Македонска премиера на филмот „Сава“ на фестивалот „Македокс“


На Фестивалот за документарни филмови „Македокс“ вечер од 23 часот во Куршумли ан македонска премиера ќе има документарецот „Сава“ – патувачки филм по течението на реката од 990 километри низ земјите на поранешна Југославија.  Во траење од 74 минути, сниман е на локации низ Словенија, Хрватска, Босна и Србија. Посветен е во сеќавање на актерката …

Македонска премиера на филмот „Сава“ на фестивалот „Македокс“ Read More »

Богата викенд програма на МакеДокс


Викенд деновите од 20 до 22 август го донесоа најголемиот програмски интензитет на филмската програма на 12. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во функција беа ставени сите четири фестивалски локации, соопштија организаторите на фестивалот. Во Музејот на современата уметност се одвиваше програмата за деца и младинци. Во Куршумли-ан на 20 август, со присуство на …

Богата викенд програма на МакеДокс Read More »

„Филмска култура“ со домашни наслови во Тетово, Битола и Скопје


Манифестацијата „Филмска култура“ по повод 30-годишнината од независноста на државата, во изминатите два дена беше организирана на отворено во Битола и Тетово и беа прикажани наслови од домашната кинематографија. Филмски проекции денеска ќе почнат и во Скопје – во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката, каде што вечер од 20 часот ќе бидат прикажани „Камена …

„Филмска култура“ со домашни наслови во Тетово, Битола и Скопје Read More »

Најбрзиот пијанист на светот Љубомир Мелник на концерт во Пошта


Најбрзиот пијанист на светот Љубомир Мелник вечер ќе одржи концерт во зградата на Пошта во Скопје, во организација на Младинскиот културен центар. Користејќи ги неговите извонредни пијано способности за да генерира над 19,5 ноти во секунда во секоја рака, тој е најбрзиот пијанист некогаш снимен. Од раните 1970-ти произведе неверојатен опус од повеќе од 120 …

Најбрзиот пијанист на светот Љубомир Мелник на концерт во Пошта Read More »

Филмот за Тома Здравковиќ го затвори Сараево Филм Фестивал: Кој прошета по црвениот килим?


БиХ- Последната вечер од регионалниот филмски фестивал ја обележа проекцијата на филмот за музичкиот великан Тома Здравковиќ на Драган Бјелогрлиќ.  Линк до целиот тект на Глориа.хр тука  

Со гостување на ЈДП од Белград заврши 61. „Охридско лето“


Со фестивалската химна и огномет и со претставата „На отворено море“ на Југословенско драмско позориште (ЈДП) од Белград, вчеравечер на Античкиот театар во Охрид беше затворен 61-виот фестивал „Охридско лето“. Актерската екипа на ЈДП  ја изведе семејната драма со политички конотации од српскиот комедиограф Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин. Текстот е напишан одамна, но …

Со гостување на ЈДП од Белград заврши 61. „Охридско лето“ Read More »

Во Велико Трново Прв меѓународен Мастер клас за опера на бугарската примадона Красимира Стојанова


Бугарија – Дваесет изведувачи од Бугарија, Северна Македонија и Австрија го најавија своето учество на првото меѓународно издание на „Мастер класот по оперско пеење“, што во Велико Трново ќе го одржи светски познатата оперска примадона проф. Красимира Стојанова, сопшштија од Музичко -драмски театар „К.Кисимов“ од Велико Трново. Настанот е дел од програмата на VI летна …

Во Велико Трново Прв меѓународен Мастер клас за опера на бугарската примадона Красимира Стојанова Read More »

Проекции на филмови и концерт со филмска музика во Битола


Од денеска во Битола почнува тридневната проекција на македонски филмови – дел од културната манифестација „Филмска култура“ што се организира по повод 30-годишнината од независноста на државата.  Филмските проекции ќе се одржат на отворено, на просторот пред Центарот за култура – Битола. Проекции ќе има до недела, а влезот е бесплатен. Во рамки на програмата …

Проекции на филмови и концерт со филмска музика во Битола Read More »

„Мојот маж“ –драма за секојдневните проблеми на жените


Извонредните српски актерки Јована Беловиќ и Сања Марковиќ од Југословенскиот драмски театар- Белград вчеравечер на „Охридско лето“ ја донесоа театарската претстава „Мојот маж“ во режија на Јована Томиќ. Овој драмски проект е работен според истоимената збирка раскази од познатата македонска писателка Румена Бужаровска напишана на едноставен и прецизен јазик во која секој може да се …

„Мојот маж“ –драма за секојдневните проблеми на жените Read More »

Во сеќавање на Мира Фурлан: Македонска премиера на филмот „Сава“ на МакеДокс


На 23 август (понеделник), во 23 часот во Куршумли ан во рамките на фестивалот за документарни филмови „МакеДокс“ – Скопје, премиера ќе има долгометражниот документарен филм „Сава“. Филмот е копродукција меѓу Сава Филмс (Англија) и Ортак Филмс (МКД). Сава е документарен патувачки филм по течението на реката од 990 километри низ земјите на поранешна Југославија. …

Во сеќавање на Мира Фурлан: Македонска премиера на филмот „Сава“ на МакеДокс Read More »

