„Сестри“ на Дума- прв македонски филм на Нетфликс


Филмот „Сестри“ на младата режисерка Дина Дума е првиот македонски филм што ќе се прикажува на „Нетфликс“ почнувајќи од овој петок.  „Сестри“ во август имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде што ја освои Специјалната награда на жирито во програмата Источно од Западот. Филмот е приказна за две тинејџерки чие пријателство е […]

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД


Во Домот на Армијата во Скопје вечерва во 19 часот ќе биде перформирана претставата „Импулс“ со студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип.   Од Денс фест Скопје информираат дека претстава е во два дела, првиот насловен „All good” во кореографија на Адријана Данчевска, музика на Sawf-Pleasure, […]

Стефоска на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески: Немаме потреба од одбрана туку од мудрост


– Блаже Конески, тој тивок и кроток човек, добиваше строг лик со кој до крај го бранеше секој збор, секоја буква од македонската азбука – рече министерката за култура Ирена Стефоска синоќа во Филхармонијата на завршната манифестација со која се заокружи чествувањето на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“. Стефоска во своето обраќање, […]

Традиционален новогодишен концерт на „Танец“


Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ вечер во Македонскиот народен театар традиционално, со новогодишен концерт и нова кореографија ќе ја заокружи 2021 година. На новогодишниот концерт ќе настапи целиот ансамбл и ќе бидат исполнети познатите сценски постановки и кореографски творби како орото „Копачка“, „Шопска петорка“, потоа „Роненка“, „Жетварка“, „Радовишки собор“, како и […]

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката


Францускиот институт во Скопје заедно со Кинотека на Северна Македонија организира вечер посветена на младите и оние што се чувствуваат така, со интересен анимиран филм на Реми Шаје и одлична комедија претставена на официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал во 2020 година. Во терминот од 18 часот вечер ќе може да се погледне анимираниот филм […]

Свечен собир на МАНУ: Се роди ли нов Конески?


Чествувањето на Блаже Конески е чествување на кодот на нашата држава и нација, кодот на нашиот бит и нашиот идентитет. Денес, не е доволно само свечено да го чествуваме делото на Блаже Конески, неопходно е да ги почитуваме неговите научни придобивки за континуитет на македонскиот јазик, културна и национална историја. Тие треба да бидат суверен […]

Божиќна балетска бајка „Оревокршачка“ во НОБ


По повод новогодишните празници, Националната опера и балет и оваа година на големата сцена ќе ја изведе омилената божиќна балетска бајка „Оревокршачка“, а поради големиот интерес, најавени се три изведби на 24, 25 и 28 декември со почеток во 20.00 часот. За првпат балетот „Оревокршачка“ бил поставен на сцената на Националната опера и балет (тогашна […]

Римското списание Нуови аргоменти во чест на Ацо Шопов


По повод 98 години од раѓањето на Ацо Шопов, еден од основоположниците на македонската современа поезија, престижното италијанско списание за литература „Нуови аргоменти“ објави избор од девет песни од Шопов, во рубриката „Поетска работилница”. Изборот, во препев на италијанската поетеса Миа Леконт и македонската италијанистка Анастасија Ѓурчинова, ги содржи песните „Грозомор”, „Има долу една крв”, […]

Роза Вентрела онлајн ќе го промовира македонското издание на романот „Градината на олеандрите“


Онлајн промоција на интернационалниот бестселер „Градината на олеандрите“ од италијанската писателка Роза Вентрела ќе се одржи вечерва на фејсбук страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“, каде свое обраќање ќе има авторката, но и проф. д-р Радица Никодиновска, која го преведе романот од италијански јазик. Исто така, на онлајн промоцијата ќе се вклучат и претставникот од Амбасадата […]

Зборник „Уште едно навраќање кон Конески“ од професорите Вера Стојчевска и Свето Стаменов


На стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, во издание на Општина Струмица од печат излезе зборникот „Уште едно навраќање кон Конески“, што го приредија проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ и универзитетскиот професор Свето Стаменов. – Овој зборник, со кој Општина Струмица ја одбележува стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески и со кој се заокружуваат активностите во […]

