Почина Драги Михајловски, писателот што го преведе Шекспир


По долго и тешко боледување, денеска, почина македонскиот писател, преведувач и универзитетски професор Драги Михајловски. Како што соопшти Друштвото на писатели на Македонија, со своето творештво Михајловски ќе остане запаметен како еден од најавтентичните и најсугестивни раскажувачи во македонската современа литература; со преводите, како еден од најплодните, но и наједуцирани и најуспешни пренесувачи на книжевните […]

Во тек е изработката на проектна документација за нов театар во Прилеп


До крајот на јуни треба да биде готова проектната документација за изградбата на новиот театар којшто ќе биде во склоп на прилепскиот Дом на културата „Марко Цепенков“, а надежта е до крајот на годинава да има тендер за изведувач, изјави в.д директорката на Центарот за култура, Јасмина Мицовска-Станкоска. За оваа намена, од Министерството за култура […]

Пендаровски приреди прием во чест на Јордан Плевнеш


  Денеска кај претседателот на државата беше организиран прием во чест на македонскиот писател и поранешен амбасадор во Франција, Јордан Плевнеш, добитник на наградата „Ерве Делиен“ за 2021 година. Претседателот Стево Пендаровски, како домаќин на приемот, во своето обраќање го потенцираше значењето на оваа награда во рацете на македонски писател, која Француската академија му ја […]

Одбележан Светскиот ден на мајчиниот јазик


На речиси половина од јазиците што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во глобализацијата се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. За важноста од негување и заштита на малите јазици е посветен Светскиот ден на мајчиниот јазик – 21 Февруари определен од УНЕСКО, во чија Декларација […]

Костадиновска-Стојчевска: Пропустите со исплата на јануарските плати ги исправивме


Соработката меѓу Министерството за култура и Синдикатот за култура мора да биде на високо ниво, бидејќи сепак мора да функционираме непречено и мораме да ги сослушаме сите, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која се надева дека на утрешниот состанок со Синдикатот ќе се изнајде најсоодветното решение онаму каде имало пропуст во толкување на […]

НУ Центар за култура-Битола доби пари од Министерството за културни проекти, реновирањето сами ќе го финансираат


Националната установа Центар за култура-Битола информира дека Министерството за култура ги поддржа годинешните проекти и инвестиции со што е овозможено непречено и креативно работење на установата. Според директорката на битолскиот Центар за култура, Маја Андоновска Илијевски, поддршката од Министерството за култура е сестрана и во повеќе области од надлежност на установата која изработи проекти од […]

Второ издание на фестивалот за култура „Коронијалс“


Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, од денска до 28 февруари по втор пат ќе се одржи фестивалот за култура „Коронијалс“. – Коронијалс претставува поле на кое се вкрстуваат многу нишки на времија и безвремија, младости и возрасти, интереси и откровенија со цел да се создаде силна нишка на која ќе се подигне […]

Малколм Мекдауел: Како го снимавме „Пеколниот портокал“


„Играјќи го Алекс, секогаш ја имав на ум мислата како Лоренс Оливие го глуми Ричард Трети. Сленгот на отпадниците беше многу шекспировски“ Подолги години лондонски „Гардијан“ објавува приказни во прво лице еднина за тоа како биле снимени или направени некои од познатите и култни дела во уметноста, музиката, филмот и во обичниот живот. Во овие […]

МКЦ ги укинува гратис-влезниците


МКЦ од 1 март ги укинува гратис-влезниците. -Оваа пракса не е непозната за европските културните центри, па следејќи ги позитивните светски практики одлучивме да го укинеме овој негативно популарен тренд кај нас. Од 1 март 2022, за секоја „неодложна“ категорија на соработници, медиуми или спонзори и донатори, која ќе може со посебна уредба да добиe […]

Кој проект или манифестација најмногу доби во годишната програма за култура?


