Стефоска: Мора да се промени лажната перцепција за културата како трошок или луксуз


Сите сме свесни за вистинската моќ на културата, уметноста и културното наследство во зачувувањето на човековата меморија и враќањето на човечкото достоинство и гордост. Освен тоа, знаеме дека културните политики низ вековите можеле да обликуваат историски наративи кои ја доловуваат националната митологија и кои го отелотворуваат идентитетот на земјата. Меѓутоа денешниот свет, кој брзо се …

Стефоска: Мора да се промени лажната перцепција за културата како трошок или луксуз Read More »

Апел за спас на книжарството во земјава


Конзорциумот на издавачките куќи, книжарниците и печатниците започнуваат акција за сочувување, заживување и осовременување на постоечките малубројни книжарници и отворање нови книжарници, а за тоа бараат и поддршка од државата.  -Со овој јавен апел до Министерството за култура и Владата сакаме да укажеме дека економската криза и условите на пандемијата мошне сериозно ги погодија издавачките …

Апел за спас на книжарството во земјава Read More »

Концерт „100 Метрономи“ во Филхармонија


Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „100 метрономи“ кој ќе го води диригентот Габриел Бебешелеа, а како солист ќе настапи пијанистот Андреj Коробејников од Русија. На програмата се вториот став од Симфонијата бр. 101 „Часовник“ од Хајдн, Концертот за пијано и оркестар бр. 5 и Симфонијата бр.8 од Бетовен и Симфониска поема „100 метрономи“ од Лигети. Симфонијата бр.101, Јозеф Хајдн ја напишал околу 1793/94 …

Концерт „100 Метрономи“ во Филхармонија Read More »

Македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ премиерно на фестивалот „Сламденс“ во Парк Сити


Македонскиот игран филм „Снежана на крајот умира“ по сценарио и во режија на Кристијан Ристески ќе има премиера на фестивалот „Сламденс“, кој ќе се одржи на два начина, со физичко присуство и онлајн, од 20 до 30 јануари во Парк Сити, САД, соопштија продуцентите на филмот. „Снежана на крајот умира“ е социјална драма во амбалажа …

Македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ премиерно на фестивалот „Сламденс“ во Парк Сити Read More »

Триумф на „Кво вадис, Аида?“ во Берлин- најдобар европски филм, режија и актерка


Германија- Европската награда за најдобар филм во 2021 ја доби „Кво вадис, Аида?“ на босанската режисерка Јасмила Жбаниќ, која е наградена и за најдобра режија, а Јасна Ѓуричиќ е прогласена за најдобра актерка. Филмот е за масакрот во Сребреница, а Јасмила Жбаниќ ја доби наградата за најдобра режија во конкуренција со Флоријан Целер („Татко“), Паоло …

Триумф на „Кво вадис, Аида?“ во Берлин- најдобар европски филм, режија и актерка Read More »

„Артекологија“ – најновиот проект на „Арс Акта“ за мас-медиумите и екологија


Институтот за култура и уметност „Арс Акта“ денеска го најави најновиот проект насловен „Артекологија“. Станува збор за онлајн проект, што се занимава со две предоминантни линии, а тоа е достапноста на мас-медиумите и екологијата. На него со свои уметнички интервенции – кратки видеа учествуваат девет уметници – Роберт Јанкулоски, Моника Мотеска, Гоце Наневски, Славица Јанешлиева, …

„Артекологија“ – најновиот проект на „Арс Акта“ за мас-медиумите и екологија Read More »

Антологија на современи авторски бајки


Издавачката куќа „Феникс“ ја подготви Антологијата на современи авторски бајки од домашни и странски автори, а изборот го направи проф.д-р Христо Петрески. Во Антологијата се застапени 120 автори со по една своја бајка. Тоа е избор од над 500 автори со повеќе од 1000 бајки. Сите тие бајки пристигнаа на Конкурсот за современи авторски бајки …

Антологија на современи авторски бајки Read More »

Повик за избор на автор на домашна порака по повод Светскиот ден на театарот


Екипата на Македонскиот центар „ИТИ/продукција“ денеска објави повик за избор на автор на домашна порака, по повод Светскиот ден на театарот – 27 март.   Повикот е до театарската заедница во државата – театри, драмски академии, фестивали, организации/независна сцена да предложат театарски уметници, а натамошниот избор-селекција ќе го врши Програмскиот одбор на Македонскиот центар „ИТИ/продукција“. …

Повик за избор на автор на домашна порака по повод Светскиот ден на театарот Read More »

„Сонот на Ташковски“ – кураторски едукативни разгледувања


Во рамки на „Најново нормално декември“ – проект на Институтот за култура и уметност „Арс акта“ – Скопје во соработка со Националната Галерија од денеска до 15 декември ќе биде отворена изложбата „Сонот на Ташковски“ – кураторски едукативни разгледувања. Од Институт Арс акта Скопје информираат дека турите „Сонот на Ташковски“ се наменети за децата од …

„Сонот на Ташковски“ – кураторски едукативни разгледувања Read More »

Новиот филм на Горан Столевски во официјалната селекција на Санденс 2022


Најновиот филм на Горан Столевски, натприродниот хорор филм „You won’t be alone“ влезе во официјалната селекција на Sundance Film Festival за 2022 година. Ова е деби долгометражен филм на македонскиот режисер и сценарист кој живее и работи во Австралија. „Ти нема да бидеш сама“ е во продукција на американската продукциска компанија Focus Features, на кој има работено продуцентката Кристина Сејтон …