Свечен собир во МАНУ по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески


Во рамки на одбележувањето на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ по повод 100-годишнината од раѓањето, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска во 11 часот ќе се одржи свечен собир. Свечениот собир е составен од два дела. Во првиот дел, како што најави МАНУ, ќе се обратат […]

Во Филхармониија завршна манифестација по повод  „2021 – Година во чест на Блаже Конески“


Завршна манифестација со која ќе биде заокружено чествувањето на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ ќе се одржи вечер во Филхармонија. Оркестарот на Филхармонијата ќе изведе концерт инспириран од творештвото на Блаже Конески, во чии рамки ќе бидат интерпретирани делата „Молитва“ од Тодор Скаловски и „Записи“ од Томислав Зографски. Оркестрацијата е на Ангел […]

Концерт на пијанистите Татја Чиковани и Дино Имери во Салон 19,19


Вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на врвните пијанисти Татја Чиковани (Норвешка) и Дино Имери во рециталниот простор Салон 19,19 (Културно Информативен Центар – Скопје). Чиковани и нашиот реномиран пијанист Дино Имери за прв пат ќе ги спојат силите формирајќи пијано-дуо, а заедно ќе изведат богата програма од опусот на Бах, […]

Стефоска објави видео во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески


Министерката за култура Ирена Стефоска на својот фејсбук-профил објави видео во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески и неговото богато творештво. – „Јас песните ги берев од дрвото на животот”- Блаже Конески. Во чест на 100 годишнината од неговото раѓање и богато творештво како раскошна крошна на дрвото на животот кое е и […]

Почина актерот Трајче Иваноски – доајен на прилепскиот народен театар


Денеска, 19. декември, во Прилеп почина актерот и еден од доајените на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, Трајче Иваноски. Комеморација по повод смртта на Иваноски ќе се одржи утре во 11.30 ч. во театарот „Војдан Чернодрински“. Тој е актер кој спаѓа во најангажираните творци на прилепскиот театар. Заиграл во далечната 1965 година на сцената на прилепскиот […]

МКЦ дел од меѓународниот Еразмус проект „Big Time Takeover“


ЈУ Младински културен центар (МКЦ) од јуни оваа година па се до април 2023 е дел од голем меѓународнот проект со наслов Big Time Takeover развиен преку „Ерасмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства кои вклучуваат образовни програми за млади“. Под водство на Associazione […]

„Матица Македонска“ со пет нови книги : Конески ги отвори сите патишта на македонската литература


Во „Матица Македонска“ вчера со промоција на пет дела – „Разговори со Конески“ од Цане Андреевски, „Светската критика за делото на Конески“ од Раде Силјан и Паскал Гилевски, „Времето на Конески“ од Димитар Пандев, „Конески како тестамент“ од Весна Мојсова Чепишевска и „Епохата Конески“ од Ѓеорги Старделов, се одбележа стогодишнината од раѓањето на творецот Блаже […]

Пет реобјавени дела од Блаже Конески, во чест на стогодишнината од неговото раѓање


Во чест на стогодишнината од раѓањето на великанот на македонската книжевност Блаже Конески, издавачката куќа „Арс ламина“ реобјави пет негови значајни дела. Станува збор за стихозбирките „Везилка“, „Црква“, „Црн овен“ и двотомниот избор од творештвото на Конески: „Збор и опит 1“ и „Збор и опит 2“, кои се со нови предговори и поговори, напишани од […]

Концерти „Музика и танц“ наменети за деца


Во Домот на Армијата денеска ќе се одржат два концерта „Музика и танц“ наменети за деца. Ќе настапи гудачкиот квартет предводен од виолинистката Пламенка Трајковска, а во чиј состав се и Сандра Крстевска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. На програмата се дела од познати класични композитори како Бокерини, Моцарт, […]

Сто години од раѓањето на Блаже Конески


На денешен ден, пред 100 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ. Блаже […]