Скопскиот џез фестивал (СЏФ) ќе добие најмногу средства наменети за музичките фестивали и манифестации во рамките на годишната програма за култура, чии резултати беа објавени завчера. Овие резултати се официјални, но секој добитник има право да ја обжали сумата која е одобрена. За  41. издание на СЏФ, Министерството за култура одобри 4.100.000 денари (66.000 евра), […]

Оскарите ќе бараат вакцинација за номинираните и за публиката – но не и за презентерите


САД– Безбедносните барања за Ковид-19 за Оскарите 2022 година ќе варираат во зависност од тоа дали присутните доделуваат награда или не, бидејќи Академијата бара само доказ за вакцинација за номинираните и  за публиката. Според Њујорк Тајмс, изведувачите и презентерите ќе бидат ригорозно тестирани, но нема да мора да покажат доказ за вакцинација. Тоа е затоа […]

Двојно повеќе средства за проекти на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга


Двојно зголемени буџетските средства за финансирање проекти во сите дејности во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга од годишната програма на Министерството за култура за 2022  година. Директорката на установата Николина Велкоска-Глигороска информира дека вкупниот буџет од Министерството за култура за Центарот за култура во Струга изнесува над два милиони денари. – Во сите […]

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години постоење


Со претставата „Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ, во режија на Аце Михајловски, на денешен ден  во 1950 година, точно пред 72 години, Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ го означи постоењето како значајна институција во македонската театарска уметност. Во досегашното опстојување, Прилепскиот театар прикажал над 360 премиери, одиграни се преку 7.000 претстави кои ги гледале повеќе […]

Гала оперски концерт „ARIGATO“ на сцената на Националната опера и балет


На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе се одржи гала оперски концерт, насловен „ARIGATO“, што во превод од јапонски јазик значи „благодарам“, во знак на благодарност по повод реализацијата на проектот од јапонската програма за развој на културата – „Проект за подобрување на музички инструменти, опрема за озвучување и осветлување на Национална опера […]

Франка Потенте: Како го направивме „Трчај Лола трчај“


„Морав да спринтам низ Берлин со пар чизми ‘Д-р Мартинс’ – и тогаш пушев по две кутии дневно“, вели германската актерка од култниот филм што одреди правец во кинематографијата Подолги години лондонски „Гардијан“ објавува приказни во прво лице еднина за тоа како биле снимени или направени некои од познатите и култни дела во уметноста, музиката, […]

„Златна мечка“ за шпанскиот „Алкарас“ на Карла Симон


Шпанскиот филм „Алкарас“ на режисерката Карла Симон ја освои престижната Златна мечка за најдобар филм на 72. Берлинале што заврши вечерва. Филмот е приказна за последиците од економската криза врз семејство кое ќе го загуби овоштарникот со праски во селото  Алкарас во регионот Каталонија. Претходниот филм на Симон, „Лето 1993“ за семејство кое има ХИВ-позитивно […]

„Литература.мк“ отвора книжарница во центарот на Струмица


Со попусти, подарок-картички за лојалност, добра музика и вкусно кафе, на 19 февруари (сабота), во 13 часот, ќе биде отворена новата книжарница на „Литература.мк“ во Струмица. Кафе-книжарницата се наоѓа во центарот на градот, на ул. „Благој Јанков-Мучето“, бр. 4. Станува збор за прва книжарница на „Литература.мк“ во Струмица, а вкупно осма, по „Literatura.mk Superstore“ во […]

Оскарите воведоа гласање од публика


САД- Гласањето е отворено од 14 февруари до 3 март, ќе може да се гласа до 20 пати на ден, и е ограничено на две категории за публика „Омилен филм“ и „Омилен филмски момент“ на 2021. Победниците во двете категории нема да добијат статуетка, но ќе бидат емитувани за време на преносот од Оскарите (дел […]

Драмскиот театар заради Ковид ги одложи претставите до 22 февруари


Поради зголемениот број на Ковид – позитивни лица Драмскиот театар во Скопје одлучи да ги одложи претставите предвидени за следниот период. Како што објавија, до 22 февруари се одложени претставите: „Странци“ која беше на репертоарот на 16 февруари, како и „Човек перница“ (17 февруари), „Птица со главата меѓу нозе“ (18 февруари), „Чудна случка со кучето […]

Избрани 20 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“


Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 39 романи, избирајќи 20 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда. […]