МКЦ ги одложува настаните


МКЦ ги одложува настаните (воедно и програмата на фестивалот МОТ) закажани за денес, утре и задутре (вторник, среда и четврток).   -Јавноста нНавремено ќе биде информирана за новите датуми на одржување на настаните. Сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија. Посакуваме побрзо закрепнување на останатите патници, велат од МКЦ.

За Македонија 1,14 милиони евра од Програмата Креативна Европа


Владата денеска го разгледа и усвои Извештајот за завршени преговори и за склучување на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на Северна Македонија во Креативна Европа (2021- 2027) и определи амбасадорката на Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Европската Унија во Брисел, Агнеза Руси – Поповска да го потпише Договорот. […]

Одложена премиерата и репризите на „Нема да биде крај на светот“ во МНТ


Поради прогласената тридневна жалост по тешката сообраќајна несреќа која се случи утринава, од Македонски народен театар (МНТ) соопштија дека премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември се откажуваат.   Новиот термин на премиерната изведба се закажува […]

ЕБОР Награда за литература 2022- авторот и преведувачот делат 20.000 евра


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во соработка со Британски Совет на 18 ноември 2021 година го објави огласот за доделување на ЕБОР Литературна награда 2022. Наградата ја прославува богата културна разноликост на регионите каде Банката работи, кои се простираат од централна Европа до централна Азија, како и од Западен Балкан до јужен и […]

Отворена изложбата „Рак не е само хороскопски знак“


„Рак не е само хороскопски знак“ е насловот на самостојната изложба на уметникот Сокол Марковски, која од денеска ќе биде отворена во галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“. Сликите се изработени во периодот меѓу 2020 и 2021 година, во техниките масло на платно и комбинирана техника и дигитален принт на хартија. -Идејата врз […]

Филм и концерт посветен на Фред Бускаљоне, “италијанскиот Клерк Гејбл“


По повод стогодишнината од раѓањето на Фердинандо Фред Бускаљоне (23 ноември 1921 – 3 февруари 1960), италијански музичар, пејач и поли-инструменталист, кој бил популарен во доцните педесетти години од минатиот век, на 23 ноември (вторник), во 20 ч., во Кинотеката ќе биде прикажан италијанскиот документарен филм “Фред“. “Неговиот прв сингл во 1955 година бил продаден […]

„Северен пол” се квалификува за Оскар и доби номинација за Европски награди


Краткиот филм „Северен пол”. Филмот на Марија Апчевска-Петровска во продукција на „Кино око” освои Grand Award на 63. издание на ZINEBI – Bilbao International Documentary and Short Film Festival. Овој фестивал е единствениот во Шпанија од А категорија за краток игран и документарен филм кој е препознаен од организацијата FIAFP (International Federation of Film Producers […]

Објавена книгата „Од трезорот на Охридската архиепископија – белешки за светите твари и уметничките дела“


Издавачката куќа „Македоника литера“ ја објави книгата „Од трезорот на Охридската архиепископија – белешки за светите твари и уметничките дела“ од Снежана Филипова. Во книгата авторката пишува за изгубеното и украденото богатство на македонската црква, за најзначајните уметнички дела, инсигнии и предмети на применетата уметност кои некогаш биле дел од трезорот на Охридската архиепископија, а […]

Убава Русија- Роденденски концерт на Филхармонија


Овој четврток, во 20 часот оркестарот на Филхармонија ќе прослави 77 години од формирањето. На концертот насловен „Убава Русија“ како солистка ќе настапи брилијантната руска виолинистка Марија Солозобова, а диригент е Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се Концертот за виолина и оркестар број 1 од П.И.Чajковски и Брамсовата Прва Симфонија. Овој концерт на […]

Три претстави вечерва на 46. МОТ


Во рамки  на 46-то издание на Младинскиот отворен театар вечерва на програмата се три изведби кои ги претставува Локомотива – Скопје, Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Станува збор за премиера на „Силата на С” на Александар Георгиев  (Северна Македонија, Бугарија и Шпанија), „Поезис на себството“ на Снјежана Премуш и Рок Вевар (Словенија) […]

Симон Трпчевски по САД – со настапи во Швајцарија


Маестро Симон Трпчески продолжува да ја воодушевува публиката ширум светот со својата изведба, а дури и во услови на пандемија неговите концерти се проследени со голем интерес. По настапите во Сан Диего (САД), на 13 и 14 ноември, на кои неговата изведба беше поздравена со стоечки овации, тој до крајот на годината, поточно во декември […]