Новиот филм на Горан Столевски во официјалната селекција на Санденс 2022 Read More »

Аудио-визеуелен настан: Дестилација на бои и звуци


Во галеријата на Факултетот за ликовни уметности – комплекс Педагошки факултет, вечер ќе биде отворен уметничкиот настан Дестилација на бои и звуци, чиј автор е визуелниот уметник Стефан Шашков.   Станува збор за експериментален аудио-визуелен настан на кој посетителите ќе имаат прилика да земат активно учество во самиот настан, па врз поставените платна тие ќе …

Аудио-визеуелен настан: Дестилација на бои и звуци Read More »

Приказна за Моцарт – музичко едукативна претстава за деца и родители во КИЦ на РСМ во Софија


Во КИЦ на Северна Македонија во Софија денеска ќе се одржи музичко едукативна претстава за деца и родители „Приказна за Моцарт“, во која учествуваат децата од Детското драмско и музичко студио при Здружението „Детски Свет“ од Скопје. Автор на претставата е Сања Шуплевска Боирал, драматург Магдалена Ризова Черних, а продуцент  Орце Ицковски. Ќе настапат Анастасија Аневска …

Приказна за Моцарт – музичко едукативна претстава за деца и родители во КИЦ на РСМ во Софија Read More »

Изложба во три формати: „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“


Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија и Фондацијата „Небрегово“, денеска организира манифестација во чест на Блаже Конески. Поздравно обраќање ќе има на в.д. директорката Јелисавета Костадинова, по што д-р Марина Мијаковска, виш библиотекар ќе даде осврт за изложбата „Фондот на НУБ – доказ за …

Изложба во три формати: „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“ Read More »

„Златоврв“- поетско читање во чест на Блаже Конески


Во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска ќе се одржи поетско читање насловено „Златоврв“ посветено на великанот на нашата книжевност Блаже Конески. Ќе настапат Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, Кристина Николовска, Иван Џепароски, Билјана Станковска, Љубинка Донева, Виолета Танчева-Златева, Славчо Ковилоски, Марина Мијаковска и Соња Стојменска-Елзесер. Читањето е дел од заеднички настан во организација на …

„Златоврв“- поетско читање во чест на Блаже Конески Read More »

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Европската Унија за учество во Креативна Европа (2021 – 2027)


Ве известуваме дека амбасадорката при Мисијата на Република Северна Македонија при Европската Унија, Агнеза Руси, и комесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади на ЕУ, Марија Габриел, го потпишаа Договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на Северна Македонија во Креативна Европа (2021 – 2027). Со потпишувањето на Договорот, нашата држава стана полноправна учесничка …

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Европската Унија за учество во Креативна Европа (2021 – 2027) Read More »

„Недела на полскиот филм“ во Кинотека од 17 до 23 декември


Од 17 до 23 декември 2021 во Кинотеката ќе се одржи „Недела на полскиот филм“, на која ќе бидат прикажани шест филмови од современата полска кинематографија. Манифестацијата, која е во организација на Амбасадата на Полска и Кинотеката, ќе биде отворена со „Не оставајте траги“, филм од 2021 година на Јан Матушински, полски кандидат за наградата …

„Недела на полскиот филм“ во Кинотека од 17 до 23 декември Read More »

Скапино балет Ротердам и „Убавите жени“ за затворањето на „Танц Фест Скопје 2021“


Во рамки на програмата „Холандски танцови досторели“, денеска во просториите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Скопје, ќе се одржи предавање на Самуел Вуерстен, уметнички директор на „Холандскиот танцов фестивал“, еден од најзначајните светски фестивали. Тој ќе ја презентира холандската танцова сцена и значајните холандски компании и уметници. Во 20 часот вечер, пак, на сцената на …

Скапино балет Ротердам и „Убавите жени“ за затворањето на „Танц Фест Скопје 2021“ Read More »

Музички „Калеидоскоп“ во Филхармонија


„Калеидоскоп“ е насловен концертот, кој на 10 декември (петок) во 20 часот ќе се одржи во Филхармонија. Диригент е Најден Тодоров од Бугарија, а како солист на флејта ќе настапи Дејан Гавриќ од Србија. На програмата се „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски и Концертот за флејта и оркестар во де-мол од Карл Филип Емануел …

Музички „Калеидоскоп“ во Филхармонија Read More »

Видеозаписи со поезијата на Конески во годината посветена на великанот на македонската култура


Во рамки на Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, Министерството за култура реализираше видео-материјал со поезијата на Блаже Конески на седум јазици: македонски, албански, босански, влашки, ромски, српски и турски јазик. Националната програма е усвоена од Владата на Република Северна Македонија и е дел од календарот на важни меѓународни јубилеи на …

Видеозаписи со поезијата на Конески во годината посветена на великанот на македонската култура Read More »

Претставите „Имагинарен, ти“ и „Јовано, Јованке“ на МОТ


Програма на 46. МОТ за 7.12.   7 декември (вторник)   Имагинарен, ти режија: Блерим Дарлишта   време: 20:00 / локација: МКЦ, сала Фросина   Дардани е поранешен војник на Jугословенската армија, кој во текот на 90-тите се приклучил на Хрватската армија, а потоа и на Ослободителната војска на Косово. Дардани ги објавува своите сеќавања …

Претставите „Имагинарен, ти“ и „Јовано, Јованке“ на МОТ Read More »