Ревијално прикажување на победниците на „Галичник Филм Фестивал“


Во Скопје денеска ревијално ќе бидат прикажани наградените филмови на „Галичник филм фестивал“ кој се одржа од 5 до 8 август. Публиката ќе има можност во „Europe House Скопје“ да ги проследи филмовите „Налепница”, добитник на Гранд при и на наградата за најдобар актер, „Ана” за најдобар филм на фестивалот, потоа филмот „Заедничка градина” за …

Ревијално прикажување на победниците на „Галичник Филм Фестивал“ Read More »

Претставата „На отворено море“ на Југословенско драмско позориште од Белград за затворање на „Охридско лето“


Со изведба на претставата „На отворено море“ во режисерска поставка на Егон Савин и актерската екипа на Југословенско драмско позориште од Белград вечерва на Античкиот театар ќе биде спуштена завесата на годинашното 61. издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставата „На отворено море“ на Бранислав Нушиќ е жанровски комплексно парче: трагично, апсурдно и сатирично. Тоа е …

Претставата „На отворено море“ на Југословенско драмско позориште од Белград за затворање на „Охридско лето“ Read More »

Започнува 33. Поетска ноќ во Велестово


Од денес до недела ќе се одржи 33. Поетска ноќ во Велестово која ќе биде посветена на поезијата на Ристо Лазаров и на творештвото на охридските уметници Славко и Никола Упевче. Во рамки на манифестацијата ќе биде отворена изложбата „Татко и син Упевче“ на отворениот простор и во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица“ …

Започнува 33. Поетска ноќ во Велестово Read More »

Бронзеното спомен обележје – клупата со Горан Стефановски поставени во неговото Дебар Маало


Бронзената фигура на великанот на македонската драмска уметност Горан Стефановски денеска беше поставена во Дебар Маало во Скопје. Неговиот син Игор на Фејсбук напиша дека по повеќе од една година изработка, долги ковид-месеци во магацин, и неколку недели во кутија, конечно бронзениот Горан го виде небото над Дебар Маало.  „За жал, поради новите мерки, нема …

Бронзеното спомен обележје – клупата со Горан Стефановски поставени во неговото Дебар Маало Read More »

Која е Керол Ен Дафи, лауреат на СВП за 2021 година ?


Керол Ен Дафи, британска поетеса, есеист, драматург, професор и креативен директор на „Школата за пишување“ на Универзитетот „Манчестер Метрополитен“е добитник на „Златен венец“ за 2021 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“. Според возобновената традиција, оваа одлука беше соопштена во седиштето на УНЕСКО во Париз, по повод Светскиот ден на поезијата. Оваа година, свечениот …

Која е Керол Ен Дафи, лауреат на СВП за 2021 година ? Read More »

Јубилејното издание на СВП со посебни протоколи, лауреатката Керол Ен Дафи ќе има видео обраќање


Под мотото „Извишени сведоштва, возвишени стихови“, од 26 до 30 август ќе се одржи 60. јубилејно издание на Струшките вечери на поезијата, на кое е најавено учество на повеќе од 30 поети од земјава и странство. Фестивалот, како што соопшти дирекцијата, ќе се организира со физичко присуство на домашните поети и на најголемиот дел од …

Јубилејното издание на СВП со посебни протоколи, лауреатката Керол Ен Дафи ќе има видео обраќање Read More »

Искра Шукарова гостува на фестивалот за современ танц „Laiks Dejot 2021“ во Рига


Искра Шукарова како кореограф и предавач гостува во Рига, Летонија на интернационалниот фестивал за современ танц „Laiks Dejot 2021“, кој се оддржува од 18 до 24 август во „Eduarda Smilga Theatre“.   Во Рига денеска Шукарова премиерно ќе го презентира своето ново дело „Децентрализирана циркулација“ во „Eduarda Smilga Theatre“. Таа информира дека делото ги истражува изведувачките …

Искра Шукарова гостува на фестивалот за современ танц „Laiks Dejot 2021“ во Рига Read More »

Со документарецот „Луѓето од гаражите“ вечер почнува 12. МакеДокс


Со документарниот филм „Луѓето од гаражите“ (Германија, 2020, 93 мин.) на сценаристката и режисерка Наталија Јефимкина вечер во Куршумли-ан, вечер ќе биде отворено 12 издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во истиот блок, којшто почнува во 21 часот, ќе биде прикажан и краткиот документарен филм „Џукели“ (Канада, 2019, 18 мин.) на Халима Уардири. …

Со документарецот „Луѓето од гаражите“ вечер почнува 12. МакеДокс Read More »

Детска филмска програма и креативни работилници во МСУ


Фестивалот за документарни филмови „МакеДокс“ во соработка со Музејот н современата уметност – Скопје со особено внимание дел од годишната фестивалска програма им ја посветува на децата и младите. Организаторите внимателно избраа неколку детски документарни кратки филмови во комбинација со кратки анимирани филмови со врвен квалитет, кои овој пат пристигаат далеку од север, од Норвешка. …

Детска филмска програма и креативни работилници во МСУ Read More »

Врачена наградата „Роман на годината“ на Владимир Јанковски (фото)


Живееме во време во кое сè повеќе зборуваме за да се слушнеме себе си, а не другите, и сè повеќе слушаме за да го чуеме тоа што сакаме да со слушнеме, наместо она што ни се соопштува, рече, меѓу другото, добитникот на „Роман на годината“, писателот, есеист и преведувач Владимир Јанковски, на синоќешното свечено врачување …

Врачена наградата „Роман на годината“ на Владимир Јанковски (фото) Read More »