Авганистански филмови во МСУ


Киното на Музејот на современа уметност ја најавува својата нова програма посветена на авганистански автори и филмови. Програмата започнува на 24-ти ноември (среда), во 19 часот, со проекција на филмот „Забранетата ролна“ на Ариел Наср. Селектор на програмата е Дарко Набаков, одговорен за филмската програма на Кино МСУ. Целосната програма во продолжение: ЗАБРАНЕТАТА РОЛНА Ariel Nasr […]

Ирската кинематографија на „Киненова“


Во присуство на амбасадорот на Ирска за Романија, Северна Македонија и Молдавија, Пол МекГери, евроамбасадорот Дејвид Гир, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, амбасадорот на Шведска Матс Стафансон, бројни претставници на дипломатскиот кор и љубители на филмската уметност, синоќа во Кинотека, меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ во рамките на својата редовна програма за прв пат ја претстави современата […]

Филмот на 35-милиметарска лента во фокусот на четвртата сесија од Филмската училница во Кинотека


Во Кинотека на Република Северна Македонија синоќа се одржа четвртата сесија од втората сезона на проектот „Филмска училница“, која беше посветена на филмот на 35-милиметарска лента. Како што се наведува во соопштението од Кинотека, филмската и телевизиска режисерка Марија Џиџева во првиот дел од „Филмската училница“ ги запозна учесниците со процесот на создавање филмска сторија […]

Балетска претстава „Гранд хотел“ на Есенски музички свечености


Во Салонот на Националната опера и балет, во рамки на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021, со почеток од 20 часот ќе биде изведена современата балетска претстава насловена „Гранд хотел“. Претставата е во кореографија на Александар Илиќ, а во режија на Александар Николиќ. Композитор е Ана Крстајиќ, костимограф Александра Каровиќ, сценограф е Жорж […]

„Граници“ на Старова Ќерими и Мехмети во Галерија „Gentinetta“ во Цирих


Од денеска до 4 декември 2021 во Галеријата „Gentinetta“ во Цирих, Швајцарија ќе биде поставена изложбата на уметничките Дита Старова Ќерими и Шќипе Мехмети. – Ние исцртуваме граници на земјата и градиме ѕидови. Опкружени сме со ѕидови. Ова е свет на граници и ограничувања, а нашата култура е култура на разлики (поимот разлика мислен како […]

Почина младиот актер Хајрула Рамизи


Актерот Хајрула Рамизи (37) од Скопје денеска почина од мозочен удар, објави Албанскиот театар од Скопје и од Тетово. Рамизи има студирано на Факултетот за драмски уметности, а своите почетоци ги почнал во индустријата за филм на „Разно екипа“ во The War Is Over како асистент на режисерот. Имал работено и во Албанскиот народен театар […]

Концерт на Биља Крстиќ на фестивалот „Музика од светот“ во Битола


Фестивалот „Музика од светот“ вечер продолжува со концерт на српската уметница Биља Крстиќ. Во пресрет на вечерашниот настап Крстиќ најави богат музички репертоар, а на првото гостување во Битола од својата богата музичка кариера ќе исполни и македонски народни песни. -Никогаш во животот не сум имала трема пред концерт, но мора да признам дека пред […]

Премиера на претставата „Жени“ во Битола


Премиера на претставата „Жени“, работена по документарни материјали, а во режија на Софија Ристевска Петрушева ќе се одржи денеска во Битола, во организација на Интимен Театар. Во претставата учествуваат Катерина Петровска, Јоланта Дафовска, Јасмина Костандинова и Валентин Дамчевски – жени што зборуваат за своите животи, а во исто време го користат театарот како алатка за […]

Театарот „Сенки и облаци” настапи пред публиката во Москва


Театарот „Сенки и облаци“ ја изведе претставата „Алиса и чудата“ пред московската публика на третиот Меѓународен фестивал на сенки, кој се одржа од 12 до 15 ноември. Претставата беше изведена на сцената на Московскиот детски театар на сенки (Московский Детский Театр Теней), единствениот руски професионален државен театар за сенки кој постои дури 80 години. Фестивалот беше отворен со […]