетот за музичка уметност, на програмата од концертната серија која се одржува во Музејот на македонската борба се дела од […]

Јавен оглас за нов директор со полн мандат-Стефоска се договори со актерите од Театар Комедија


Министерката за култура, Ирена Стефоска  и  вработените во НУ Театар Комедија се договорија во следниот период  да го одржат професионалното ниво на соработка и високото реноме на институцијата. Стефоска ги информираше вработените дека согласно Законот за култура, денеска е објавен  Јавниот  оглас  за нов директор со полн мандат од 4 години. Беше договорено, за времетраењето […]

„Вишновата градина“ на Турски театар-Скопје вечер на МОТ


На програмата на 46. Млад отворен театар (МОТ) вечер од 20 часот во Театар Комедија ќе настапи Турски театар-Скопје со претствата „Вишновата градина“ во режија на Владимир Милчин. МОТ наведува дека „Вишновата градина“ денес е драма за транзицијата, за неподносливата леснотија на пропаѓањето на општеството и цивилизацијата. – Алчноста на новозбогатените криминалци безмилосно го уништува […]

„Оревокршачка“ на Новогодишниот базар Winter Wonderland во Сити Мол 


Студиото за детски мјузикли „Broadway Junior“, премиерно на 28 ноември, својот најнов проект Мјузикл за деца и младинци „Оревокршачка“ ќе го изведе пред скопската публика како дел од богатата програма за деца на Новогодишниот базар Winter Wonderland во Сити Мол – Скопје. Втората изведба на мјузиклот „Оревокршачка“, чиј препев на македонски јазик го напиша Весна […]

„Кармен” на сцената на Национална опера и балет


Националната опера и балет вечерва ќе биде центарот каде што ќе се изведе ремек-делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“, една од најпознатите опери во историјата. Изведбата на операта „Кармен“ е во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021. Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш, режисер Нина Најденова од Бугарија, сценограф нејзината сонародничка Елена Иванова, […]

Предавање „Вечниот Достоевски“ по повод 200 години од раѓањето на рускиот писател


Предавање со наслов „Вечниот Достоевски“ ќе се одржи денеска по повод 200-годишнината од раѓањето на рускиот писател Фјодор Михајлович Достоевски, во организација на Институтот за применета философија и етика на Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Предавањето ќе го одржи професор д-р Трајче Стојанов. Заради постојните ковид-протоколи, предавањето ќе биде онлајн […]

Документарците на Горан Радовановиќ за Макавеев и Хандке на во Кинотека


Во Кинотеката денеска ќе гостува документаристот Горан Радовановиќ. Неговите два најнови документарци „Случајот Макавеев или процес во киносалата“ и „Чекајќи го Хандке“ денеска ќе бидат прикажани во Кинотека, а авторот Радовановиќ ќе одговара на прашањата на гледачите. Радовановиќ (1957, Белград) е наградуван филмски сценарист, режисер и продуцент, со петнаесеттина проекти во неговото досегашно професионално портфолио. […]

Ретроспективна изложба на Жарко Јакимовски во Музејот на Град Скопје


Во Музејот на Град Скопје вечерва ќе биде отворена ретроспективна изложба на македонскиот сликар Жарко Јакимовски. Ова е прво вакво ретроспективно претставување на творештвото на Јакимовски со ваков карактер, при што ќе бидат презентирани дела од сите главни фази во неговото сликарско и цртачко творештво. Жарко Јакимовски (1948) е доајен на македонската ликовна уметност, активен […]

Европска танцова елита на „Стејџ 2021“ во НОБ


Во Националната опера и балет минатиот викенд се одржа Интернационалниот танцов натпревар „Stage 2021“ – првиот натпревар што се одржа во живо на сцена, откако се случи пандемијата со КОВИД-19. Како што соопштија од тимот на „Stage 2021“, натпреварот на едно место ги собра најдобрите балетски студија и танцови клубови од домашната и европска танцова […]

Над 40 филмови достапни за бесплатно гледање онлајн на 12-от „Мобил фестивал“


Четириесет и еден филм од 27 земји ја чинат програмата на годинaшното 12-то издание на Интернационалниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“. Фестивалот ќе се одржува во хибридна форма од денеска до 1 декември преку платформата „Cinesquare.net“, и во Кинотеката на Северна Македонија на 1 декември. Годинaшното мото е „Филмот продолжува“. Како […]

„Охридско лето“ на Генералното собрание на Европската фестивалска асоцијација


Делегација на „Охридско лето“ предводена од директорката Наташа Поповиќ учествуваше на Генералното собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што деновиве се одржа во Гелвеј, Ирска. На собирот на кој присуствуваше културната елита од Европа Фестивалот „Охридско лето“ е посочен за една од најуспешните приказни што ги негува културните високи уметнички дострели според европските и светските […]

Награда од Сојузот на литературните преведувачи за Љубица Стојковска


Претседателството на Сојузот на литературните преведувачи на Република Македонија ѝ ја додели повелбата „30 Септември“ на Љубица Стојковска, за нејзините многубројни преводи од англиски на македонски јазик. Признанието на Стојковска вчера ѝ го врачи писателот Паскал Гилевски, претседател на Советот. – Софија Сеговија, Виктор дел Арбол, Кејт Аткинсон и Џулијан Барнс се само дел од […]

Концертот на Филхармонија „Убава Русија“ презакажан за в петок


Наместо во четврток, во петок, во 20 часот оркестарот на Филхармонија ќе прослави 77 години од формирањето. На концертот насловен „Убава Русија“ како солистка ќе настапи брилијантната руска виолинистка Марија Солозобова, а диригент е Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се Концертот за виолина и оркестар број 1 од П.И.Чajковски и Брамсовата Прва Симфонија. […]